Долго очекуваното ракометно дерби во Битола, со Охриѓани кои им се тазе ривали.
Стотина членови на Чкембари им пеат на нешто помалку членови на Рибари „како ќе си одите“. Нема специјалци, минимална полиција, а ги дели само теренот. Завршува натпреварот, играчите на Охрид одат да се поздрават со Рибари и во тој момент тројца Чкембари скокаат на терен.
Еден редар фаќа двајца од нив и ги тргнува на страна, а овие брзо бегаат на трибина. Третиот немаше кај да бега, па го фатија вкупно 5 џандари кои беа на теренот.
После ќе читаме репресија врз навивачите, луѓето ќе мислат којзнае какви хулигански тепачки имало, а тоа на меѓу училишни натпревари има понапната атмосфера, со повеќе инциденти
Многу пофраерски потег на Чкембари ќе беше да мавнеа асален напад денес, отколку да одат стари мажишта над 35 години, да се сликаат ко средношколци кај споменикот сред Охрид