Секогаш ми се смешни твоите постови кога споредуваш некои играчи, ама ај ќе се обидам да ти објаснам зашто ова што го пиша не е точно.
Ембид како играч е суперстар, еден од најдобрите центри во лигата, еден од подобрите играчи, да се сложувам. Но, Ембид е тип на играч/центар, што главниот атрибут и целата игра ја заснова на висината и силата што ја има. Тоа е неговата предност пред другите играчи. Во овој дел би се сложил дека е појак од Јокич, физички е појак. Но, Ембид за да ја игра целата оваа игра и да може да се тепа под кошот, му треба играч како Харден, или сличен плеј кој што све друго ќе направи и ќе му ја донесе топката на тацна под кошот, за да овој ја искористи неговата предност. Во било кој друг дел од теренот Ембид е помалку корисен освен да прави блокови за во напад. Јас не сум ги гледал многу Филаделфија но по тоа што пратам имам претстава дека Ембид се препороди кога дојде Харден во тимот, пред тоа со Симонс, не знам дали играл баш вака, затоа што Симонс ми изгледа за друг тип на плеј.
Од друга страна, го имаш Јокич кој што офанзивно е закана за кошот било каде и да се наоѓа на терен. Има висока кошаркарска интелегенција, секогаш е чекор понапред од противникот, има подобра пас игра од некои бекови во лигата, гледа дупки во одбраната што ти на телевизија не можеш да ги приметиш и можеби ќе ти треба да вратиш неколку пати, он тоа го прави во секундата. Едноставно тоа не се учи, се раѓаш со тој осет, не можеш да го научиш во сала, додека снага можеш да набилдаш во теретана и да бидеш појак од сите други. Јокич неговата игра не ја заснова на тоа што е повисок од сите други на теренот или посилен физички, он го користи тоа во одредени ситуации но не му е примарен атрибут. Он играта ја заснова на читање на противникот и тие ситни мали движења кои го фрлаат од баланс кој и да го чува, на мал простор он може да се ослободи и да шутне од било која дистанца, шут со висока парабола кој нема шанси да го изблокираш. Затоа реков дека е закана кон кошот од било каде.
Јокич пред Ембид во било кое време.