Беа раскарани меѓу себе и сеуште се, затоа бројката на нивната трибина сезонава е драстично намалена. Еден ден од нив одат на главната трибина но не навиваат и не носат обележја. Тоа се случи заради партиите кои навлегоа, односно цел живот Балисти беа ДПА, но последниве години ДУИ се обидоа да навлезат. Се вмешаа и локалните Тетовски шерифи, а од тоа најмногу загуби и нивниот клуб и групата.
Нека кажат самите зошто беше сменет тренерот со име Миха од минатата сезона !

Навлезе ДУИ во Шкендија, па така и водството на Балисти се смени, сега членови на ДУИ ја водат трибината, но сеуште изгледа не се свесни каква грешка направија кога легнаа на брашно на партиите. Нивниот клуб бидна кондом-клуб како Ренова што беше една сезона шампиони и потоа перење пари. Така и Шкендија, ги продаде најдобрите играчи, се направи криминал со излегувањето во Европа минатата сезона и сега со местење натпревари и мучки полека но сигурно тонат се повеќе на табелата, каде што ќе тонат се повеќе и ќе се задржат на средината на табелата, бидејќи тука одговара најмногу за местење.
А Балисти ќе си останат сезонски навивачи, беа лани нели „најдобри“ и толку беше, здравје до некој нареден подвик на клубот ќе живуркаат со по 150 души на трибина, колку и што навистина им беше просекот сезонава.