Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.287
- Поени од реакции
- 34.875
Нетс имаат 3 суперстар играчи во прајмот на кариерата, и тоа сите се inside out играчи, добри шутери, добри се и под кош. Во било која комбинација, лесно се склопува ростер и игра окулу такви тројца. Плус го имаат и најдобриот шутер за 3 во лигата, плус ветерани како Грифин.Леброн има 2 супер стара соиграчи. КД има исто така 2 суперстара соиграчи. Ист случај. Ама гледам не се реагира исто овде.
Лејкерс ги имаат 37 годишен на залез на кариера Леброн, и кој е само нешто подобар шутер од Вестбрук, кој па е ужасен шутер а сепак упорно форсира шутирање. АД е најдобриот шутер од 3-цата, а самиот е просечен шутер. Лејкерс во тимот немаат други шутери, дури ни променливиот КЦП кој не беше ништо посебно... Да кажеш дека се исти со Нетс е смешно. Ич да не почнувам за начинот на кој Харден дојде во Нетс, и какви прљави работи имаат правено газдата/управата на Нетс (на пример случајот со АК-47) - тоа го знае секој што прати баскет од времето.
Лејкерс ако успеат да освојат титула тоа ќе биде потфат, а Нетс сѐ друго освен титула е разочарувачки неуспех.
Тоа што сакаш да направиш да изгледа дека двете екипи се еднакви по сила (кога се различни и по возраст и по стил на игра, со или без шут, итн), тоа е само резултат на твоето незнаење или злонамерност (или и двете).
Потсетува малку како Коби кога го споредуваа со Леброн (а едниов стар, другив копиљ), или на времето со Џордан.
Не те интересира пошто немаш намера да дискутираш кошарка, туку да се р’чкаш и да хејташ.Не ме интересира дали се циглари и каква игра би поставиле.
Слободно продолжи, а дека е сеедно - епа не е - сеедно.