Не сфаќам зошто одат со 72 утакмици, речиси фулл сезона.
Најголемиот проблем со кој се соочува Адам Силвер во неговиот комиш мандат покрај лесно решливиот блек лајвс дрндрн е големиот пад на гледаност и во живо (додека се играше пред публика) и на тв.
Најголем гејм фактор (фактор поврзан директно со играта) заради тоа според Америте и ние што гледаме overseas е пренатрупаниот распоред на утакмици. Ако порано 82 меча во сезоната биле ассет, сега се товар. Едноставно сезоната е пренатрупана со пречести утакмици за оваа ера у која сме.
И сега имаа дури и одличен изговор да направат „експеримент“ со сезона од 56 или 65 утакмици, во која сум убеден дека просекот на гледаност per match ќе беше многу поголем од тој изминативе сезони. Плус ќе немаше потреба од лоад менаџмент, ќе имаше посвежи играчи, и секој натпревар ќе добиеше на поголема тежина затоа што едноставно пократкиот распоред ти дава простор за помалку грешки, односно имаш помалку „поправни“.
Впрочем, они требаше и плеј-офот во баблот да го скратат на best of 5 се до конференциските финалиња.
Ама на Америве кога ќе им спомнеш да нарушат нешто што им е традиција се удав. А една од најголемите причини за тоа е статистиката. Просто, во скратена сезона ќе има помал број на играчи кои сезоната ја завршиле со __ поени __ скокови итн итн.
Минатата сезона еден од главните фактори за солидната гледаност во Европа им беа baby GOAT и Јокара, нешто што ќе се случува и сезонава ако останат здрави овие, но во УСА типувам дека гледаноста уште ќе им оди надолу.