Музичко име на тапет : Coldplay

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Black Sabbath

(постава: Geezer Butler, Tony Iommi, Bill Ward, Ozzy Osbourne)​


Black Sabbath се англиски хеви метал бенд, формиран во Астон, Бирмингем во 1969 година од Ози Озборн (вокал), Тони Ајоми (гитара), Geezer Butler (бас гитара), и Бил Ворд (тапани). Оттогаш бендот има искусено повеќе промени во составот, единствено Тони Ајоми остана постојан член на бендот низ годините. Вкупно 22 музичари некогаш биле членови на Black Sabbath.

Првично формиран во 1968 година како хеви блуз рок бенд наречен Earth, а подоцнаво 1969 година преименуван во Black Sabbath, бендот почнал да спојува окултни и хорор-стихови со ниско наштимани гитари и достигна до повеќе платинумски плочи во 1970-тите. И покрај поврзаностa со окултни и хорор теми, Black Sabbath, исто така, напишаа песни кои се занимаваат со социјална нестабилност, политичка корупција, опасностите од злоупотреба на наркотици и често апокалиптични пророштва на ужасите од војната.

Black Sabbath, како и Led Zeppelin и Deep Purple, се често нарекувани пионери на хеви металот. Бендот помогна да се дефинира жанрот со албуми како четирикратниот платинумски албум Paranoid, издаден во 1970 година. На МTV беа рангирани како "најголем метал бенд" на сите времиња. Тие имаат продадено над 15 милиони плочи само во Соединетите Американски Држави и повеќе од 70 милиони плочи низ целиот свет. Black Sabbath беа примени во "Рокенрол салата на славните" во 2006 година , а беа вклучени во листата на 100 Најголеми изведувачи на сите времиња на Ролинг Стоун.

Поради прекумерената конзумација на дрога и алкохол, вокалистот Ози Озборн беше отпуштен од бендот во април 1979, после што започна многу успешна соло кариера, продавајќи повеќе од 55 милиони албуми. Тој беше заменат со поранешниот вокалист на Rainbow, Рони Џејмс Дио. После неколку албуми во соработка со вокалите и текстовите на Дио, Блек сабат претрпи повеќе промени во составот во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век кога членуваа вокалистите Јан Гилан, Глен Хјуз, Реј Гилан и Тони Мартин. Во 1992 Ајоми и Батлер повторно се соединија со Дио и тапанарот Вини Апајс и го снимија Dehumanizer. Оригиналната постава со Ози Озборн повторно се обедини во 1997 година и издаде албум во живо.

Поставата од 1979–1982 и 1991–1992 година со Ајоми, Батлер, Дио и Апајс се реформира во 2006 година под името Heaven and Hell и опстојуваа се до смртта на Дио на 16ти мај 2010 година. На 11ти ноември 2011, оригиналните членови на бендот изјавија дека повторно се соединуваат и снимаат нов албум.
Предходната година на 8 јуни го снимија и нивниот деветнаесетти судиски албум под името 13. Нумерата God is Dead зема греми за најдобара хеви метал трака оваа година.
Очекувам да се развие дискусија за, според мене, број еден бендот во сферата на металот и металопроизводството.​
 

Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.063
Поени од реакции
7.023
Првиот метал бенд, до ден денес е релевантен и добар, nuff said. Првата метал песна :

 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
пред некое време ги бев спомнал и требаше да напишам нешто за нив, но за жал време има се’ помалку, па и овие повремени посети на форумов :(
на времето кога бев млад, зелен, недефиниран со музичкиот вкус, кога лутав низ светот на музиката, и кога имав среќа да имам за другар еден човек кој ми ги отвараше очите, ми ги беше спомнал блек сабат. нормално, не ми легнаа од прва, што знае дете од 14 год, но сепак оваа песна ми се моташе низ глава цело време.
но, едно големо НО, сето тоа се смени кога излезе следнава песна на ози (како солист и сингл во 1987), која ме “натера“ да се вратам наназад во времето и проанализирам многу подобро блек сабат. инаку песната е оргинално изезена во 1980
и навистина, 1987 и 1988 се години кога ја осознавав музиката, нејзините поделби и стилови, и кога го издефинирав својот вкус за музика, кој и до ден денес ме прати.
израснав со ози, со лед, со стиви ваи, вајт снејк, ...... да набројувам? :P
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Како неметалец најдобра песна од Сабат и едно од најдобрите психоделични парчиња според мене ми е Планет Караван. Тешки трипови е песната, кој знае што имаат голтано јадниците.
Култен бенд кој заедно со Blue Cheer, Armageddon имаат измислено влијателен музички правец.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Одличен “тапет“. Браво @Andrew
Еден од бендовите кои донесоа револуција во рок музиката и предводници на метал звукот. Успешен кам бек минатата година со албумот „13“ во скоро оригиналниот состав (освен тапанарот Bill Ward).
Старо новите Сабат и денес одлично звучат. Покрај добро познатата "God is dead?", Целиот албум одличен.

 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
последниов албум беше типично сабатски, солиден за мене, томи и батлер бест дуо, планет караван најака балада, еден куп други песни кој сум ги слушнал, Ози звер, Дио и heaven and hell најмногу ме бендисаа.
со бендов почнав 5-6, знам дека после лед цепелин и мејден следеа овие :)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.164
Поени од реакции
6.042
Никогаш не сум навлегол подлабоко во дискографијата на Black Sabbath, како на пример што имам навлезено во дискографиите на Iron Maiden, Blind Guardian и други бендови. Не знам зашто, можда пошто премногу имаат менувано пејачи, па не сакам на секои два-три албума да слушам нов вокал. Таков сум, јеби га, превише внимание посветувам на вокалите и превише се приврзувам за нив изгледа. :) Баш од тие причини не ми лежат Maiden со Blaze Bayley, Judas Priest и Iced Earth со Tim The Ripper Owens, а Helloween со Andi Deris не можам да ги смислам.

Сепак како првиот метал бенд, не можам да не ги почитувам. Речиси секој метал бенд после нив дел од својата инспирација ја црпи од нив. Песни како Black Sabbath, Paranoid, Iron Man и други од првите два албуми се легендарни и безвременски.

Кога сме кај пејачите, за многумина Sabbath не е Sabbath без Ozzy и тој е незаменлив за нив. Сепак за мене број еден, не само како вокалист на Black Sabbath, туку и општо како вокалист во метал светот е Dio. Човекот кој е role model за многу метал вокалисти. Човекот кој додека бил (викам бил пошто не сум бил роден тогаш :) ) во Sabbath ги популаризирал "ѓаволските рогови", поздрав кој денес го користат повеќето металци.

 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Една од појаките такоџе.
dat bass :D

Со “најстрашниот“ текст.
оваа ми беше првата која ја имав слушнато, почнав со сабат најпрвин со еден концерт од 90 и некоја, и знам дека оваа беше прва песна, премногу моќна :)
the last supper се викаше ДВДто :)
 
Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
Сабат дефинитивно е само со Ози, иако Дио подоцна и Тони Мартин направија одлична работа.. Албумот со Гилан не ми е некако по вкус, можеби дека не ми се допаѓа бојата на гласот..Дефинитвно најдобриот и најуникатен Хеви метал бенд според мене. Се после нив е само копирање во некој дел.. Речиси и нема бенд кој не превземал од Сабат. Ги сакам со Ози дека звучат многу сирово, многу природно..Тој звук е незаменлив..Ајоми е приказна сама за себе.. на човекот му фалат делови од прстите, се бореше со ракот и што уште не.. Можеби и тоа е тајната на мрачниот звук на гитарата на Блек Сабат.. Мора да се спомене и ритам секцијата која според мене е душата на овој бенд..Се надевам дека ќе дојдат некој ден близу до Македонија па да ја имаме таа чест да ги гледаме во живо..За крај една од моите омилени песни од ерата на Дио..најкомплетниот хеви метал вокал на сите времиња..


 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.881
Поени од реакции
11.597
Најдобриот бенд ева. Не можам да коментирам кој бил боље дали дио, ози, трајко ,петко, станко, зошто цела дискографија им е врхунац.
Не можам да избераммеѓу лејди ивл/чилдрен оф д си или параноид/ворпикс/сноублајнд итн...
Имав прилика да ги слушам пред 9-10 години во Софија и после тоа се ми беше излишно.
Дури и хедлес крос го истетовирав во нивна чест.
Секогаш ќе останат ин мај харт, гоу он ен он ен он ен он....САБАТ!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom