Навивачки групи во Македонија!

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Бојкотираат управа како што кажа Панче Ќумбев на преносот.Иначе точно е тоа што го викаш дека освен Комити и Чкембари ниедна друга група нека континуитет ама секогаш ги има на одредени утакмици во мала бројка.
Сум го пропуштил тој момент. Од која причина ја бојкотираат управата?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.795
Поени од реакции
17.162
Сум го пропуштил тој момент. Од која причина ја бојкотираат управата?
Статус од фб

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА !

НГ Гемиџии поради неодговорната работа на управата на ФК Борец НЕМА да се појави на утакмицата со ФК Работнички! Вината ја гледаме во секретарот на управниот одбор Александар Штерјовски, но и игноратскиот однос на поголемиот дел од управниот одбор, одбивање на соработка и комуникација на секоја тема која е поврзана со клубот , последната утакмица бевте сами сведоци дека во Скопје не бевме пуштени од самиот почеток на натпреварот, односно влезот ни беше овозможен после 20тата минута со образложение беше пренесено на секретарот да каже дека има влезници.Но не знаеме од кој причини не беше пренесено и никој не знаеше , утакмицата со работнички беше закажана за во недела беше и на официјалната страна на ффм , на резултати и на распоред, секретарот ги известил само играчите преку СМС пораки без претходно да ја извести целокупната јавност, а најмалку па НГ ГЕМИЏИИ кои се чувствуваме како дел од клубот! Но најверојатно некој упорно и тенденциозно тоа не го чувствува.
Во знак на револт од горе наведените причини НИЕ одлучивме да не се појавиме на оваа утакмица.

Со почит НГ ГЕМИЏИИ - Велес
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.082
Поени од реакции
22.127

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.082
Поени од реакции
22.127
Само за информација, Интернет се пишува со голема буква.

internat de.... aj sega kazi mi za trite tocki deka mi falat dve tri zapirki mala dali pravilo koristam mali i golemi bukvi kirilica i latinica i red drugi gluposti posto gledam toa te pali :tapp:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Статус од фб

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА !

НГ Гемиџии поради неодговорната работа на управата на ФК Борец НЕМА да се појави на утакмицата со ФК Работнички! Вината ја гледаме во секретарот на управниот одбор Александар Штерјовски, но и игноратскиот однос на поголемиот дел од управниот одбор, одбивање на соработка и комуникација на секоја тема која е поврзана со клубот , последната утакмица бевте сами сведоци дека во Скопје не бевме пуштени од самиот почеток на натпреварот, односно влезот ни беше овозможен после 20тата минута со образложение беше пренесено на секретарот да каже дека има влезници.Но не знаеме од кој причини не беше пренесено и никој не знаеше , утакмицата со работнички беше закажана за во недела беше и на официјалната страна на ффм , на резултати и на распоред, секретарот ги известил само играчите преку СМС пораки без претходно да ја извести целокупната јавност, а најмалку па НГ ГЕМИЏИИ кои се чувствуваме како дел од клубот! Но најверојатно некој упорно и тенденциозно тоа не го чувствува.
Во знак на револт од горе наведените причини НИЕ одлучивме да не се појавиме на оваа утакмица.

Со почит НГ ГЕМИЏИИ - Велес
Хах, термините ги одредуваат ТВ преносите, не се клубовите виновни што толку доцна се преместува некој дуел за во сабота. Нема никаква одговорност кај секретарот на УО или кој и да е друг од управа.

Во Ѓорче секогаш се наплаќале карти, така функционираат за жал. Сепак, требало клубот да најави гостинска публика и да се обиде да обезбеди карти по принцип на реципроцитет (иако, проблем во овој реципроцитет е што Ѓорче воопшто нема навивачка група).
Некако беспотребни ми се причиниве за бојкот, се надевам ќе се вратат на наредните натпревари.
 
Е да ама и онака за некое време ќе нема жив човек на стадионот во Велес зошто Борец ќе биде на дното на табелата а со тоа секако ќе се намали бројката на Гемиџии од моментални 100 ќе останат најмногу 20,30 така да исто им се фаќа.
Автоматски споено мислење:

Gi rasamarale de, im vlegle u internet i gi rasamarale ko sto citam ovde... Da vi ebam toa kodeksite i gluposite zapadnjacki
Детето шо било шамарано навивало со Лозари на утакмицата и најверојатно е наместен од некој.Дечките мислеле дека има некој реквизит на Лозари па затоа му упаднале.Нормално е ова да се случи кога се во прашање деца ама лично мислам дека нема потреба на некој да му влегуваш во соба и да малтретираш и други деца кои немаат врска со навивање зошто имаш многу повеќе начини да го нападнеш во школо и низ град.А од друга страна кога веќе си решил да навиваш против клубот во кој живееш моментално треба да си спремен дека можеш и ќотек да изедеш.

Во главно глупо е што заради 3,4 се оцрнува цела група по телевизии,радио и социјалните мрежи како да убиле човек.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Долго очекуваното ракометно дерби во Битола, со Охриѓани кои им се тазе ривали.
Стотина членови на Чкембари им пеат на нешто помалку членови на Рибари „како ќе си одите“. Нема специјалци, минимална полиција, а ги дели само теренот. Завршува натпреварот, играчите на Охрид одат да се поздрават со Рибари и во тој момент тројца Чкембари скокаат на терен.
Еден редар фаќа двајца од нив и ги тргнува на страна, а овие брзо бегаат на трибина. Третиот немаше кај да бега, па го фатија вкупно 5 џандари кои беа на теренот.
После ќе читаме репресија врз навивачите, луѓето ќе мислат којзнае какви хулигански тепачки имало, а тоа на меѓу училишни натпревари има понапната атмосфера, со повеќе инциденти :pos:
Многу пофраерски потег на Чкембари ќе беше да мавнеа асален напад денес, отколку да одат стари мажишта над 35 години, да се сликаат ко средношколци кај споменикот сред Охрид :icon_mrgr:
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.000
Поени од реакции
2.249
Денес во Кичево присутни и Војводи и Ѓаоли.Тетекс и Напредок се во 3та лига и баш ме радува што двете групи се малцинство во своите градови но сепак се држат колку толку
 
Член од
10 јуни 2015
Мислења
138
Поени од реакции
268
Читавме, имаше дебата донесовме заклучок понатаму можеме да правиме муабет каде има добра храна, кој авто сервис би го препорачале. Кој типстерски блог е добро да се прати итн За навивање е преценето да зброуваме.
 
Член од
2 март 2017
Мислења
452
Поени од реакции
1.538
Исто така во Кичево беше присутна и една кола Скопјани. Паднала и една маица Ултрас Кичево.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Непотребен потег, треба да им се даде поддршка на групата која доаѓа од град (општината до душа) каде што македонците се малцинство. Досега со нив сме имале некој неутрален однос, со тоа што сме имале закачки во минатото, а и они знаеле да влечат кпн Чкембари, но сепак нема потреба да се напаѓаат во моментов. Во зачеток се од враќање на трибините, а тоа би било одлично за македонците во Кичево.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.000
Поени од реакции
2.249
Исто така во Кичево беше присутна и една кола Скопјани. Паднала и една маица Ултрас Кичево.
Цела утакмица се навивало заедно и на крај им паднале маица,браво каков потег...Најстариот кај нив има 18 години,децата пробуваат да го разбудат градот ама битно некој им паднал маица...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.795
Поени од реакции
17.162
20190922_043532.jpg

Не знам зошто некој од Скопје би ги нападнал Ѓаоли стварно кога и дечките од Тетово се сликале со нив после утакмица.

И покрај тоа што повеќето деца од Ѓаоли одат на утакмици на Пелистер и навиваат со Чкембари(како и детево на сликата) не гледам причина да ги нападне некој па и да им земе маица.Во некое друго време да ама во ваква ситуација мислам дека тоа е грешка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom