Мултикултурализмот, и неговата злоупотреба

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028

„The apartments are worth 5.5, 3.3 and 5.2 million SEK ($700,000, $400,000 and $650,000) respectively. Each of his three wives lives has her own place, with the kids distributed amongst them.


Човекот има три жени, се разбира дека му требаат три куќи!
Ете каква „одлична“ Стратегија за мигранти има Шведска. Социјална помош на ниво на плата. Сместување во ресорт, и куќа за секоја одделна жена на муфљузот. Да не се караат меѓу себе сопругите. А не некои банални социјални станови, па уште и вработување - да мора да работат мигрантите. Безобразлук и негостопримство. :-/




[DOUBLEPOST=1506427193][/DOUBLEPOST]
Мене ми е смешно кога западот кај нас се меша и се обидува на промовира сожовот, мислам тоа е такво лицемерие...но еве тркалото се врти па време е и тие да го вкусат малку "соживотот". Со свој камен по глава.
...
Нивните граѓани не се ни свесни што ги очекува, скриени под превезот на привидната демократија и сигурност, бомбардирани со пропаганда и искривени факти на дневна основа од нивните медиуми, тие немаат поим што се случува во светот
Проблемот е во тоа што тие што ќе го добијат „каменот по глава“ не се истите тие кои се одговорни за проблемите. Политичарите (всушност тие кои ги контролираат политичарите), тие се одговорните, а не народот. Народот како народ, со одредени разлики народот секаде е стадо овци, за шишање и експлоатација.


Глобализацијата и масовните имиграции се неизбежен процес, се иреверзибилни...
Си се помирил планот на експлоататорите, им правиш услуга. Глобализацијата не е неизбежна без целосна соработка од популацијата.


Неможете да очекувате да експлоатирате некој народ, да уништите цели култури, да ги грабате нивните национални и природни ресурси со векови и на крај да не сносите дел од последиците.
Проблемот е во тоа, кој експлоатирал, а кој ќе ги сноси последиците. Пошто политичарите и богаташите сигурно нема. Нивните вили и имоти се безбедни, децата им ги носат телохранители во приватни училишта, итн.
Обичниот народ не видел многу ќар од наведената експлоатација, обичниот народ и самиот е експлоатиран и му се фрлаат само онолку коски колку да преживее, или колку да не прави проблеми за владечките структури.


Систематското уназадување на цели држави во Африка и мешањето во внатрешните работи на државите на Блискиот Исток, потрепено сега со климатските промени, неконтролираниот раст на популацијата ќе му се удри од глава на Западот а тоа допрва почнува.
Повторно, кој тоа систематски ги уништува државите од Азија, Африка, и воопшто сите кои не спаѓаат во „западот“?
Да, тоа се истите тие кои сега ги користат последиците од сето тоа, за да ги стават под целосна контрола истите тие западни држави. Затоа се дозволува миграција од мигранти кои нема да се асимилираат. Затоа се уништени државите од тие мигранти, не само заради ресурсите од нивните држави, туку и за да ги натераат да дојдат во западните држави. Затоа во тие западни држави нашироко и со децении се промовира напуштање на етичките и моралните вредности на западните општества, се уништува концептот на семејството, се промовира хедонизам и разврат и се намалува наталитетот... Се ствара потреба од мигранти, за основно функционирање на западните држави. Но не се носат мигранти од компатибилни култури, такви кои ќе се асимилираат, туку се носат мигранти кои уште повеќе ќе ги раслојат и поделат веќе длабоко поделените западни општества... Затоа што со разделување успешно се владее. Divide et impera. :-/
 
Последно уредено:
Член од
25 март 2012
Мислења
8.578
Поени од реакции
5.177
По лингистички дефиниции можеби е така, иако во пракса нема ништо погрешно во заклучокот дека Англискиот (чиј речник повеќе од половина е од романско потекло) е дефакто хибриден јазик меѓу гемански и романски јазици. Лингистички дискусии се една работа, ама во пракса многумина не би разбрале Anglish (германизиран Англиски, без зборовите од романско потекло).
Пример за Anglish, Uncleftish Beholding:



Но сето тоа е само споредна, иако интересна, дилема. Поентата во изворниот муабет беше во тоа што (по истата логика): Мноштвото од индоевропски зборови во Албанскиот (позајмици од соседните јазици), истиот не го прават по автоматизам индоевропски јазик - како што мноштвото романски зборови во Англискиот, истиот не го прават романски јазик.



Муабетот (со Пуно) изворно почна од можноста дека Шќип (Албанскиoт, кој патем е language isolate во регионов) во основата како „граматички скелет или генеаологија“ има афроазијатски јазик, предокот на групата јазици во која спаѓа и Берберскиот, што погоре беше покажано со дузина многу слични зборови со Албанскиот. Како бонус информација од генетски аспект: и Берберите и Албанците се E1b1b1 халпогрупа.

