- Член од
- 20 април 2009
- Мислења
- 994
- Поени од реакции
- 946
Лед Цепелин имаат еден уникатен начин на пишување на нивната музика...За првпат една рок група се насочува кон американскиот блуз и фолклор, и всушност тука треба да се бараат корените на нивните идеи. Јасно е дека на својот пат тие превземале идеи, но начинот на кој го обработиле и крајниот производ од тоа е БЕЗВРЕМЕНСКИ. Ќе се согласам со вас дека Пејџ е еден од најдобрите гитаристи на сите времиња, дури и тотално надуван правеше чуда со гитарата, но би се задржал на ритам секцијата..Сигурно сте заприметиле дека тоа е душата на бендот, толку софистицирано и свирење доведено до совршенство кое дава одлична основа за мајсториите на Пејџ и Плант, дури на моменти и ги покрива нивните грешки..Тоа е страшно! Според мене сите бендови од тоа време кои беа славни имаат неверојатна ритам секција, која е најдобрата подлога за да се развијат гитаристите како Блекмур, Ајоми и споменатиот Пејџ..Голем дел од нивната популарност, на нивниот стил се должи токму на нив..Не можам да кажам која песна ми е омилена, тешко е да се издвои една. Но кога ќе погледнам дека еден Слеш, еден Дејвид Ковердејл еден Кози Пауел учеле и во моменти од нивната кариера дури и ги имитирале работите кои ги правел овој бенд, сваќам дека можеби и се најголемата рок група на сите времиња. Пионери на се она што следуваше понатаму...