Топ бројка ко за ваква утакмица во која беше најавено дека противникот ќе игра со младинци. Над 200 луѓе по слободна проценка. Стандардно, огромен дел од тие што одат на фудбал, ги нема на ракомет, а на ракомет повеќе помлади деца. Фрапантно ми беше да дознаам дека од некои деца сум постар 20 години
Навивање супер во прво полувреме. Во второ полувреме се вежбаше нова песна, 20 минути само тоа се пееше.
Се избрза што не беше објавен текстот претходно и не беа спремни ливчиња како претходно, ама се совлада после некое време и не излезе лошо (не и идеално
).
Последните 10тина минути навивање со цела сала. Градот Скопје има, станува хит и меѓу обичната публика.
Српскиот шампион Војводина на првиот четвртфинален дуел од регионалната СЕХА лига доживеа убедлив пораз од Вардар со 13 гола разлика, 38:25. Помошниот тренер на Војводина, Драган Кукиќ истакна дека поради односот на силите, резултатот е очекуван. ,,Настапивме со подмладен тим, бидејќи имаме...
24rakomet.mk
Најдобар момент за издвојување беше детето од максимум 11-12 години кое тоталка издоминира на тапанот на крајот на утакмицата