English, Berbers, Albanian


1. Tamazight and Taqbaylit

say (eng.), timena (berb.), them (alb.)

my (eng.), inu (berb.), im, ime (alb.)

we (eng.), nekni (berb.), ne (alb.)

than (eng.), zi (berb.), se (alb.)

meat (eng.), aksum (berb.), ushqim (alb.) (q no pronounciation in English, as soft ch)

fat (eng.), lidam (berb.), dhjam (alb.)

father (eng.), baba (berb.), baba (alb

thread (eng.), ifili, ifilu (berb.), fill (alb.) (ll pronounced as english l)

elephant (eng.), ifil (berb.), fil (alb.) (l no pronounciation in English, as ly)



2. Tamasheq

black (eng.), әzzәf (berb.), e zezë (alb.) (ë pronounced as english ә, the: δә)

do (eng.), ja (berb.), a (alb.)

rotate (eng.), kәrukәr (berb.), qarkulloj (alb.)

boast (eng.), baraj (berb.), mburrje (alb.)

want (eng.), durhәn (berb.), dua (alb.)

carry (eng.), babb (berb.), mbaj (alb.)

eat (eng.), әkshen (berb.), ushqehem (alb.)

fly (eng.), ffurrәt (berb.), fluturoj (alb.)

health (eng.), sehet (berb.), shëndet (alb.)
:pos:Не си здрав човече, барем си упорен тоа мора да ти се признава...
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.272
Поени од реакции
8.660
@Vanlok ме интересира ова со хибридниве јазици. Го изглеав јутуб видеото, стварно е супер и мислам дека комплетно правилно си го разбрал ликот.

Дај некоја солидна литература кадешто поопсежно се анализира овој концепт на хибридизирани јазици, кој јазик у светот у која хибридна група спаѓа, мене не ме интересираат тие застарени теории кајшто наводно се зима граматичкиот скелет или генеаологија како го викаат, на јазиците.

Значи уствари ако добро те разбрав, кога лингвистите класифицираат јазици, дали се романски, германски, словенски и што ти ја знам таму, не зимаат потекло предвид па да ги сврстат у една група, туку ги третираат како хибриди, зависно од влијанието од други јазици?
Јако, не сум го знаел ова.
Погрешно го разбрал Ванлок видеото. На почетокот од второто видео што Ванлок го постирал, тој ликот и самиот кажува дека дал контроверзна изјава (малку clickbait значи) дека англискиот е хибриден јазик 'in a sense', што на македонски би се превело 'во извесна смисла'. И наведуваше примери на романско јазично влијание врз англискиот на лексичко рамниште, и некои нивни еквиваленти од германско потекло (неологизми/кованици) што би можеле да се употребуваат. Ништо ново, ништо спектакуларно, ништо непознато претходно во англистиката. Романското јазично влијание врз англискиот не застанува само на лексиката, туку е и на синтаксичко, морфолошко, фонетско итн. рамниште. Само за овие работи да ги препознае Ванлок ќе му треба малку формално образование, не може сѐ од YouTube да се научи.

Нам во англискиот јазик повпечатливо ни е романското влијание бидејќи како основа за стандардниот British English се земени јужните дијалекти, каде романското влијание е поизразено. На северот, е поразлична ситуацијата. Погледни ги видеово и линков, видеото е добар пример.

Во постот имаш споменато граматички скелет. Не знам на што точно мислиш, ама ако мислиш на граматичкиот систем во еден јазик, тоа ништо не менува во ова што Ванлок го збори. Меѓу 13 & 15 век во македонскиот, како периферни словенски јазик и под влијание на соседните јазици, се менува неговата типична словенска структура со карактеристичен морфолошки падеж во граматичка структура од аналитички тип. И покрај ваквите промени, никој не го спори словенскиот карактер на македонскиот јазик и не го нарекува 'хибриден'.

Во видеото зборот 'хибрид' е повеќе хипербола (и clickbait) да се нагласи лексичкото влијание, не е некое фактичко тврдење.

Ако те интересираат странските јазични влијанија врз англискот, можеш и самиот со некое базично пребарување на google да се снајдеш (пр. foreign language influences in english и сл.).
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590

„The apartments are worth 5.5, 3.3 and 5.2 million SEK ($700,000, $400,000 and $650,000) respectively. Each of his three wives lives has her own place, with the kids distributed amongst them.


Човекот има три жени, се разбира дека му требаат три куќи!
Ете каква „одлична“ Стратегија за мигранти има Шведска. Социјална помош на ниво на плата. Сместување во ресорт, и куќа за секоја одделна жена на муфљузот. Да не се караат меѓу себе сопругите. А не некои банални социјални станови, па уште и вработување - да мора да работат мигрантите. Безобразлук и негостопримство. :-/




[DOUBLEPOST=1506427193][/DOUBLEPOST]
Проблемот е во тоа што тие што ќе го добијат „каменот по глава“ не се истите тие кои се одговорни за проблемите. Политичарите (всушност тие кои ги контролираат политичарите), тие се одговорните, а не народот. Народот како народ, со одредени разлики народот секаде е стадо овци, за шишање и експлоатација.


