Не дека е одлично, ама Е добро... За жал се работи само за играње со trade machine (пошто никаде од озбилен извор не е спомнато), што не значи дека и не е можно.
Кузма има неспоредливо поголем плафон од Фергусон, но во овој Лејкерс нема да има шанси да го достигне истиот. Шредер е тапа во одбрана, но исто и Кузма е тапа. Дени Грин играше добра тимска одбрана, но еден на еден веќе го стига староста/повредите, и за жал шутот го изневерува... Дилов е поволен за Лејкерс, ама не е многу веројатен - најмногу пошто баш не мислам дека Оклахома ќе даде два први пика (макар што се од Лејкерс и Мајами) плус Фергусон (сеедно што „силува“ девојки), плус Шредер - и сето тоа само за да се ослободат од Крис Пол. Мислам дека многу пореално е да го платат КП годинава и следната година да му направат buyout. Ќе ги заштедат спомнатите два први пика, а реално од некој ќе земат уште барем два пика за Фергусон/Шредер... Ама еј, ако излезе можност - очекувам Лејкерс да се согласат без многу мислење.