Време е точкиве да профункционишаат
http://www.vecer.com.mk/
Иако сум за интегрирање на Македонија во евро-атланските структури, по објавувањето на листата на чекори што би ги превземала Владата во случај на ВЕТО од страна на Грција, искрено посакав да се случи тоа!!! Според
ВЕЧЕР државниот врв во случај на ВЕТО од Грција ќе преземе мерки.
1. Официјално ќе се прекине времената спогодба и нејзината важност ќе престане да постои. Наедно ќе прекинат сите понатамошни преговори за името.
2. Ќе се упати официјално барање до ООН за признавање под уставното име. Ќе започне правна процедура за него. Земјата ќе се обрати до Советот за безбедност или до генералното собрание, или пак до двете ако се оцени дека така е најдобро.
3. Во земјата ќе се организира референдум за задржување на уставното име на кој сите граѓани би излегле да гласаат, со цел на кој било сегашен и иден политичар на висока функција да му биде оневозможено да помисли за варијанта промена на уставното име како опција.
4. Ќе започне процедура за враќање на старото знаме, имајќи предвид дека промената на знамето не придонело за намалувње на проблемот со името. Имајќи го предвид и фактот дека и Македонците и Албанците имаат пиетет кон Александар Велики и го чувствуваат за свој, се очекува идејата да биде прифатена.
5. Од истите причини ќе започне процедура за враќање на уставните амандмани кои во 1992 година беа укинати со цел да се одговори на Грција со добра волја.
6. На соодветен начин ќе се започне со правна постапка за малцинското прашање за Македонците во Грција, како и имотните прашања на Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија.
7. Севкупната пошта која ќе биде испратена со референцата БЈРМ (ФИРОМ) или Поранешна Југословенска Република Македонија ќе биде враќана на испраќачот со назнака дека таква земја не постои и дека поштата залутала во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.
8. Стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали, плоштади ќе бидат преименувани и ќе ги носат имињата на големите македонски личности од античкиот период. Исто така ќе се изградат голем број нивни споменици во поголем број градови. Ќе се преименуваат и повеќе села и градови.
9. Автопатот од коридорот 10, трасата Табановце-Богородица, ќе се именува како автопат Александар Македонски.
10. Новиот аеродром во Штип, ќе се именува ФИЛИП ВТОРИ.
11. Ќе се подигне нивото на комуникација и ќе се воспостават поблиски релации со Северен Кипар. Ќе се продолжи и ќе се зацврстува сојузништвото со САД и Турција и ќе се разгледа можност за нов вид воен сојуз со овие две земји.
12. На дресовите на македонските спортски репрезентативци ќе има обележја од македонската антика.
Паааа... може нема да бидеме у НАТО, ама со гордост ќе кажуваме дека сме МАКЕДОНЦИ!