Феникс имаат многу паметен тренер кој максимално ги користи предностите на својот тим. Суштината е пикот на Ајтон со бековите, пред се со Пол, покрај нели индивидуалните перформанси и квалитети на Букер. Не се бавам со статистика, му го препуштам тоа на колегата трт, ама сигурно Феникс е на врвот по играње пик и по користење на пикот во понатамошниот дел од акциите. Значи не зборам за класичен пик 1-2 и толку, него и другите опции што произлегуваат од истиот, отворени шутеви, проток на топка, наоѓање на слободен/вишок играч итн. Предобро го користат слободниот простор, секој си ја знае улогата во екипата, не се сељачат со безвезни шутеви за три и затоа се таму кај што се.
Лејкерси језда беа без Дејвис, ама од тоа што го видов во Г5 и Г6 ги уништи Пол со пик енд рол играта и шутевите од полудистанца и секако со протокот на топка. Обожавам вакви екипи испод радар што играат едноставна и учинковита кошарка.