Си се помирил планот на експлоататорите, им правиш услуга. Глобализацијата не е неизбежна без целосна соработка од популацијата.



Проблемот е во тоа, кој експлоатирал, а кој ќе ги сноси последиците. Пошто политичарите и богаташите сигурно нема. Нивните вили и имоти се безбедни, децата им ги носат телохранители во приватни училишта, итн.
Обичниот народ не видел многу ќар од наведената експлоатација, обичниот народ и самиот е експлоатиран и му се фрлаат само онолку коски колку да преживее, или колку да не прави проблеми за владечките структури.



Повторно, кој тоа систематски ги уништува државите од Азија, Африка, и воопшто сите кои не спаѓаат во „западот“?
Да, тоа се истите тие кои сега ги користат последиците од сето тоа, за да ги стават под целосна контрола истите тие западни држави. Затоа се дозволува миграција од мигранти кои нема да се асимилираат. Затоа се уништени државите од тие мигранти, не само заради ресурсите од нивните држави, туку и за да ги натераат да дојдат во западните држави. Затоа во тие западни држави нашироко и со децении се промовира напуштање на етичките и моралните вредности на западните општества, се уништува концептот на семејството, се промовира хедонизам и разврат и се намалува наталитетот... Се ствара потреба од мигранти, за основно функционирање на западните држави. Но не се носат мигранти од компатибилни култури, такви кои ќе се асимилираат, туку се носат мигранти кои уште повеќе ќе ги раслојат и поделат веќе длабоко поделените западни општества... Затоа што со разделување успешно се владее. Divide et impera. :-/
Ова веќе влегува во доменот на теории на заговор. Никој не може да знае што се случува зад кулисите и за тоа какви одлуки се носат зад затворени врати. Ние можеме да дискутираме и да се расфрламе со теории до бескрај но на крајот тие тоа и ќе останат, теории.

Јас не можам да расправам за тоа што ќе биди во иднина и кои ќе бидат реперкусиите врз човештвото од моменталните одлуки кои светските елити ги носат. Единствено, досегашното искуство ни говори дека тоа нема да биде ништо добро. Од тој аспект ги анализирам одлуките кои се правеле во минатото и импактот кои тие го имаат денес.
Оној кој повремено не се врти назад и не гледа во минатото, од него не може да се очекува дека ќе прави рационални потези во иднина. Таквиот човек не е способен да учи од грешките и верувам дека повеќето сме такви.

Јас лично се сомневам дека сето ова е некаква светска теорија на заговор испланирана пред 100 години и дека сите настани кои ни се случувале и ќе ни се случуваат се дело на некаква група лудаци кои се собираат еднаш месечно да ја кројат судбината на светот.

Јас повеќе милувам да верувам дека светските лидери немаат поим што прават, дека одлуките ги носат зависно од актуелните состојби и механизмите кои му стојат на располагање без да се грижат многу многу за последиците кои ќе се јават во иднина.
Јасно е дека секоја одделна држава има зацртано некакви линии и има воспоставено свои национални интереси ( или пак треба да има а нема ).
Не сакам да звучам контрадикторно, но кога велам дека "поим не знаат што прават" не мислам буквално туку одлуките ги носат зависно од моменталната ситуација и приликите. Еве Русија виде прилика да интервенира во Сирија бидејќи нејзините национални интереси беа загрозени. Не дека тоа го планираше предходно.
Тоа се политички игри кои се доста комплицирани за да се разберат и не верувам дека сите се случуваат по однапред напишан прирачник наменет за идните генерации.
Секоја одделна држава се обидува да преживее на свој начин. Да се обиде да земе кога има прилика и да се заштити кога е нападната. Тоа е кругот на животот. Се си има рок на траење и ништо не е вечно.

Што се однесува до Европа и ЕУ во целина како политички сојуз веќе, затоа што во последнава деценија е далеку од економски. Е тие немаат стратегија и е очигледно дека поради тоа се затечени од моменталните случувања и не знаат како да реагираат, затоа и трпат последици.
САД гледа пандан во ЕУ и целта нивна е да ги ослабат како економија пред се. Затоа е и ова "раздели па владеј". По се изгледа дека му успева затоа што бродот што тоне први го напуштаат глувците (Велика Британија, верната Америчка пудлица).
Тие не учат од историјата оти историјата ни говори дека сите светски разврски се случувале на Европско тло. Евентуален конфликт помеѓу Русија и Сад европските квази државички ќе ги претвори во топовско месо.
Европа е таа што нема поим што се случува и затоа и се случуваат овие работи и ние ги чувствуваме. ЕУ не е спремна да одговори на глобалните предизвици, води пасивна политика и се однесува како вазал на САД.

А глобализацијата како поим не е во целост лош ако една држава знае да го искористи тоа на најдобар можен начин.
Глобализацијата е всушност во мој домен и за неа теориски можам да расправам долго но за тоа во некој друг пост.
 
D

Daedalus

Гостин
Погрешно го разбрал Ванлок видеото. На почетокот од второто видео што Ванлок го постирал, тој ликот и самиот кажува дека дал контроверзна изјава (малку clickbait значи) дека англискиот е хибриден јазик 'in a sense', што на македонски би се превело 'во извесна смисла'. И наведуваше примери на романско јазично влијание врз англискиот на лексичко рамниште, и некои нивни еквиваленти од германско потекло (неологизми/кованици) што би можеле да се употребуваат. Ништо ново, ништо спектакуларно, ништо непознато претходно во англистиката. Романското јазично влијание врз англискиот не застанува само на лексиката, туку е и на синтаксичко, морфолошко, фонетско итн. рамниште. Само за овие работи да ги препознае Ванлок ќе му треба малку формално образование, не може сѐ од YouTube да се научи.

Нам во англискиот јазик повпечатливо ни е романското влијание бидејќи како основа за стандардниот British English се земени јужните дијалекти, каде романското влијание е поизразено. На северот, е поразлична ситуацијата. Погледни ги видеово и линков, видеото е добар пример.

Во постот имаш споменато граматички скелет. Не знам на што точно мислиш, ама ако мислиш на граматичкиот систем во еден јазик, тоа ништо не менува во ова што Ванлок го збори. Меѓу 13 & 15 век во македонскиот, како периферни словенски јазик и под влијание на соседните јазици, се менува неговата типична словенска структура со карактеристичен морфолошки падеж во граматичка структура од аналитички тип. И покрај ваквите промени, никој не го спори словенскиот карактер на македонскиот јазик и не го нарекува 'хибриден'.

Во видеото зборот 'хибрид' е повеќе хипербола (и clickbait) да се нагласи лексичкото влијание, не е некое фактичко тврдење.

Ако те интересираат странските јазични влијанија врз англискот, можеш и самиот со некое базично пребарување на google да се снајдеш (пр. foreign language influences in english и сл.).
Море, колкаво објаснуење си пишал на саркастичен пост. :D
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
глобализацијата како поим не е во целост лош ако една држава знае да го искористи тоа на најдобар можен начин.
Глобализацијата е всушност во мој домен и за неа теориски можам да расправам долго но за тоа во некој друг пост.
Глобализацијата може да ја користи само хегемонот. Никој друг не ја контролира глобализацијата.

За нас другите, гобализацијата е лоша. Посебно државите како Македонија нема што да се надеваат во таков систем, освен ако моменти како отварање „фабрики“ за текстил во штипско (шивалници, со робовски труд), не го сметаш за успех.


Никој не може да знае што се случува зад кулисите и за тоа какви одлуки се носат зад затворени врати.
Јас не можам да расправам за тоа што ќе биди во иднина и кои ќе бидат реперкусиите врз човештвото од моменталните одлуки кои светските елити ги носат. Единствено, досегашното искуство ни говори дека тоа нема да биде ништо добро. Од тој аспект ги анализирам одлуките кои се правеле во минатото и импактот кои тие го имаат денес.
Значи сепак можеш да размислуваш и дискутираш за иднината, затоа што ја гледаш сегашноста и го знаеш минатото. Постои патерн, и всушност многу јасно се гледа.


Оној кој повремено не се врти назад и не гледа во минатото, од него не може да се очекува дека ќе прави рационални потези во иднина. Таквиот човек не е способен да учи од грешките и верувам дека повеќето сме такви.
Зборуваш за владеачите, или за владеаните?
Очигледно за вториве.


Ова веќе влегува во доменот на теории на заговор. Никој не може да знае што се случува зад кулисите и за тоа какви одлуки се носат зад затворени врати. Ние можеме да дискутираме и да се расфрламе со теории до бескрај но на крајот тие тоа и ќе останат, теории.
Колку „теории на заговор“ досега се покажаа токму како тоа - заговори?
Што всушност е тоа „теорија на заговор“? И како полесно да скриеш нешто од јавноста освен тоа што сакаш да го скриеш да го направиш табу, да му залепиш етикета „теорија на заговор“, и ги исмеваш сите што се обидуваат да почнат јавна дебата за „скриеното“.


Јас повеќе милувам да верувам дека светските лидери немаат поим што прават, дека одлуките ги носат зависно од актуелните состојби и механизмите кои му стојат на располагање без да се грижат многу многу за последиците кои ќе се јават во иднина.
За кои „светски лидери“ зборуваш?
„Избраните“ политичари? :)


Јас лично се сомневам дека сето ова е некаква светска теорија на заговор испланирана пред 100 години и дека сите настани кои ни се случувале и ќе ни се случуваат се дело на некаква група лудаци кои се собираат еднаш месечно да ја кројат судбината на светот.
Дискутабилно е дали психопати можеш да ги наречеш „лудаци“ во класична смисла на зборот. Менталните можности не се доведени во прашање, единствено емпатијата недостасува...

Но нејсе, остави го тоа.
Што знаеш, со кои факти располагаш?
Тргни од тоа.

Во светов на војни, судири, и човечки несреќи... Кои се тие кои немаат проблеми? Кои располагаат со неизмерни ресурси и богатство? Кои се тие кои со генерации наназад имаат се што ќе посакаат?
И толку едноставно, ете го одговорот пред тебе.

Тие што го контролираат финансискиот систем на фиат валути. Тие што ја контролираат светската петровалута. Тие кои се сопственици на се, и по желба можат да ја сменат вредноста на било што на оваа планета.

Тоа не се политичарите кои навидум ги водат државите како САД, Британија, итн... Политичарите не ја контролираат финансиската политика на тие држави, централната банка на САД не е државна, ниту било како е контролирана од државни органи. Приватна банка е, и управувана е од приватни лица. Тоа е светската финансиска елита за која со векови нема зима, нема несреќи и страдање, како за сите нас другите на планетава.

Не зборуваме за никакви „теории на заговор“, само за факти.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Глобализацијата може да ја користи само хегемонот. Никој друг не ја контролира глобализацијата.

За нас другите, гобализацијата е лоша. Посебно државите како Македонија нема што да се надеваат во таков систем, освен ако моменти како отварање „фабрики“ за текстил во штипско (шивалници, со робовски труд), не го сметаш за успех.



Значи сепак можеш да размислуваш и дискутираш за иднината, затоа што ја гледаш сегашноста и го знаеш минатото. Постои патерн, и всушност многу јасно се гледа.



Зборуваш за владеачите, или за владеаните?
Очигледно за вториве.



Колку „теории на заговор“ досега се покажаа токму како тоа - заговори?
Што всушност е тоа „теорија на заговор“? И како полесно да скриеш нешто од јавноста освен тоа што сакаш да го скриеш да го направиш табу, да му залепиш етикета „теорија на заговор“, и ги исмеваш сите што се обидуваат да почнат јавна дебата за „скриеното“.



За кои „светски лидери“ зборуваш?
„Избраните“ политичари? :)



Дискутабилно е дали психопати можеш да ги наречеш „лудаци“ во класична смисла на зборот. Менталните можности не се доведени во прашање, единствено емпатијата недостасува...

Но нејсе, остави го тоа.
Што знаеш, со кои факти располагаш?
Тргни од тоа.

Во светов на војни, судири, и човечки несреќи... Кои се тие кои немаат проблеми? Кои располагаат со неизмерни ресурси и богатство? Кои се тие кои со генерации наназад имаат се што ќе посакаат?
И толку едноставно, ете го одговорот пред тебе.

Тие што го контролираат финансискиот систем на фиат валути. Тие што ја контролираат светската петровалута. Тие кои се сопственици на се, и по желба можат да ја сменат вредноста на било што на оваа планета.

Тоа не се политичарите кои навидум ги водат државите како САД, Британија, итн... Политичарите не ја контролираат финансиската политика на тие држави, централната банка на САД не е државна, ниту било како е контролирана од државни органи. Приватна банка е, и управувана е од приватни лица. Тоа е светската финансиска елита за која со векови нема зима, нема несреќи и страдање, како за сите нас другите на планетава.

Не зборуваме за никакви „теории на заговор“, само за факти.
Фактот што ние сме се поставиле на таков начин, да бидеме само извор на ефтина работна рака за странските фирми тоа е наша вина, за тоа никој не ни е виновен.
Видете ја само Кина во што се претвори и сето тоа на крилјата на глобализацијата. Не е спорно дека глобализацијата за некого е лоша појава, но таа е лоша само за оние кои ги начека не спремни, како нас на пример.

Инаку вистина е дека глобализацијата е завеса зад која се кријат веќе старите колонијални сили, само во нова форма, нео-колонијализам. Глобализацијата е далеку поширок поим ако се земе целосната слика. Твојот став не е погрешен. Ти тоа што го зборуваш е нова форма на колонијализам, нео-колонијализам и функционира баш по тој принцип, ти што го кажа.
Големите корпорации влегуваат во некоја утепана држава, еве на пример некоја рандом афричка држава богата со природни ресурси. Ги земаат под концесија за багателна цена, слично како рудниците кај нас, прават "бомбона бизнис" со корумпираната власт во таа афричка држава, слично како кај нас и ги експлоатираат до максимум а воедно го користат локалното население како ефтина работна рака, му фрлаат коски колку да преживее за да може наредниот ден пак да дојде на работа. Во спрега со корумпираната власт ги менуваат законите во нивна корист а на штета на работникот.
Меѓународните банки обично ќе ги презадолжат тие држави, ќе му издаваат кредити иако знаат дека таа држава никогаш нема да биде во состојба да ги врати...позната ви е оваа шема, Грција ви е најсвеж пример а и ние се движиме со крупни чекори кон тоа сценарио.
Со други зборови тие те поседуваат и тоа го прават на генијален начин, без да освојуваат територии тие ги цедат како лимон ваквите држави, паразитираат, се хранат со телото на домаќиниот и еднаш кога се готови се знае што следува.
Тоа е таа нова форма на колонијализам, модерно наречена нео-колонијализам. Верувам дека ти си запознаен добро со оваа шема на делување. Ова беше само пример за помалку информираните и мој обид да се надоврзам кон твојот коментар. Те разбирам кон што целиш е тоа е навистина факт, меѓутоа тука нашите ставови се разидуваат. Во основа тука сме негде само различно интерпретираме некои работи.

Што се случува со државите кои одбиваат да ја следат воспоставената шема. Па...Арапски пролетти, инсталирање на (марионетски режими) "демократија", измислување на непостоечко оружје за масовно уништување како изговор за воена интервенција, "борба" против тероризмот, финансирање на паравоени структури за рушење на легитимно избраната власт и мал милион други методи.

Како што напоменав ова е само еден сегмент на глобализацијата, оној негативниот.
Позитивниот го следи технолошкиот напредок и можностите кои ги нуди и тоа ја прави глобализацијата незапирлив процес.
Глобализацијата како поим не е воопшто нов туку сега е актуелен. Државите никогаш не биле повеќе поврзани од колку што се сега. Доколку пред 10 и нешто години за повеќето од нас беше незамисливо да летаме со авион до некоја подалечна дестинација, беше луксуз, сега за повеќето е како возење со автобус. Порано ретки беа тие што имаат пристап до компјутер и бежичен интернет а денес сите ние носиме мали џебни компјутери и сме поврзани со светот. Добиваме милиони информации во дел од секундата и од најоддалечените места во светот.
Слушаме странска музика, пратиме странска мода...пробуваме да го емитираме западниот стил на живот. Некои ја нарекуваат глобализацијата и "американизација" и до одреден степен и се согласувам.
Падот на Советскиот сојуз беше и делумно заради тоа што не ја предвиде глобализацијата, западната култура и пропаганда до одреден степен е заслужна за неговиот распад.
Затоа според мене глобализацијата е процес во полн налет и посебно оваа културолошка глобализација е невозможно да се спречи.
Како што предходно напоменав, многу држави и се офајдија од овој процес на глобализација.
Нас никој не ни е крив што спаѓаме во групата на афричките држави, сами сме си криви, ние и многу други не успеавме да ги искористиме позитивните страни на глобализацијата кои пред се се однесуваа на технолошкиот развој и поврзаноста.

Па и странските инвестиции не мора да значи дека се лоша работа ако во државата постојат вистинските закони кои ќе ги регулираат. Пример за тоа ви е Ирска. Преку вистински водени политики, со добар план, Ирска се претвори во вистинско економско чудо баш поради тие инвестиции. Вложувањето во образованието, политичката стабилност, инфраструктурата, законската регулатива...за некои бизниси се поважни од тоа дека државата е извор на ефтина работна сила и субвенциите кои државата им ги нуди. Ние тоа го правиме и после некој друг ни е крив оти самите си правиме таква промоција, затоа добиваме и такви инвеститори кои ќе го експлоатираат работникот.
Исто битно е за една економија премногу да не се потпира врз странскиот капитал туку примарен столб на економијата да бидат домашните претпријатија.


Друга работа. Ти веруваш дека светот е во рацете на неколку моќни фамилии кои преку нивните глобални корпорации и медиуми го контролираат светот и влијаат врз формирањето на ставовите на луѓето, односно се стремат кон формирање на една единствена светска влада со нив на чело која ќе управува со целокупното светско богатство и животите на милијарди луѓе. Потоа, федералните резерви на САД или како и да се викаат, местото каде што се печатат доларите, таа институција е во приватна сопственост и се печатат долари секојдневно без покритие. На тој начин преку доларот како светска валута преку која се врши скоро целокупната размена во светската трговија ја контролираат и светската економија. И дека, државите од БРИКС групата на чело со Русија и Кина работат на создавање на своја Светска Централна Банка преку која ќе го отфрлат доларот како средство за размена и ќе воведат своја валута. И дека овие првиве на секој можен начин се обидуваат да го спречат тоа.
Да се надоврзам на систематското уништување на Европа и еврото како пандан на доларот и причина плус за ослабувањето на ЕУ како економски и политички сојуз.
Потоа, демократски избраните влади и демократијата се само параван и марионети зад кои се кријат светските елити во остварувањето на нивните злобни планови за целосна доминација врз светот. Ние сите живееме во некаква илузија дека сме слободни и дека имаме некаков избор...

И сето ова држи вода, има логика освен делот дека сето ова е дел од некаков глобален заговор. Тој дел никако не можам да го сварам, нешто вистински не ми штима. Повеќе звучи како дел од филмско сценарио.
Искрено не сум голем заговорник на оваа теорија. Дека постојат светски елити, постојат, но дека се толку моќни и дека се ова што се случува е однапред режирано искрено не сум убеден.

Мој став е дека работите се такви какви што се, дека не постои однапред воспоставена шема на делување. Постојат моќни луѓе но не до толку за да управуваат со случувањата во целиот свет, сега и во минатото.
Капитализмот како систем е далеку од совршен но е таков каков што е. Во него нема простор за емоции, нема љубов постои само интерес. Колку побрзо го сфатиме тоа толку подобро за нас.

Ти гледаш романтичарски на работите и да речеме дека си во право, тоа не менува ништо. Во овој свет на брзи промени преживува само оној кој е способен најбрзо да се прилагоди. Доколку го изгубиш темпото тој зад тебе ќе те згази и без размислување ќе го завземе твоето место.
Така е во глобалната политика, така е и во секојдневието на обичниот човек, така било од памтивек.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Неколку забелешки:
Како што предходно напоменав, многу држави и се офајдија од овој процес на глобализација.
Нас никој не ни е крив што спаѓаме во групата на афричките држави, сами сме си криви
Во оваа група се и САД, УК и Германија.
Како што напоменав ова е само еден сегмент на глобализацијата, оној негативниот.
Позитивниот го следи технолошкиот напредок и можностите кои ги нуди и тоа ја прави глобализацијата незапирлив процес.
Технолошкиот напредок нема врска со глобализацијата, најголем технолошки напредок се случува во 19 век, кога се актуелни монархиите и ривалството помеѓу нив.
Во 20 век најголем напредок има за време и по 2СВ, Студената војна, на пр. LCD мониторот е измислен во 1962 година, најпознатите алгоритми се измислени во 50-тите и 60-тите.
Space Race, ракетна технологија, нуклеарна енергија.
Денешниот технолошки напредок е заебанција во споредба со оној во минатото.
Исто така просечниот IQ на светско ниво e опаднат за неколку поени во последниве 70 години.
И сето ова држи вода, има логика освен делот дека сето ова е дел од некаков глобален заговор. Тој дел никако не можам да го сварам, нешто вистински не ми штима. Повеќе звучи како дел од филмско сценарио.
Искрено не сум голем заговорник на оваа теорија. Дека постојат светски елити, постојат, но дека се толку моќни и дека се ова што се случува е однапред режирано искрено не сум убеден.
Не си убеден затоа што ги гледаш работите од многу тесен временски интервал.
Ние обичните смртници сакаме се одма и веднаш.
Тие "елити" не го прават ова во една генерација, секој од нив има задача да исполни еден дел од агендата во текот на неговиот живот.
Кога ќе умре, друг продолжува таму каде што тој застанал.

На пример: Планот на Калерги

European Prize for the Chancellor

The European Society Coudenhove-Kalergi has awarded Chancellor Angela Merkel the European Prize 2010.
The prize is awarded every two years for exceptional contributions to the European unification process.



На овој план работат 3 или 4 генерации, од кои последната е Меркел.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Во оваа група се и САД, УК и Германија
Јас последно колку што сум информиран овие држави беа на страната на експлоататорите а не на страната на експлоатираните. Фактот што пуштаат секакво племе да му хара низ државите е поврзан со економското егзистирање на овие држави. Британец и Германец не ти работи како чистач, келнер или качен на градежна платформа за минималец.
Не знам што сте се засекирале толку за нив. Нив му било добро во минатото и понатаму ќе им биде добро. Мислам оти премногу ги потценувате овие држави. Тие никогаш не биле на страната на опструираните, тие секогаш биле агресорот.

Технолошкиот напредок нема врска со глобализацијата, најголем технолошки напредок се случува во 19 век, кога се актуелни монархиите и ривалството помеѓу нив.
Во 20 век најголем напредок има за време и по 2СВ, Студената војна, на пр. LCD мониторот е измислен во 1962 година, најпознатите алгоритми се измислени во 50-тите и 60-тите.
Space Race, ракетна технологија, нуклеарна енергија.
Денешниот технолошки напредок е заебанција во споредба со оној во минатото.
Исто така просечниот IQ на светско ниво e опаднат за неколку поени во последниве 70 години.
Технолошкиот напредок и тоа како е поврзан со глобализацијата. Во суштина тој е и директно одговорен за неа.
Ако ме читате внимателно ќе забележите дека јас никаде не споменав дека глобализацијата е нова појава, сега измислена. Тоа не е ништо ново, концептот постои со векови наназад. Единствено што е релативно ново е терминот "глобализација" и истиот е најизразен сега, во информатичкото доба. Не можете да негирате дека светот сега е поповрзан од било кога. Технолошкиот прогрес придонесе за ширањето на ваквите идеи, како мултикултурализмот. Глобализацијата е само инструмент за ширење, друго ништо.
Дојдовме до терминот глобални корпорации. Ако во 19 и 20 век бизнисите беа ограничени само на одредена територија сега целиот свет е нивно поле на дејствување благодарение на напредокот во технологијата. Седиштето може да се наоѓа во САД и од таму да се делегираат одлуките додека производсвениот процес да е сместен некаде во Кина, ресурсите да се набавуваат од Индија, складиштата да се наоѓаат некаде во Англија а целиот свет да е потенцијален пазар. Процесите на аутсорсинг кои ваквите глобални компании ги применуваат му овозможуваат огромни заштеди и сето тоа благодарение на технолошкиот прогрес.
Па и LCD мониторите и било кој друг пронајдок измислен во 20 век се само зачетоци на ова што се случува сега. Тогаш колкумина имале пристап до тие монитори а колку сега?
Во заблуда сте сите кои мислите дека технолошкиот прогрес не е поврзан со глобализацијата.

Не си убеден затоа што ги гледаш работите од многу тесен временски интервал.
Ние обичните смртници сакаме се одма и веднаш.
Тие "елити" не го прават ова во една генерација, секој од нив има задача да исполни еден дел од агендата во текот на неговиот живот.
Кога ќе умре, друг продолжува таму каде што тој застанал.
Не сум убеден затоа што за тоа не постојат цврсти докази од релевантни извори на информации. Затоа се викаат и теории, затоа што не се поткрепени со факти. Вие можете да ги толкувате сигналите за светски заговор како што сакате и до кога сакате, меѓутоа без цврсти докази од релевантни фактори ваквите теории остануваат во доменот на маалски трачарења, ништо повеќе. Извори од интернет не спаѓаат во групата на цврсти докази за вакви сериозни работи. На интернет секој може да напише и да ги толкува работите како што сака и тоа е главниот проблем кај ваквите теории.

Еве и да сте во право. Еве постојано излегуваат некакви документи за тајни заговори и прислушкувања помеѓу државите. На пример Викиликс и Сноуден обелоденија многу тајни документи и што се случи? Not a single fuck was given that day. Обичниот човек е фокусиран повеќе на мали работи и на преживување. Такви големи работи просечниот човечки ум е тешко да ги процесуира. Заборавете на спонтани револуции во знак на протест. Модерниот човек денес има други приоритети. Премногу е навикнат на комодитет и не е подготвен да се бори за никакви права, освен за далечинскиот од телевизорот и да рмба за да ја плати ратата за станот и ајфонот, кои ионака не може да си ги дозволи.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Технолошкиот напредок и тоа како е поврзан со глобализацијата. Во суштина тој е и директно одговорен за неа.
...
Во заблуда сте сите кои мислите дека технолошкиот прогрес не е поврзан со глобализацијата.
Внимавај, има разлика помеѓу технолошки развој и оптимизирање на производниот процес.
Не сум убеден затоа што за тоа не постојат цврсти докази од релевантни извори на информации
Ете примерот што ти го посочив види го.
Обичниот човек е фокусиран повеќе на мали работи и на преживување. Такви големи работи просечниот човечки ум е тешко да ги процесуира. Заборавете на спонтани револуции во знак на протест. Модерниот човек денес има други приоритети. Премногу е навикнат на комодитет и не е подготвен да се бори за никакви права, освен за далечинскиот од телевизорот и да рмба за да ја плати ратата за станот и ајфонот, кои ионака не може да си ги дозволи.
Тоа е друга тема, она што Ванлок го збореше пред неколку страни
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Внимавај, има разлика помеѓу технолошки развој и оптимизирање на производниот процес.
Технолошкиот развој ги прави возможни ваквите нови производствени процеси. Процесите на производство и ефективно управување со истите на големи растојанија, со цел максимизирање на профитот, преку редуцирање на трошоците за производство, станаа возможни баш поради тој технолошки прогрес.
Светот се глобализира и тоа е неминовен процес. Економиите се меѓусебно поврзани и зависни една од друга. Видовте што се случи со светската економска криза пред десетина години. Од неа не беа погодени само САД туку таа се прелеа и во Европа, ефектите ги почувствува целиот свет. Кризата достигна глобални размери и тоа е клучно за она што го зборуваме а зборуваме за глобални економии и глобални процеси, процеси кои сакале ние или не влијаат врз сите нас на некој начин.

Меѓутоа проблемот не е толку во економскиот аспект на глобализацијата колку што е кај културниот или како што гласи темава "мултикултурализмот и неговата злоупотреба". Тоа вештачко мешање на култури и раси по секоја цена, тие лудачки идеи за формирање на светски влади и еден безличен, хомоген свет, каде индивидуата ќе го изгуби соствениот идентитет и ќе стане дел од една светска каша.
Во тој дел се согласуваме, до тука. Јас единствено не сум доволно убеден дали е ова намерно и потекнува од неколку центри на моќ или светот е навистина отиден во бестрага и никој не седи зад управувачот, сите трипаме и живееме во некој филм како Матрикс каде појма немаме ама баш за ништо, се до оној момент кога на некоја будала ќе и текне да мавне рестарт и се да отиде у три лепе...

Знам дека сум оффтопик. Темата не е поврзана со глобализацијата, се извинувам заради тоа.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Знам дека сум оффтопик. Темата не е поврзана со глобализацијата, се извинувам заради тоа.
Не се извинувај без потреба, мултикултурализмот е еден од симптомите на глобализацијата. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom