Глобализацијата може да ја користи само хегемонот. Никој друг не ја контролира глобализацијата.
За нас другите, гобализацијата е лоша. Посебно државите како Македонија нема што да се надеваат во таков систем, освен ако моменти како отварање „фабрики“ за текстил во штипско (шивалници, со робовски труд), не го сметаш за успех.
Значи сепак можеш да размислуваш и дискутираш за иднината, затоа што ја гледаш сегашноста и го знаеш минатото. Постои патерн, и всушност многу јасно се гледа.
Зборуваш за владеачите, или за владеаните?
Очигледно за вториве.
Колку „теории на заговор“ досега се покажаа токму како тоа - заговори?
Што всушност е тоа „теорија на заговор“? И како полесно да скриеш нешто од јавноста освен тоа што сакаш да го скриеш да го направиш табу, да му залепиш етикета „теорија на заговор“, и ги исмеваш сите што се обидуваат да почнат јавна дебата за „скриеното“.
За кои „светски лидери“ зборуваш?
„Избраните“ политичари?
Дискутабилно е дали психопати можеш да ги наречеш „лудаци“ во класична смисла на зборот. Менталните можности не се доведени во прашање, единствено емпатијата недостасува...
Но нејсе, остави го тоа.
Што знаеш, со кои факти располагаш?
Тргни од тоа.
Во светов на војни, судири, и човечки несреќи... Кои се тие кои немаат проблеми? Кои располагаат со неизмерни ресурси и богатство? Кои се тие кои со генерации наназад имаат се што ќе посакаат?
И толку едноставно, ете го одговорот пред тебе.
Тие што го контролираат финансискиот систем на фиат валути. Тие што ја контролираат светската петровалута. Тие кои се сопственици на се, и по желба можат да ја сменат вредноста на било што на оваа планета.
Тоа не се политичарите кои навидум ги водат државите како САД, Британија, итн... Политичарите не ја контролираат финансиската политика на тие држави, централната банка на САД не е државна, ниту било како е контролирана од државни органи. Приватна банка е, и управувана е од приватни лица. Тоа е светската финансиска елита за која со векови нема зима, нема несреќи и страдање, како за сите нас другите на планетава.
Не зборуваме за никакви „теории на заговор“, само за факти.
Фактот што ние сме се поставиле на таков начин, да бидеме само извор на ефтина работна рака за странските фирми тоа е наша вина, за тоа никој не ни е виновен.
Видете ја само Кина во што се претвори и сето тоа на крилјата на глобализацијата. Не е спорно дека глобализацијата за некого е лоша појава, но таа е лоша само за оние кои ги начека не спремни, како нас на пример.
Инаку вистина е дека глобализацијата е завеса зад која се кријат веќе старите колонијални сили, само во нова форма, нео-колонијализам. Глобализацијата е далеку поширок поим ако се земе целосната слика. Твојот став не е погрешен. Ти тоа што го зборуваш е нова форма на колонијализам, нео-колонијализам и функционира баш по тој принцип, ти што го кажа.
Големите корпорации влегуваат во некоја утепана држава, еве на пример некоја рандом афричка држава богата со природни ресурси. Ги земаат под концесија за багателна цена, слично како рудниците кај нас, прават "бомбона бизнис" со корумпираната власт во таа афричка држава, слично како кај нас и ги експлоатираат до максимум а воедно го користат локалното население како ефтина работна рака, му фрлаат коски колку да преживее за да може наредниот ден пак да дојде на работа. Во спрега со корумпираната власт ги менуваат законите во нивна корист а на штета на работникот.
Меѓународните банки обично ќе ги презадолжат тие држави, ќе му издаваат кредити иако знаат дека таа држава никогаш нема да биде во состојба да ги врати...позната ви е оваа шема, Грција ви е најсвеж пример а и ние се движиме со крупни чекори кон тоа сценарио.
Со други зборови тие те поседуваат и тоа го прават на генијален начин, без да освојуваат територии тие ги цедат како лимон ваквите држави, паразитираат, се хранат со телото на домаќиниот и еднаш кога се готови се знае што следува.
Тоа е таа нова форма на колонијализам, модерно наречена нео-колонијализам. Верувам дека ти си запознаен добро со оваа шема на делување. Ова беше само пример за помалку информираните и мој обид да се надоврзам кон твојот коментар. Те разбирам кон што целиш е тоа е навистина факт, меѓутоа тука нашите ставови се разидуваат. Во основа тука сме негде само различно интерпретираме некои работи.
Што се случува со државите кои одбиваат да ја следат воспоставената шема. Па...Арапски пролетти, инсталирање на (марионетски режими) "демократија", измислување на непостоечко оружје за масовно уништување како изговор за воена интервенција, "борба" против тероризмот, финансирање на паравоени структури за рушење на легитимно избраната власт и мал милион други методи.
Како што напоменав ова е само еден сегмент на глобализацијата, оној негативниот.
Позитивниот го следи технолошкиот напредок и можностите кои ги нуди и тоа ја прави глобализацијата незапирлив процес.
Глобализацијата како поим не е воопшто нов туку сега е актуелен. Државите никогаш не биле повеќе поврзани од колку што се сега. Доколку пред 10 и нешто години за повеќето од нас беше незамисливо да летаме со авион до некоја подалечна дестинација, беше луксуз, сега за повеќето е како возење со автобус. Порано ретки беа тие што имаат пристап до компјутер и бежичен интернет а денес сите ние носиме мали џебни компјутери и сме поврзани со светот. Добиваме милиони информации во дел од секундата и од најоддалечените места во светот.
Слушаме странска музика, пратиме странска мода...пробуваме да го емитираме западниот стил на живот. Некои ја нарекуваат глобализацијата и "американизација" и до одреден степен и се согласувам.
Падот на Советскиот сојуз беше и делумно заради тоа што не ја предвиде глобализацијата, западната култура и пропаганда до одреден степен е заслужна за неговиот распад.
Затоа според мене глобализацијата е процес во полн налет и посебно оваа културолошка глобализација е невозможно да се спречи.
Како што предходно напоменав, многу држави и се офајдија од овој процес на глобализација.
Нас никој не ни е крив што спаѓаме во групата на афричките држави, сами сме си криви, ние и многу други не успеавме да ги искористиме позитивните страни на глобализацијата кои пред се се однесуваа на технолошкиот развој и поврзаноста.
Па и странските инвестиции не мора да значи дека се лоша работа ако во државата постојат вистинските закони кои ќе ги регулираат. Пример за тоа ви е Ирска. Преку вистински водени политики, со добар план, Ирска се претвори во вистинско економско чудо баш поради тие инвестиции. Вложувањето во образованието, политичката стабилност, инфраструктурата, законската регулатива...за некои бизниси се поважни од тоа дека државата е извор на ефтина работна сила и субвенциите кои државата им ги нуди. Ние тоа го правиме и после некој друг ни е крив оти самите си правиме таква промоција, затоа добиваме и такви инвеститори кои ќе го експлоатираат работникот.
Исто битно е за една економија премногу да не се потпира врз странскиот капитал туку примарен столб на економијата да бидат домашните претпријатија.
Друга работа. Ти веруваш дека светот е во рацете на неколку моќни фамилии кои преку нивните глобални корпорации и медиуми го контролираат светот и влијаат врз формирањето на ставовите на луѓето, односно се стремат кон формирање на една единствена светска влада со нив на чело која ќе управува со целокупното светско богатство и животите на милијарди луѓе. Потоа, федералните резерви на САД или како и да се викаат, местото каде што се печатат доларите, таа институција е во приватна сопственост и се печатат долари секојдневно без покритие. На тој начин преку доларот како светска валута преку која се врши скоро целокупната размена во светската трговија ја контролираат и светската економија. И дека, државите од БРИКС групата на чело со Русија и Кина работат на создавање на своја Светска Централна Банка преку која ќе го отфрлат доларот како средство за размена и ќе воведат своја валута. И дека овие првиве на секој можен начин се обидуваат да го спречат тоа.
Да се надоврзам на систематското уништување на Европа и еврото како пандан на доларот и причина плус за ослабувањето на ЕУ како економски и политички сојуз.
Потоа, демократски избраните влади и демократијата се само параван и марионети зад кои се кријат светските елити во остварувањето на нивните злобни планови за целосна доминација врз светот. Ние сите живееме во некаква илузија дека сме слободни и дека имаме некаков избор...
И сето ова држи вода, има логика освен делот дека сето ова е дел од некаков глобален заговор. Тој дел никако не можам да го сварам, нешто вистински не ми штима. Повеќе звучи како дел од филмско сценарио.
Искрено не сум голем заговорник на оваа теорија. Дека постојат светски елити, постојат, но дека се толку моќни и дека се ова што се случува е однапред режирано искрено не сум убеден.
Мој став е дека работите се такви какви што се, дека не постои однапред воспоставена шема на делување. Постојат моќни луѓе но не до толку за да управуваат со случувањата во целиот свет, сега и во минатото.
Капитализмот како систем е далеку од совршен но е таков каков што е. Во него нема простор за емоции, нема љубов постои само интерес. Колку побрзо го сфатиме тоа толку подобро за нас.
Ти гледаш романтичарски на работите и да речеме дека си во право, тоа не менува ништо. Во овој свет на брзи промени преживува само оној кој е способен најбрзо да се прилагоди. Доколку го изгубиш темпото тој зад тебе ќе те згази и без размислување ќе го завземе твоето место.
Така е во глобалната политика, така е и во секојдневието на обичниот човек, така било од памтивек.