- Член од
- 22 февруари 2008
- Мислења
- 1.647
- Поени од реакции
- 45
Почитувани форумџии,
сигурно и пред влезовите на вашите згради скоро осамнаа известувањата од општините во врска со должностите и обврските кои од неодамна ни се наметнати со новиот Закон за домување.
Не знам дали некој од вас е запознаен со тоа дека веќе престанува да постои “Куќниот Совет“ , а него, согласно новиот закон треба да го замени т.н. “Заедница на сопственици“. За оние згради кои нема да ја изберат опцијата да регистрираат Заедница на сопственици (како правно лице) останува единствена опција да ангажираат Управител кој би ги застапувал во правниот сообраќај, би се грижел за одржување на зградата, за што треба и да се плати. Мислам дека крајниот рок за избор на една од наведените опции е Август 2010 год. а во случај да не се избере ниту една, следува казна од 300 евра по стан.
Ме интересираат вашите мислења, сугестии, искуства и совети во врска со законот, дали можеби некои од вас веќе го решиле тој проблем и како ? Посебно ќе ми биде мило доколку се најде некој кој добро ги протолкувал и двете опции и веќе избрал некоја од нив, да појасни зошто ја избрал токму таа опција и слично.
Поздрав !
П.С.Правници навалете, Август се ближи !