Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.585
- Поени од реакции
- 35.397
Комплексна ситуација, од една страна КЦП ти бара повеќегодишен договор и повеќе пари додека го бркаат тимови како Никс и Хокс со повеќе пари, а од друга страна Ентони факинг Дејвис намерно не ти потпишува екстензија, пошто со КЦП (и со Леброн, и со Харел) се застапувани од истата агенција (Клач Спортс). И кога ќе видиш дека Харел ти го донесоа за пола од тоа што ќе земеше во Шарлот/Атланта/итн... Ќе го голтнеш горкото апче, и ќе преплатиш за КЦП. Сепак не се ретардирано големи пари, лузери како Пламли земаа повеќе пари. КЦП сеуште би бил лесен за трејдање следнава година, ако некоја ѕвезда се реши да дојде во Лејкерс во офсезоната ’21-ва.Да ми кажеше некој лани дека кцп ќе лапне ваков договор ќе му се смеев два дена. Не дека сега сум, го претплатија дефинитивно.
Мислам дека ова со бркањето на Богдан не беше толку за да го донесат Боги, туку повеќе беше за левериџ/убедување на КЦП да се приземји малку со барањата. На крај, Лејкерс не може да си дозволат да останат со толкава дупка во тимот, што ќе останеше на местото на КЦП. Тимот мора да задржи одбрамбена филозофија, а ЛАЛ веќе изгубија неколку дефанзивци а иако нападот сега е подобар, сеуште Лејкерс се слаби со шут за 3 што реално беше најголемата потреба. Двајт Хауард го изгубија заради глупаво недоразбирање (што можеа да го очекуваат од глупчо како Хауард), и требаше да превенираат спонтани глупости како случкава со која заврши во Филаделфија.
Сега најдобрата работа што може да се деси за Лејкерс е некако да се деси ова:

Инаку како што реков пред некоја недела, голем број играчи потпишаа за многу кратко време, и сега тие што останаа или ќе потпишат за некој помалите MLE од ~5мил. (за плаќачи на данок), или ќе играат за минималец, или ќе идат во лузерски тимови со пари.
едит:
Последно уредено: