Музичко име на тапет : Coldplay

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Многу ми се како црковни... некои... такви, како попови како да пеат. Мразам попови кога пеат.
Еднаш ги видов на Аларм фестивал, и побегнав од тој стејџ. Еднаш бев у скопје на нивен настап, ама не ни знаев дека се Мизар, си имав други занимации и чекав да завршат.
Значи Мизар те потсеќаат на црковно пеење?

Како само се сети. Многу си перцептивен. И бистар.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Сега ќе се обидам да ти пренесам една мисла. За да ја разбереш, мораш благонаклоно да се поставиш спрема неа, да ја осетиш мислата. Ако се обидеш да ја примиш таа мисла со мешавина на тинејџерски бунт и сциентистички фанатизам, ништо нема да разбереш.

:)

Прво, инсистираш на очигледното. Јасно е дека не може да се постават објективни критериуми во областа на уметноста. Ако си доволно упорен, и доволно плиток, ќе морам да признам дека е објективно невозможно да се каже зошто е Дејвид Боуви гениј, а Бобан Рајович сељак.

Арно ама, сепак некако се знае сето тоа. Е тоа некако мораш да го разбереш. Тоа е моментот кога ти велам деја вкусовите не обликуваат. Некој создава уметничко дело, некој го перцепира како такво. Создавањето на уметноста е двостран процес, од една страна е оној кој стоздава, а од другата страна е оној кој ја конзумира таа уметност. Во тој двоен процес на создавање на уметноста, луќето се дефинираат себе си.
Е, болдот. I can live with that.
Те контав од старт ја, само сакав онака убаво, читко да го разглобиме. :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
На оваа нивна кршам чаши и сечам вени.

Со самото пеење алилуууууииииија ме смирува, ова атеистиве материјалистиве не можат да разберат :icon_lol:. Ако е критично попско настроена една од најдуховните песни што сум ги слушнал :icon_lol:.

 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
И црковната музика има голема вредност и интересна хармонија...

Инаку од последните песни, оваа ми е страшно добра песна.

 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Значи Мизар те потсеќаат на црковно пеење?

Како само се сети. Многу си перцептивен. И бистар.
хахаха... е добро де Ставрогин, нели темава е за вкусови, ја само си кажувам дека у таа музика неможам да се пронајдам, значи не ја сакам. Не викам дека оној кој слуша мизар, лајбах, Einsturzende Neubauten и други се матни луѓе, мож се по совршени од мене 10 пати. Ама ја сум тоа што сум и не ми се свиѓа, поштено. :)
Јас транс музика несакам воопшто а сум бил на многу фестивали, не ради музика него ради луѓето, ради трансерите, они ми се супер луѓе.
Исто сум бил на мизар за да се дружам со луѓе кои сакаат таква музика, за преко нив да разберам. Тоа е како да учиш нечија религија. Немора да ја прифатиш, ама добро е да ја познаваш. :)
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
IRON MAIDEN

Iron Maiden е британски хеви метал бенд кој постои од 1975 година.
Основач на бендот е Стив Харис кој е басист и автор на многу (ремек) дела кој се застапени во нивната голема дискографија која брои 15 студиски албуми. Моментални членови се
· Стив Харис-Басист
· Брус Дикинсон – Вокал
· Адриен Смит – Гитара
· Дејв Муреј-Гитара
· Јаник Герс – Гитара
· Нико Мекбрајан- Тапани
Исто така од голема почит треба да се вметнат и поранешните фронтмени на овој бент како Пол Ди анио и Блејз.
Мејден црпат слава од тие историски текстови, мелодична метал музика кој е уникатна во нивно време, моќниот вокал на Брус , страшната енергија и атмосфера која ја придонесуваат на нивните концерти и морам да го спомнам Eddie
Edward e маскотата и лицето на бендот, интегриран во секој албум и секој настан.
Едноставно неможе да се замисли Мејден без Eddie, тој е the evil that man do, the number of the beast, the one who we fear in the dark, the path to the brave new world, the reincarnation of Benjamin Breeg , the curse of the albatross итн.
15 албуми со препознатлив стил, со мрачни и светли лирики, со смрт и реинкарнација, со страв и храброст, со паганизам и христијанство, во песните и албумите на мејден можете да најдете апсолутно се, од битката на балкава, до проколнатиот морепловец, од седмиот син на седмиот син, до страшната 41ва и борбата над британија, историски точни во најголем случај, изработени во епски песни и моќна музика, со одличен вокал и уште појако гитарско соло.
Едноставно со мејден се учи историја, се учи класика, се учи и филозофија.
Како прв метал бенд или посериозен бенд(не сметајќи го метеора на линкин парк кој ми беше првиот албум што сум го слушнал) се навлеков уште од првата нумера а тоа беше holy smoke,па потоа дојде 2 minutes to midnight и веќе почна да се слушаат албум по албум.
Иако досега со исклучок на еден албум немаат утка според мене, за најомилен сеуште ми останува Brave new world.
Кога во 2006 го гледав rock in rio DVD edition.Кој претходно го барав во сите видеотеки во прилеп, решив и си ветив на самиот себеси дека еднаш ќе одам на нивни концерт па макар и последно нека е
Годинава ја имав таа чест за seventh son турнејата да ги начекам во Загреб, најквалитетно потрошени 140 евра во мојот живот. Сега се нафаќам и во виена да отидам, и ако треба и подалеку , мејден вредат, мејден се театар за концерти, нешто како шекспир во драма.

ќе ставам некоја песна само и комплетниот албум brave new world. али во секој случај овој бенд заслужува да се ислуша комплетно
@Forrest Gump или @turvior нека го средат насловот
@Andrew закаснато али не заборавено :)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Поим за вистински хеви металци со прави јајца у нивната музика, заедно со Блек Сабат и Џудас Праист, се дечкиве.
И на пример да ја постирам химната нивна.

 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Архетип за многу денешни бендови. Пуни со енергија, интересни тематики. Просечни инструментално али ипак.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.232
Еден од бендовите кои немаат големи осцилации помеѓу квалитетот на албумите, со тоа и стилот на музиката што ја создаваат. Веројатно најголема промена се моментите кога Брус ги напушта, па на негово место доаѓа Блејз Бејли, па тие два албуми се сметаат за едни од послабите во нивната дискографија.
Нивна препознатливост е што останаа тие што се, не пробуваа многу, не менуваа многу, не правеа скапи спотови, не навлегоа во бизнисот толку длабоко, грешки (за фановите) кои ги направија токму Металика.
Од создавањето на бендот дечкиве си го свират тоа што го знаат најдобро, нема потреба да менуваат, тоа што го прават функционира, зрачи со енергија, кога ќе рикне вокалот на Брус (и ден денес го држи) веќе си спремен за шутка, додека се убацуваат трите гитари со своите солажи, слушателот се заборава од мелодии и вонземско свирење, но ништо од ова не би функционирало исто без препознатливиот и доминантен бас на основачот Стив Харис, кој е душата на бендов.
Текстуално албумите им се цели енциклопедии по историја, литература, воени и митски тематики, на моменти и вселенски и мистични.
Бендов има навистина многу квалитетна музика и ќе ставам само неколку песни кои го карактеризираат тоа што го напишав за нив, во спротивно ќе се укочи темава од ставање на цел арсенал квалитетни песни :)

Антологиската, песниште од секаков аспект, најмалку од наш патриотски, тоа што се збори за Александар е само добра коинциденција за маестралноста на цела песна :)

Антивоената

Од првите два албуми со Пол ДиАно како вокал, пред да дојде Брус

Легендарната

Една од моите омилени, може и омилена, а истоимениот албум еден од послабите



Стварно има уште многу што да се става од Мејден, на моменти и чудно ми е што во темата за Мејден нема ни 20 страни испишано, а на пример ("случајно" нив ги посочувам) за Рејдиохед стигна до 60 ако не се лажам :confused:

Како и да е бендов е безвременски, пример за енергичен, константен и текстуално многу, многу силно поткован бенд.
Без двоумење го ставам во Топ 10 бендови на сите времиња.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Oд никогаш не ме примиле максимално. Сум ги слушал во оние средношколски денови, но не сум се доживеал со музиката. Технички се ок, вокалот е препознатлив исто ок, има убав распон али ете.....шо знам.

Од непостираните би ја додал уште една која ми беше така прилично поинтересна песна.


П.с шо се 60 страни за Редиото, одиме на 500-то.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Iron Maiden секогаш ми биле еден од најдосадните бендови од елитата во метал музиката. Ни доволно брзи и агресивни, ни спори и тешки (читај депресивни), ептен тралалајки песни имаат. Мое мислење, нели :)
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.900
Поени од реакции
11.232
Кул што има поделени мислења, него молба до модераторите, да не ги ставате Металика многу скоро, да не се поклопат со Мејден и сл. нека пројдат некои други бендови во меѓувреме... негде на половина на наредна година би ги ставил јас :)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Ако имате предлози пишете ги или тука или во порака, секогаш се добредојдени.
Лујџето мене ми пишат, ај остај сеа. :свиркам:
Иначе, muse се наредни у договор со @Expecto Patronum :)
 
Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
Мејден се еден од најдобрите метал бендови на сите времиња. Пионерите на новиот бран на хеви метал кој се појави некаде кон крајот на 70 тите години, и според мене се уникатна група. Треба само една нота да слушнеме и знаеме сите дека тоа е Мејден. Никој не може да го копира тоа, а многу значајно е тоа што со текот на годините тие останаа доследни на својот стил..Можеби најслаб период беше онај кога пееше Блејз Бејли, но тоа не е поради тоа што е слаб вокал, туку поради тоа што едноставно ја немаше таа висина како Брус..Мене лично омилен албум ми е The Number of the Beast, а после него Seventh son of a seventh son..Некој погоре имаше напишано дека се просечни инструменталци, во ред го ценам секое мислење. Но, слушнете го Beast over Hammersmith снимен на почетокот на кариерата на Брус Дикинсон во групата. Момците свират без ниедна грешка, подобро од албумот. Не познавам ниеден бенд кој толку добро звучел на почетокот на кариерата...И верувајте не е воопшто лесно да се направат тие ремек дела како што се нивните најголеми хитови. Во едно интервју Стив Харис изјави дека целта на групата е да бидат мелодични, а сепак да се задржат тие хеви елементи. За тоа добиле признание и од најдобрите хеви метал артисти на сите времиња, Дио на пример не пропуштал ни еден концерт кога Мејден доаѓале во Америка. И она што е најдобро од се е дека имаат фанови насекаде низ светот. Нема место каде што не може да соберат над 15 000 публика минимум. Мој сон е еден ден да дојдат на Арена Филип Втори, или пак во Борис Трајковски, но кој знае дали ќе се исполни..Мислам дека Авалон треба да се потруди и да ги донесе онака како што ги донесе во Белград неколку пати..Пред тоа сметам дека треба да земат една до две години пауза, бидејќи се чувствува заморот, а Брус најави и дека во иднина ќе снимат уште еден албум..За крај ќе ве оставам со изјавата на Ларс Урлих која ја даде во документарецот што излезе пред неколку години...МЕЈДЕН СЕКОГАШ БИЛЕ ЗА 10% ПОДОБРИ ОД СИТЕ ГРУПИ... СЦЕНСКИОТ НАСТАП, ЕДИ, ВОКАЛОТ, ED FORCE ONE, ФАНОВИТЕ..СЕТО ТОА Е УНИКАТНО И ГОЛЕМ ПРИМЕР ЗА СИТЕ ГРУПИ!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom