Мултикултурализмот, и неговата злоупотреба

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.622
Поени од реакции
26.449
Ова нема ама баш никаква врска со мигранти од разни белосветски вукојебини. ;)
A пропагандата ја знаеш што им се бута на внуците на тие Германци (кои под дифолт сите биле нацисти иако Хипстерот само 15% го поддржувале со членство во партијата) ?
Еве ја ќе ти одговорам : Дека не се криви нацистите и фашистите од Европа за втората светска војна, туку дека Германците како народ се криви за тоа . Иако нечиј дедо бил комунист или антинаци, денес сите Германци под дифолт го носат гревот заради фирерот кој не бил ни Германец туку Австриец.
И заради тоа сега треба да се смилуваат на секоја будала што сака глупости да прави во Германија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.305
Иако нечиј дедо бил комунист или антинаци, денес сите Германци под дифолт го носат гревот заради фирерот кој не бил ни Германец туку Австриец.
Аха разбирам, мислиш на „кривицата“ за злоделата на претците. Да најмногу на Германците, но и на сите белци им се наметнува тоа, колективно.

Епа да, ете го Пуно поназад не убедува дека и ние треба да бидеме „хумани“ и да примиме уште млади машки муслимани на военоспособна возраст, кои инаку ќе се „удават“ во војна. Е да, и без жени и деца. Тие не се во опасност од војни, па останале дома.
 
D

deli

Гостин
@Vanlok факт е дека јас образложив дека освен мојата култура немам против некој друг да ја промовира неговата различна од мојата некоја си друга култура,за разлика од мене ти не сакаш ни една друга култура да се промовира,сите други кои се различни од твојата сакаш да не постојат.
Твоето право да ја промовираш,интерпретираш или компонираш адлибитумски не ти дава за право на некој друг да му забраниш да ја промовира неговата различна од твојата.
Твојот став се коси со основни човекови права.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.600
Поени од реакции
5.219
Вистинските почитувачи на Исламот треба први да сте во редот против радикалните исламисти.
Нели ви е јасно дека во таквите општества НИКОГАШ немало развој, хармонија и научен цивилизациски напредок. Не дозволувајте исламот да биде злоупотребен , зашто ни вие нема да добиете 72девици ;)
Aтеист сум.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.305
за разлика од мене ти не сакаш ни една друга култура да се промовира,сите други кои се различни од твојата сакаш да не постојат.
Не е вистина дека јас не сакам да постојот други култури.
Јас едноставно не сакам други култури да се наметнуваат, неповикано и присилно да ја менуваат мојата македонска култура.

Другите култури нека си постојат таму каде што се индогени.
Јас со задоволство лично проучувам други култури, и немам ништо против другите да ги запознаам со мојата, македонска култура. Но нема да дозволам обиди да се уништи мојата култура.

Твоето право да ја промовираш,интерпретираш или компонираш адлибитумски не ти дава за право на некој друг да му забраниш да ја промовира неговата различна од твојата.
Твојот став се коси со основни човекови права.
Jaс немам право да отидам во Саудијска Арабија, или во Јапан, и таму да „промовирам“ македонска култура, религија, итн.

Но јас имам право да одредам кој ќе влезе кај мене дома, и што ќе му дозволам да „промовира“.
Тоа е моето основно човеково право.
 
B

Bafra

Гостин
Не е вистина дека јас не сакам да постојот други култури.
Јас едноставно не сакам други култури да се наметнуваат, неповикано и присилно да ја менуваат мојата македонска култура.

Другите култури нека си постојат таму каде што се индогени.
Јас со задоволство лично проучувам други култури, и немам ништо против другите да ги запознаам со мојата, македонска култура. Но нема да дозволам обиди да се уништи мојата култура.

Jaс немам право да отидам во Саудијска Арабија, или во Јапан, и таму да „промовирам“ македонска култура, религија, итн.

Но јас имам право да одредам кој ќе влезе кај мене дома, и што ќе му дозволам да „промовира“.
Тоа е моето основно човеково право.
А зашто па да не промениш културата, со текот на времето едни обичаи се менувале и заменувале со други. Жива материја,еволуција
Порано жртвувале девици, па зашто да оставиш таква варварска култура да продолжи со практиката.
Индиската и Кинеската цивилизација пишува во Веда записите под влијание на белиот човек од север, преземале многу нови знаења и обичаи, најверојатно на сила ама за нивно добро.

Значи научи ги т.е. не им дозволувај да останат затуцани а со тоа подложни на манипулации.

Aтеист сум.
Има и поголеми гревови од тоа. :D

Поентата беше јасна, е сега што ти не се сложи, јасно ми е на каде ја тераш водата, ама на крај пак жедни ќе останете.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.305
...со текот на времето едни обичаи се менувале и заменувале со други. Жива материја,еволуција
Порано жртвувале девици, па зашто да оставиш таква варварска култура да продолжи со практиката.
Не. Тоа е друг процес, процес на нормално влијание на соседни култури едни врз други.
Друго е процес на освојување, и освојувачи кои ја наметнуваат својата култура врз поробените. Нас овде без видлив воен пораз, сакаат присилно да ни наметнат промена на нашата индогена култура, и да не направат нешто што не сме, нешто што никогаш не сме биле, нешто што никогаш не треба да дозволиме да не направат да бидеме.

Значи научи ги т.е. не им дозволувај да останат затуцани а со тоа подложни на манипулации.
Повоторно, НЕ.
Не наметнуваме ние, туку ТИЕ НИ НАМЕТНУВААТ НАС. И ни наметнуваат култура која ќе не направи повеќе подложни на манипулации, а не помалку (како што ти во заблуда се лажеш себе си).

Сето тоа е дел од глобализацијата, која ти неразбирајќи што е, ја фалиш и промовираш.
Но таа агенда за глобализација ја тераат истите тие, кои ги поседуваат и сите други индустрии на кои и ти си противник: индустријата за храна (продукти од ГМО и многу пестициди и хербициди), фармацевтската индустрија (профит на перпетуално дилање на лекови, дрога, и вакцини, на светската популација), MIC (воено индустрискиот комплекс)... Итн, итн, има многу примери.

А зашто па да не промениш културата...
Затоа што сум тоа што сум. Не сакам да бидам тоа што тие сакаат јас да бидам. Не сакам да бидам роб во идниот глобален, нов светски поредок.
 
B

Bafra

Гостин
Не. Тоа е друг процес, процес на нормално влијание на соседни култури едни врз други.
Друго е процес на освојување, и освојувачи кои ја наметнуваат својата култура врз поробените. Нас овде без видлив воен пораз, сакаат присилно да ни наметнат промена на нашата индогена култура, и да не направат нешто што не сме, нешто што никогаш не сме биле, нешто што никогаш не треба да дозволиме да не направат да бидеме.

Повоторно, НЕ.
Не наметнуваме ние, туку ТИЕ НИ НАМЕТНУВААТ НАС. И ни наметнуваат култура која ќе не направи повеќе подложни на манипулации, а не помалку (како што ти во заблуда се лажеш себе си).

Сето тоа е дел од глобализацијата, која ти неразбирајќи што е, ја фалиш и промовираш.
Но таа агенда за глобализација ја тераат истите тие, кои ги поседуваат и сите други индустрии на кои и ти си противник: индустријата за храна (продукти од ГМО и многу пестициди и хербициди), фармацевтската индустрија (профит на перпетуално дилање на лекови, дрога, и вакцини, на светската популација), MIC (воено индустрискиот комплекс)... Итн, итн, има многу примери.

Затоа што сум тоа што сум. Не сакам да бидам тоа што тие сакаат јас да бидам. Не сакам да бидам роб во идниот глобален, нов светски поредок.
Нејќел да биде роб :D а сега божем си слободен граѓанин :pos:

Кога треба да бирам дали да живеам во систем/заедница каде БЦ или Грујо се на врвот, или во систем каде Глобалната елита е врвот во секое време изборот ќе е вториот.

Врска Гмо, Вакцини тоа е во главата на луѓето неписмени. Не купувај таквс храна и компаниите поради ПРОФИТ ќе мора да се променат. Вакцини си постои можност да одбиеш, Воена индустрија тоа е поширока тема, ама со глобализацина ќе нема потреба да војуваме меѓусебе ;)

Роб а можеш да се запишеш на било кој факултет, можеш да работиш било што ако те бива, милиони можеш да направиш и вика робови.

Убаво те опишаа ти само кукаш човече, си измислуваш непријатели и бараш оправдување за твојот животен неуспех. Земи таму нешто направи, никој не рече дека е лесно ама јбг.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Не купувај таквс храна и компаниите поради ПРОФИТ ќе мора да се променат. Вакцини си постои можност да одбиеш, Воена индустрија тоа е поширока тема, ама со глобализацина ќе нема потреба да војуваме меѓусебе ;)
..............
Роб а можеш да се запишеш на било кој факултет, можеш да работиш било што ако те бива, милиони можеш да направиш и вика робови.
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Форум е ова, не сликовница па само емотикони да ставиш.
Ако нешто не ти е јасно кажи може ќе ти објаснам а не да кукате дека сте робови и немате избор во животот.
Не бе брат, од тебе објаснување не ми треба, уште помалце можеш да ми кажуваш што и како да пишувам на форумот. За терминот робови очигледно имаш проблем со дефиниција на термините. А за мене дали јас имам избор во животот или не, можеш да коментираш колку сакаш, и така ништо не знаеш во врска со мене. ;) Продолжете со дискусијата, ја ќе спремам уште едно ќесе со пуканки :D
 
Нема шанса да бидеме браќа :P

Немој пуканки штетни се, подобро земи семки од тиква ем добри се за простата.
Сите имаме избор во животот, од нас зависи. Драго ми е што уживаш во дискусијата, но уште покорисно ќе беше да дадеше мислење.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.951
Поени од реакции
34.305
Форум е ова, не сликовница па само емотикони да ставиш.
Работава за многумина е толку очигледно дека си неук, и дека ништо не разбираш. Што да ти објасни човекот, а што јас веќе многу пати не објаснив?

Но барем не си трол, туку само глуп незнајко.
Затоа ќе се обидам пак. И пак ако треба. Пошто ако не ти, тогаш некој друг што ќе чита утре, можеби ќе разбере.

Убаво те опишаа ти само кукаш човече, си измислуваш непријатели и бараш оправдување за твојот животен неуспех. Земи таму нешто направи, никој не рече дека е лесно ама јбг.
Се обидувам да ве разбудам, о’ ти заспана убавице.
Непријатели нема потреба да се измислуваат, ионака ги има премногу. А за мојот „животен (не)успех“ немаш потреба да инсинуираш, пошто не знаеш ништо... Освен ако не ги рачунаш лошите приказни од Ставре, напишани во подрумот на татко му. ;)

Нејќел да биде роб :D а сега божем си слободен граѓанин :pos:
Тоа и ти го кажувам цело време, никој од нас 99.99%-те проценти на планетава: не е вистински слободен.

Роб а можеш да се запишеш на било кој факултет, можеш да работиш било што ако те бива, милиони можеш да направиш и вика робови.
Можеш да станеш богат. Да. Ако си ја продадеш душата, и работиш како хендлер за робовласниците. Но обиди се да кажеш: ќе живеам јас како сакам и ќе излезам од овој систем на корупција и фиат пари, и никој нема да ме екслоатира да работам 24/7 заради привид на слобода и 10 дена „одмор“ годишно. Тогаш ќе видиш колку навистина си „слободен“.

Врска Гмо, Вакцини тоа е во главата на луѓето неписмени. Не купувај таквс храна и компаниите поради ПРОФИТ ќе мора да се променат. Вакцини си постои можност да одбиеш, Воена индустрија тоа е поширока тема, ама со глобализацина ќе нема потреба да војуваме меѓусебе ;)
Да сигурно, кажи им го тоа на САД каде присуство на ГМО во храната не е законски обврзано да се декларира на производите. Истите закони и правила ќе дојдат и овде, како и сите други правила и закони кои важат овде. Вакцини ќе одбиваш, се додека не донесат поригорозни закони. Во меѓувреме ќе продолжат да ти препишуваат терапии кои не те лечат туку те одржуваат во статус кво - доживотно зависен од примање на лекови, а за сеприсутните зависности од разните аналгетици и седативи подобрно да не почнувам.

Патем: само голем незнајко може да мисли дека со финализирање на глобализацијата немало да има војни и судири. Како робовладетелите ќе владеат, ако нема поделба и divide et impera?
Не, глобализацијата е за да не стават сите под истот јарем, а поделбите ќе си останат и уште повеќе ќе се продлабочат: религиозните поделби првенствено, религијата е главниот метод за divide et impera во светов денес.

[DOUBLEPOST=1503839364][/DOUBLEPOST]
Кога треба да бирам дали да живеам во систем/заедница каде БЦ или Грујо се на врвот, или во систем каде Глобалната елита е врвот во секое време изборот ќе е вториот.
^^
Гледаш ли колку си целосно и тотално неук?

Тапчо еден, глобалната елита е цело време на врвот.
На тие куклари сега главната кукла им е Заеб, исто како што порано тоа бил Грујо, и БЦ/ЉуБчо пред него, и други пред нив. Утре некој друг ќе дојде, и тој исто така ќе биде марионета.

Пошто мнозинството наши сограѓани се глупи и неуки, токму како тебе. :(
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Работава за многумина е толку очигледно дека си неук, и дека ништо не разбираш. Што да ти објасни човекот, а што јас веќе многу пати не објаснив?

Но барем не си трол, туку само глуп незнајко.
Затоа ќе се обидам пак. И пак ако треба. Пошто ако не ти, тогаш некој друг што ќе чита утре, можеби ќе разбере.

Се обидувам да ве разбудам, о’ ти заспана убавице.
Непријатели нема потреба да се измислуваат, ионака ги има премногу. А за мојот „животен (не)успех“ немаш потреба да инсинуираш, пошто не знаеш ништо... Освен ако не ги рачунаш лошите приказни од Ставре, напишани во подрумот на татко му. ;)

Тоа и ти го кажувам цело време, никој од нас 99.99%-те проценти на планетава: не е вистински слободен.

Можеш да станеш богат. Да. Ако си ја продадеш душата, и работиш како хендлер за робовласниците. Но обиди се да кажеш: ќе живеам јас како сакам и ќе излезам од овој систем на корупција и фиат пари, и никој нема да ме екслоатира да работам 24/7 заради привид на слобода и 10 дена „одмор“ годишно. Тогаш ќе видиш колку навистина си „слободен“.

Да сигурно, кажи им го тоа на САД каде присуство на ГМО во храната не е законски обврзано да се декларира на производите. Истите закони и правила ќе дојдат и овде, како и сите други правила и закони кои важат овде. Вакцини ќе одбиваш, се додека не донесат поригорозни закони. Во меѓувреме ќе продолжат да ти препишуваат терапии кои не те лечат туку те одржуваат во статус кво - доживотно зависен од примање на лекови, а за сеприсутните зависности од разните аналгетици и седативи подобрно да не почнувам.

Патем: само голем незнајко може да мисли дека со финализирање на глобализацијата немало да има војни и судири. Како робовладетелите ќе владеат, ако нема поделба и divide et impera?
Не, глобализацијата е за да не стават сите под истот јарем, а поделбите ќе си останат и уште повеќе ќе се продлабочат: религиозните поделби првенствено, религијата е главниот метод за divide et impera во светов денес.

[DOUBLEPOST=1503839364][/DOUBLEPOST]
^^
Гледаш ли колку си целосно и тотално неук?

Тапчо еден, глобалната елита е цело време на врвот.
На тие куклари сега главната кукла им е Заеб, исто како што порано тоа бил Грујо, и БЦ/ЉуБчо пред него, и други пред нив. Утре некој друг ќе дојде, и тој исто така ќе биде марионета.

Пошто мнозинството наши сограѓани се глупи и неуки, токму како тебе. :(
Среќа Македонија има херои како тебе па цела ќе е :D

За да дојде до целосна глобализација еден од начините е како што е опишано во протоколите на мудреците. Целосен хаос да се направи, религиозните фанатици меѓусебе ќе се поништат, патриотите исто меѓу себе ќе се поништат, а тие што ќе останат после тоа ќе живеат во еден систем, една религија. Нееднаквост сигурно ќе има но би требало да биде според придонес во општеството.

Многу обожаваш да ги нарекуваш другите глупи а ти најпаметен. Со тој Ставро ко близнаци сте :cautious:
Бар да можеше да потврдиш некоја иновација, некоја активност со која си го подобрил сопствениот живот а и на другите, или на кој начин се бориш против големите :P
Тоа некој вид искомплексираност ќе да е. Ти дури си полош за општеството него ли некој си Ротшилд.

Па уште да не разбуди :cuc:
Научи дека малите нешта гравитираат према големите, а ненобратно. Природен процес е тоа, помири се, секој отпор ти е залуден. Во реалноста сигурно си пиуцкаш кока кола, користиш Самсунг мобилен итн ама битно немал роб да биде :X3: :pipi:

Ако не ти се допаѓа општеството, слободно не живеј во него. Формирај си свое па ако е поубаво и јас ќе дојдам.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.600
Поени од реакции
5.219
Има и поголеми гревови од тоа. :D

Поентата беше јасна, е сега што ти не се сложи, јасно ми е на каде ја тераш водата, ама на крај пак жедни ќе останете.
Нема радикален ислам, имаме само ислам кој по денешните сфаќања е радикален сам по себе.
Порано кога не се залагав со религија, онака бев муслиман, и мислењето ми беше дека исламот е решението и штета што нема вистински муслимани, но кога читав за неа денеска мислам дека муслиманите на денешницата се подобри од исламот, среќа наша што не постојат вистинските муслимани, барем не во голем број.

А албанците не треба да се дистанцираат од радикалниот ислам, треба да се дистанцираат од религијата на исламот воопшто и политички да се католизираме. Тоа е решението за албанците, на долг рок секако. После природно религијата целосно ќе намалува до атеизам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom