НОВИОТ ЗАКОН ЗА ДОМУВАЊЕ

Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Почитувани форумџии,

сигурно и пред влезовите на вашите згради скоро осамнаа известувањата од општините во врска со должностите и обврските кои од неодамна ни се наметнати со новиот Закон за домување.
Не знам дали некој од вас е запознаен со тоа дека веќе престанува да постои “Куќниот Совет“ , а него, согласно новиот закон треба да го замени т.н. “Заедница на сопственици“. За оние згради кои нема да ја изберат опцијата да регистрираат Заедница на сопственици (како правно лице) останува единствена опција да ангажираат Управител кој би ги застапувал во правниот сообраќај, би се грижел за одржување на зградата, за што треба и да се плати. Мислам дека крајниот рок за избор на една од наведените опции е Август 2010 год. а во случај да не се избере ниту една, следува казна од 300 евра по стан.

Ме интересираат вашите мислења, сугестии, искуства и совети во врска со законот, дали можеби некои од вас веќе го решиле тој проблем и како ? Посебно ќе ми биде мило доколку се најде некој кој добро ги протолкувал и двете опции и веќе избрал некоја од нив, да појасни зошто ја избрал токму таа опција и слично.

Поздрав !

П.С.Правници навалете, Август се ближи !
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Мое мислење е пропао закон, не можат за чистачката да се договорат кој плаќа кој не па правно таму нешто ќе се отварало.
Ова казна од 300 евра е плашење на мали деца ништо од тоа, што би рекол Амди Бајрам: Се зезнале :pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Дај боже да е така, ама кога станува збор за полнење на буџетот....не казни.....и воздухот уште малку ќе ни го оданочат можеби.:toe:
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.313
Поени од реакции
2.834
Уф само соколку функционира ова јас ќе бидам пресреќен. Само не верувам дека ќе успеат да ги заплашат оние што неплаќаат и сега со тоа, затоа што таквите се многу безобразни. Се надевам дека на тој начин ќе почнат да плаќаат и тие што не сакаа да платат.

Е сега која опција е подобра незнам но мислам доколку се слижни станарите двете ќе функционираат. Инаку мислам се плаќа 6000 денари за добивање на печат за Заедница на сопственици. Моабетов е да не испадне да се земе печат па утре да неважи тоа. Инаку ЕВН заедничката струја ќе ја наплаќа на подруг систем, поточно ќе има посебен саат за таа струја и ќе доаѓа на адреса на советот, а не како до сега да биде поделена за сите станари во сметките.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Нема врска еден да не се сложи и готово, а казни казнет е нашиов народ едно 20 години така да и од казни многу многу фајде нема да се види. Знаете како оди тоа рејтинг избори ова она, така да овај закон е за на хартија само.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
46
Има ли на форумов луѓе што ги водат заедниците во своите згради? Сакам да споделиме искуства и да се организираме.
 
A

Advokatisce

Гостин
Јас сум претседател во мојата зграда и до сега е ок. Последните 5 год. пред јас да станам претседател немаа собрано ни 5 денари, а сега сите си плаќаат по 150 ден месечно без проблем откако им кажав дека ќе ги дадам на суд. Искрено 150 денари не се проблем и кога ќе треба нешто да се поправи ќе има пари за тоа, а не да се молиме да собираме.
 
Член од
20 декември 2011
Мислења
92
Поени од реакции
44
Ми треба совет.
Не оптужуваат дека должиме пари за станарина, бевме куќен совет,собиравме пари за чистачка,струја и пропратни сметки.Пола станари плаќаа, пола не, некои повеќе, некои помалку, кога предадовме на новата која сега ќе биде и претседател на зградата.Нема примопредавање направено и нема докази дека должиме пари.Едноставно не должиме воопшто, на нула салдо сме сведени со сметки за истите потрошени пари и собрани од станарите, а нашиот „претседател“ вели дека сме должни без докази, а на суд ќе не дадела, а самата она не е регистрирана (според закон) и башка наплаќа за хидрофор и за лифт со ливче-каса (прими-исплати) кое и е дадено од некоја квази фирма без фактури и без фискална сметка.Истотака кога плаќа фактура ја плаќа на рака у ќеш, не на трансакциска со што врши притајување на данок.
Сакавме да подигнеме тужба за изложување на јавен срам (името на мајка ми се наоѓаше на огласна табла дека должела пари) но се предомсливме мислејќи дека се ќе се реши по мирен пат.
Што да направиме?
--- надополнето: 25 март 2012 во 22:10 ---
а да.И плус даваме по 500 денари за куќен совет и не приморуваат уште по 1000ка за реконструкција на кров.Дали сме должни законски да плаќаме по 1500 денари (поради кровот) 24 месеци или тоа е на волја на станарите?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Што да направиме?
Најдобро разговарајте човечки со претседателот/благајникот за евентуалните долгови (да се усогласите дали и што должите).
Со инаетење од двете страни нема ништо да направите, само ќе се замразите за ситни пари.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.584
Neodamna sretnav tolkuvanje deka moze samo eden stanar da podnese do Sudot baranje Sudot da odredi Upravitel...No koj sud e nadlezen , znae nekoj ???
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.584
Судот на чија територија се наоѓа недвижноста.
denes imav rabota kaj sudovite, pominav vo Osnoven Sud 2, prašav na šalter, me otkačija, Opštinata niv im posočuvala za koj stanbeni zgradi da odreduvaat Upraviteli...a i vo pravoe se, od kaj znam ja pa za zgradata ima li nema zaednica, a neznam i kako se vodi, cela zgrada ili sekoj vlez posebno...jasno e deka Opštinata treba da izgotvi spisoci do sudot
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
366
Поени од реакции
10
Ако има некој запознаен со законов, дали во секоја зграда би требало да има ПП апарат во влезот. На последниот состанок се спомна тоа но неможев да најдам никаде па ме интересира подетално што како.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
И јас сум (за жал) Претседател (оти никој друг и не сакаше) на заедница на сопственици. Денес бев на ИНФОРМАТИВЕН разговор во УЈП-чисто да ми кажат како правилно да ги користам наменските средства; донации; спонзорства. Рок за доставување на годишна сметка ... Ми дадоа и два формулара: БАРАЊЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА КОД ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА и Пријава за регистрација на даночен обврзник. Уште фалеше да дадам свечена заклетва дека ќе и бидам верен на УПРАВАТА и дека нема да правам ништо без нивно знаење и одобрение.

Во муабетот со госпожата ми беа спомнати и СИТЕ можни санкции со кои како Преседник би можел да се соочам (па и затвор) доколку не сум (сме) биле според законот. Ми спомна и за месечни извештаи, па дури и за водење на книга за дневен пазар. На крај од разговорот јас себеси веќе се видов во ПИЏАМИ во Идризово.

Според госпожата ќе мора да се ангажира Книговодител ... оти не е лесно да се води сето тоа. Можеби таа сакаше да каже дека братучеда и води такво биро, па може да ми се најде-НЕ ПОБАРАВ БРОЈ.

СИТЕ уплати треба да се преку банка (што е во ред). На ЦРНО ништо. Јас и реков дека од денес ние повеќе немаме чистачка-по што и преведов дека на црно ќе ја плаќаме нашата и така ќе се спасиме од бирократија (и така до денес на фирмата и плаќаме на рака, т.е. тие одат од стан до стан и си собираат пари).

Она што на мене не ми се допаѓа (што на госпожата и го реков-а на неа и беше МНОГУ гајле) во законот е следново:
1. Држвата сака преку нас да ги стисне фирмите кои работат на црно (без фискализација)-а на нас работа: собирај пари; уплати ги во банка; па уплати на фирмата;
2. Ние сега отвараме и ново поле на ЖЕТВА и на банките-затоа што имаме трансакциона сметка која мора месечно да се одржува и плус за секоја уплата/исплата ќе треба да се плаќа.
3. Што со тие кои не сакаат ни да чујат да се регистрираат (ние ги имаме 7)? Некој погоре спомна дека ќе ги дал на суд?! Да, и после што ...?! Госпожата спомна дека веќе инспекторите биле на поле (иако јас пред некое време се јавив во општина да прашам дали тие веќе имаат ИНСПЕКТОРАТ за домиување и ми рекое дека сеуште не).

Во секој случај, работава ТУКУ што почна да се засмрдува.

Ако така одат работите-јас си поднесувам оставка (и така ова го правам доброволно-ЗА БЕЗ ПАРИ). Искрено, не би сакал да сносам некои законски последици, за нешто што е вон моја контрола.

Дајте ваши лични искуства.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Веќе година и кусур сме регистрирани како заедница на сопственици. Зградата е со 68 стана, моментално еден од комшиите е претседател. Фунционира перфектно, неплаќачите станаа плаќачи(неколу добиени тужби на суд), полн резервен фонд, функционални лифтови.

За работата која што ја врши претседателот зема надоместок од околу 6000 денари(одредено процентуално по стан).
Каков и да е законот сепак на крај останува на добра волја на станарите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom