НБА сезона 2016-2017

Кој тим ќе биде овогодишен шампион?

  • Голден Стејт Вориорс

    Гласови: 23 76,7%
  • Кливленд Кавалирс

    Гласови: 7 23,3%

  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.990
овие шут за победа имале бе Индијана, ама Мајлс промашил ццц, интересна утакмица сум пропуштил
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Милвоки поштено ги издоминираа Торонто, Лаури и Дерозан КАТАСТРОФА, Гркот одличен (y)
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.486
Поени од реакции
5.581
Шорај Џонсоне по сиротиње :drk::zver:
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Се покажа од пресудно значење онаа тројката во 4 четвртина на Џорџ Хил кога шутна во последни стотинки додека со нозете беше во воздух.

Супер, ќе имаме долга и неизвесна серија.
Блејк Грифин беше дух во 4 четвртина.

Вечер пренос на Спортклуб од Голден Стејт- Портланд. Би требало метла да има во серијата.
 
B

BooBojan

Гостин
Јута е навистина квалитетна, и пред денешниов меч мислев дека ќе ги поминат, само мислев дека барем во првиот меч Клиперси нема да дозволат брејк. Клиперс играат добро на периоди, ама очигледно им фали менталитет, Док е одличен тренер, но во Клиперс никако да направи некој успех.

Кливленд е во една голема криза, се надевам дека нема да направат некои бруки, бидејќи само Кливленд па и Бостон можат да парираат на екипите од Западот.

Потајно се надевам дека Вашингтон ќе успеат да влезат во големото финале, многу симпатична екипа ми се особено Гортат, кој е многу потценет играч според мене а си врши сосема пристојна работа на теренот.

Се надевам дека на западот ќе гледаме страшна кошарка особено на Хјустон-Оклахома и јаки партии од Харден и Расел...
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.486
Поени од реакции
5.581
Јута е навистина квалитетна, и пред денешниов меч мислев дека ќе ги поминат, само мислев дека барем во првиот меч Клиперси нема да дозволат брејк. Клиперс играат добро на периоди, ама очигледно им фали менталитет, Док е одличен тренер, но во Клиперс никако да направи некој успех.

Кливленд е во една голема криза, се надевам дека нема да направат некои бруки, бидејќи само Кливленд па и Бостон можат да парираат на екипите од Западот.

Потајно се надевам дека Вашингтон ќе успеат да влезат во големото финале, многу симпатична екипа ми се особено Гортат, кој е многу потценет играч според мене а си врши сосема пристојна работа на теренот.

Се надевам дека на западот ќе гледаме страшна кошарка особено на Хјустон-Оклахома и јаки партии од Харден и Расел...
Док е преценет тренер, во последните години дури и слаб тренер. 0 прилагодување има во него. Синоќа беше тактички изгазен од Снајдер. Петорката на Јута со Фејворс центар и Џо-Џо стреч четворка беше одлична, ги сомелија, Блејк не можеше да го следи Џо-Џо, спејсингот беше одличен и лесно влегуваа во рекетот со што и Џордан мораше да помага па Фејворс имаше лесни забивања. Според мене најголема грешка на Док е што цело време заедно ги игра и Блејк и Пол па кога ќе одмаарат се многу слаби и во тие минути Јута направи неколку серии.

За Снајдер немам зборови, човекот заслужува да биди тренер на годината, синоќа му се повредува убедливо најдобриот играч и повторно успева да склопи некоја постава да победи на гостински терен. Одлуката во случај да примат кош да не се земи тајмаут и да се нападни Крафорд беше предобра, знаеше дека Клиперс преземаат на секој пик-анд-рол, дури и клупата скокна од среќа кога Крафорд го презеде Џонсон.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.767
Поени од реакции
11.759

Има новости за Руди?
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.486
Поени од реакции
5.581
Има новости за Руди?
Bone contusion, нема повреди на лигаментите. Изтегнато било и помодрено од ударот, прогнозираат 2 недели пауза. Тешко ќе е без него, барем на 2-2 да се врати да имаат некакви шанси, тешко дека ќе издржат без него.
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
51
Поени од реакции
19
Томпсон го нема некако.. Идат вака големи утакмици плејофи, се губи..
Дрејмонд Грин која машина еј.. А овие портланд некако аматерски играт иако се држат засега. Две тројки промашија и плус во контра напад 2 против 1 овие јадат блок..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom