После одморов на нашиве, сега здраво да се седне со Америка и стратегија да се изработи. Америка е спремна да помогне, ама не може таа да ни ја сврши домашната задача. Нашиве во напад треба да тргнат и да се растрчаат. Сега мора тезата дека Грција има претензии на нас, а не ние кон неа, активно да ја промовираат насекаде. Самиот факт што тие велат дека Македонија е Грчка и што не не признаваат е чист доказ. Цел свет гледа веке. Една страна на докази и аргументи е само потребна и насекаде да се врти, со Американска помош.
Власта во Грција знае што значи ветово за нив, и дека се во каша.Подршка од никого на тој начин не се добива. Ветово мора во наша корист да го искористиме, и да се преставиме како земја над која константно од Балканските војни навака се врши агресија од Грција.
Ако не го направиме ова, маф ни е работава. Пошто гарантирам дека заради ветово сега, Грциве ке се растрчаат четири пати повеќе од што трчаа пред Букурешт. Тие сега немимосрдно ке ги убедуваат сите дека мора притисок да се изврши врз Македонија за да попушти пошто ТИЕ се тие кој не го сакаат ветото.