Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 јули 2021
Мислења
68
Поени од реакции
532
без разлика што се во мала бројка, самото истакнување на шалови прави групата да изгледа добро, не за џабе шалот се смета за најважно нешто кај еден навивач, исто и во србија инвалиди, мала бројка, меѓутоа на секоја утакмица сите се со шалови плус се вејат големи и шарени бајраци, не секогаш е потребна голема бројка за добар изглед.

Прегледај го приврзокот 374522

Аку си приметил инвалиди речиси на секоја слика било дома било гости објавуваат слика со шалови, каква и да им е бројката дават многу по квалитетен изглед. Кај нас ретко да сретниме група со секој присутен член да носит шал, освен кај комити кога ваѓале најави на пример влез слободен ако имате шал или кај лозари кога објавувале за гостување само со шал.. Многу е тешко да им се всадит на членството да носит шал на една утакмица без разлика дали во домашните шкафови имаат минимум 2/3 шала од својата група.

Прегледај го приврзокот 374524
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.320
Поени од реакции
8.135
@Voyvoda да, еве и јас за жал не секогаш носам шал со мене, јбг, патувам секоја утакмица, големи шанси да си направам проблем. на назад баш расправавме дека корео не секогаш треба да се форсира, не треба да се извади колку само да се извади нешто, доволно е и поголемиот дел од членовите да носат шалови, на тој начин трибината ќе заличи убаво па макар и на кратко, проследено со некоја димна.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.491
Поени од реакции
69.044
Топ бројка ко за ваква утакмица во која беше најавено дека противникот ќе игра со младинци. Над 200 луѓе по слободна проценка. Стандардно, огромен дел од тие што одат на фудбал, ги нема на ракомет, а на ракомет повеќе помлади деца. Фрапантно ми беше да дознаам дека од некои деца сум постар 20 години :D
Навивање супер во прво полувреме. Во второ полувреме се вежбаше нова песна, 20 минути само тоа се пееше.
Се избрза што не беше објавен текстот претходно и не беа спремни ливчиња како претходно, ама се совлада после некое време и не излезе лошо (не и идеално :D).
Последните 10тина минути навивање со цела сала. Градот Скопје има, станува хит и меѓу обичната публика.
Најдобар момент за издвојување беше детето од максимум 11-12 години кое тоталка издоминира на тапанот на крајот на утакмицата :D
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2011
Мислења
4.769
Поени од реакции
12.990

10 години имало детето. Нека се запишува на музичко обавезно, гази малиот.
 
Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
без разлика што се во мала бројка, самото истакнување на шалови прави групата да изгледа добро, не за џабе шалот се смета за најважно нешто кај еден навивач, исто и во србија инвалиди, мала бројка, меѓутоа на секоја утакмица сите се со шалови плус се вејат големи и шарени бајраци, не секогаш е потребна голема бројка за добар изглед.

Прегледај го приврзокот 374522

Прегледај го приврзокот 374524
10 шала ако ти е добар изглед, подобар изглед имаме во двор кога ми доаѓа екипава од Кајгана :D
 
Член од
27 ноември 2021
Мислења
339
Поени од реакции
3.407
Објава на Официјалниот профил на РИБАРИ на еден ден пред дерби!
СРЦЕ ДА ТИ СЕ СТОПЛИТ :oeoeoe:

И покрај целиот фокус насочен кон утрешното ЕЗЕРСКО ДЕРБИ, и покрај целата ЕУФОРИЈА која владее во градот, сепак во нашите мисли денес треба да си присетиме и за двајца ОХРИДСКИ ВЕЛИКАНИ кои го положија својот живот за татковината.

Денеска, одбележуваме две значајни годишници на двајца ОХРИДСКИ ВЕЛИКАНИ секој на своето време! Едната е годишнина од смртта на Методиј Патче, а другата е годишнина од смртта на Благојче Крстаноски.

Методиј Патче бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.

Благојче Крстаноски бил македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Тој бил првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.

СЛАВА ИМ!
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:
 
Attachments

Последно уредено:
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.320
Поени од реакции
8.135
сакам(е) по детален извештај од двете страни, мене посебно ме интересира како помина патувањето на рибари од охрид до струга по езеро.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom