Jeff Green shows his veteran leadership throughout the Nuggets' Game 3 win vs. the Heat in the 2023 NBA Finals.Subscribe: https://www.youtube.com/user/Bleach...
www.youtube.com
Покрај Јокарата, за Unqle Jeff и за Гордон ми е особено мило прстен што зедоа. Првиот ненормално интелегентен играч, на 30 и кусур држеше лекции во одбрана (во серијата со Милвоки, кога беше со мртвиот Дјурант во тим изигра ѕверски утакмици), овде се гледа дека очигледно влијае на цел тим и таков еден ветеран е ите како потребна алка во пат до титула.
Гордон исто, го украдоа буквално во натпреварите за куцање, после тоа повреди, па сам имаше дадено изјава дека не оди да куца повеќе и можеби би се натпреварувал во шут за 3.
Ја насочи цела енергија кон тоа да стани одбранбен фактор, ја редефинира својата игра и имаше најтешки мечапи во патот на Денвер до прстен.
Исклучително скромен и трпелив, му посакувам барем уште една титула со Јокарата.
Денвер апсолутно издоминира годинава, сите пофалби ги заслужуваат и се надевам гомна како Перкинс и останати „аналитичари“ ќе го сркаат цело лето тоа што го дробеа сезони наназад.