Мене ми е смешно кога западот кај нас се меша и се обидува на промовира сожовот, мислам тоа е такво лицемерие...но еве тркалото се врти па време е и тие да го вкусат малку "соживотот". Со свој камен по глава.
Ние барем знаеме што да очекуваме, живееме во мултиетнички заедници со години наназад, на своја кожа го имаме почувствувано национализмот и меѓуетничката омраза, сето тоа before it was cool.
Сега е ред да видиме како ќе се справат западниве "демократии" кога истите проблеми им тропаат на врата.
Глобализацијата и масовните имиграции се неизбежен процес, се иреверзибилни и ќе ги преживее онаа нација која ќе се покаже како најспособна а таква засега нема на повидок.
Неможете да очекувате да експлоатирате некој народ, да уништите цели култури, да ги грабате нивните национални и природни ресурси со векови и на крај да не сносите дел од последиците.
Систематското уназадување на цели држави во Африка и мешањето во внатрешните работи на државите на Блискиот Исток, потрепено сега со климатските промени, неконтролираниот раст на популацијата ќе му се удри од глава на Западот а тоа допрва почнува.
Тоа ви е исто како со стап да чепкате во кошница со разлутени афрички пчели. Кога ќе ги разлутите нема да настрадате само вие туку и сите кои ќе им се најдат на патот, а на патот им се наоѓаме и ние и тоа премногу сме блиску.
Нивните граѓани не се ни свесни што ги очекува, скриени под превезот на привидната демократија и сигурност, бомбардирани со пропаганда и искривени факти на дневна основа од нивните медиуми, тие немаат поим што се случува во светот, дека со својата сигурност ќе го платат пасивниот и лагоден живот кој досега го живееја.
Светот не го сочинува само Западот и неговите 2 милијарди привилегирани членови. Во време на глобализација информациите патуваат со брзината на светлината, светот не е толку изолиран во информативна смисла како некогаш. Тие преостанати 4-5 милијарди несреќници сакаат дел од колачот. Сега се наоѓаат во ситуација како деца пред излог во слаткарница, само набљудуваат а не смеат да пробаат. Го набљудуваат животот на Запад со сето негово изобилие.
Ниедна нација не е толку способна и доволно богата со ресурси за да живее таков живот. Богатсвото на Западните држави е резултат на со векови систематска експлоатација и војни на цели нации. Нивните држави се изградени врз крв а нивните граѓани не се свесни и несакаат да знаат. Изгледа дека нивната игнорантност скапо ќе ги чини.
Јас лично сум против сите овие процеси, не толку дека ми е гајле за Западот туку дека неговиот колапс ќе значи крај и за нас. Ние мора да бидеме свесни дека сме зависни. Мора да играме мудро доколку сакаме да опстоиме. Ова се навистина комплицирани времиња а нашиве политичари немаат поим што се случува, само ќе не дозакопаат.
Ние немаме дефинирани национални интереси, црвени линии...ние сме држава во слободен пад, уклучени на автопилот, а таквите држави се плашам дека ќе бидат најранливи во процесите кои следат на глобално ниво.