Музички клуб: KRANKŠVESTER V (2021) на Krankšvester до 21.04.2022

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Да пишам и јас нешто за албумов, го преслушав на работа пред некој ден ама не ми се здаде прилика да пишам.
Бендот како бенд се гледа дека знај да свири, т.е е технички поткован бенд. Ги имав некаде слушнато со некоја преработка пред некоја година, така ми е запомнето и уште тогаш сум ги фатил на радар ко бенд.
Што се однесува на албумот, повеќе им ги сакав брзите песни, кои наликуваа на Култур Шок како што кажа членот погоре. Мислам дека и во тој правец требало некако да се движи бендов. Ама не можев а да не го сетам моментот кога пробуваат да бидат подопадливи за поширока публика, или поконкретно кажано, да бидат помеки, да звучат покомерцијално и поприфатливо. Е тој дел од песните ме иритираше. Пример ќе ја земам 4-тата песна. Рефренот по ниш не ми се разликуваше од песна од Аца Лукас, онака кафанско пеење. Ги имаше неколку такви песни кои искрено малку и ме изиритираа :D Општо во цела уметност, не само музика и филмови пример, литература, ме иритирало кога пробувале уметниците да бидат допадливи за поширока маса, т.е да се наштимаат така. Пример петтата песна која иди после 4-та, иако понародњачка, е поавтентична и повеќе ми се допаѓа од 4-тата.

Како и да е, добро искуство музичко, кое би го слушал да речеме кога имам седенка со рокери и фолкери. Мислам дека баш би се пронашле сите заедно во некоја точка дури тера музиката :D

6.5 oд мене, ќе одеше накај 7-ца ако ги немаше тие делови за кои пишав дека ме иритираа.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Утре поставуваме нов албум на тапет.
Засега само двајца преслушале?!
 
Член од
5 април 2015
Мислења
517
Поени од реакции
5.062
Кога би го опишал овој албум во неколку зборови, би рекол мешавина на Отомански и Југословенски Рок, со турбофолкерски трилери. Можеби тоа е и суштината на модерниот Босански рок.

Песни кои од прва ми се допаднаа се: Sabah zorom, Baksuz maksuz, Sivo, Zena ko san, Dunja, Hej da mi je, Prijedor nije daleko.

Интересен обид за создавање уникатен звук. И токму за ова, групава и албумов се за поздравување. Но, квалитетот на песните може да се подигне уште. Да се додават други тонови, детали, нијанси. Вака изгледа како албум снимен во гаража со маалските другари. Нешто недостасува.

Од мене албумот има 6.5/10 ѕвезди.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.355
Бендов го запознав, благодарение на оваа изведба. Ве молам преслушајте ја. И замислете како би звучело кога текстов би се пеел на англиски :vozbud:Перверзија


Бендов ми се допаѓа, затоа што се 3 интересни човечиња (тапанарот посебно, т.е Џепар Арена:pos:), крајно заразни, богат и раскошен вокал. Официјално се декларираат како рок бенд, ама тој спој на рок со народни елементи, зачинети со електричните гитари им дава посебен шмек.
Секако дека се наоѓаат замерки и секако дека квалитетот на песните треба да се подигнува на повисоко ниво, ама убаво е кога за промена ќе се слушне нешто поразлично
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.876
Поени од реакции
27.066
Бендов го запознав, благодарение на оваа изведба. Ве молам преслушајте ја. И замислете како би звучело кога текстов би се пеел на англиски :vozbud:Перверзија


Бендов ми се допаѓа, затоа што се 3 интересни човечиња (тапанарот посебно, т.е Џепар Арена:pos:), крајно заразни, богат и раскошен вокал. Официјално се декларираат како рок бенд, ама тој спој на рок со народни елементи, зачинети со електричните гитари им дава посебен шмек.
Секако дека се наоѓаат замерки и секако дека квалитетот на песните треба да се подигнува на повисоко ниво, ама убаво е кога за промена ќе се слушне нешто поразлично
Оваа песна многу Аца Лукас ми звучи. Инаку ја слушав без да го гледам спотот.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Нареден албум кој го слушаме во темаа е:
Shakespears Sister - Hormonally Yours (1992) по предлог на @Bolsson

Ги повикувам да ни се приклучат сите заинтерсирани :D

Shakespears Sister започнува како соло проект на британката Шивон Фахеи, поранешна членка на групата Bananarama (Venus, Cruel Summer), подоцна придружена од американката Марсела Детроит.
Уникатниот спој на двата комплетно различни вокали, ја прави оваа група да биде една од највпечатливите во екот на својата популарност.

Насловот „Hormonally Yours“ произлегува од тоа што и двете членки биле бремени додека самите го пишувале и снимале албумот.
Се издале 5 сингла, од кој најпознат е синглот „Stay“, кој 8 последователни недели бил бр.1 во Британија и во Топ 5 во Европа, Канада, САД, и Австралија.

Како продуценти на овој албум се јавуваат Дејв Стујард (Eurythmics), Крис Томас (Beatles, Pink Floyd, Roxy Music, INXS), Алан Молдер (Nine Inch Nails, Moby, U2, Depeche Mode).

 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
@Erich Zann извини што се мешам во темава без да учествувам, ама чисто да те потсетам наслов да смениш :oops:
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.876
Поени од реакции
27.066
@Erich Zann извини што се мешам во темава без да учествувам, ама чисто да те потсетам наслов да смениш :oops:
А зошто не учествуваш ? И така си редовен играч во Кајгана сонг контест :icon_mrgr:
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ај да пишам збор два за албумов. Солиден албум, кој кога го пуштив ми направи филм како да е создаден за онака, возење со колата по автопат, со некое не многу јако сонце, некаде 18 часот пример, летно време, со отворени пенџерчиња. Лабав албум, не би рекол дека е многу опасен, онака слушлив мислам дека секој би можел да го слуша, нема некоја специфика конкретна.

Ko да ги имав некаде заслушано сестриве, не знам дали на радио, дали на работа исто на радио бидејќи кога пишувам често пати слушам музика, т.е постојано. Се сеќава некој 90-ти шмек во самата музика, што го одделува пример јасно од 80-ти или од 2000-та наваму. Генерално сите песни ми беа oк, а ако треба да издвојам една, втората некако ми беше најдобра.

Малце ме иритираа високотонците кај една од пејачките кои беа чести кроз песните, пошто тој е стилот.

Генерално добар албум на кој би му дал 6.5. Да ме фасцинира нешто ептен страшно не, ама ми беше солиден за промена. И мислам дека некогаш ќе го пуштам дури возам :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Слабо клубов не ме радува некако....ај ќе ги извртиме досега предложените албуми, колку сме толку сме. Па за понатаму ќе видиме.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.355
Имаме време уште 3 дена (вклучувајќи го и денешниот). Ќе биде испочитуван дадениот рок :)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.355
Првично самото име „Hormonally Yours“ на вторниот студиски албум на Shakespears Sister многу ми се допаѓа. Ги преслушав и останатите три, „Sacred Heart“, „#3“ и „Songs from the Red Room“, но со Hormonally Yours постигнаа најголем успех. Класичен поп рок бенд. Летна, лесна, релакс музика. Лесно влегува во уво, певлива, комерцијална. Интересни мелодии со различни висини поврзани во една целина, што го прави целиот албум едно хармонично музичко патување.
Типична музика за перидот 1990-2000.

П.С. Се сложувам со @Erich Zann, албумов е создаден за возење:)

My favorite
 
Член од
5 април 2015
Мислења
517
Поени од реакции
5.062
Убавината на албумот Hormonally Yours е во заразните мелодии, певливите рефрени, и текстовите кои со леснотија те внесуваат во некој друг свет. Не ти е потребно многу да анализираш што сакат да кажат авторките, иако самите текстови се доста поетично напишани.

Надоврзано на ова се добрите вокали, одличната продукција, што го прави албумот еден убаво склопен и квалитетен производ.

Би издвоил неколку стиха од некои од песните, што мислам дека се интересни, или пак ќе те натерат да подразмислиш.

I Don't Care

We hurt the ones we love the most,
Its a subtle form of compliment.
We hurt the ones we love the most,
It's a subtle form of discipline.

16th Apology

Well I got a streak of meanness,
A clumsy way of speaking,
And I don't know when I'm in the wrong,
Why am I so hard to please?
With friends like me who needs enemies?

Are We In Love Yet?
Самиот наслов на песната е доволен.

Stay

In the silence of your room,
In the darkness of your dreams,
You must only think of me,
There can be no in between.

You better hope and pray
That you'll wake one day in your own world.
'Cause when you sleep at night,
They don't hear your cries in your own world.
Only time will tell if you can break the spell
Back in your own world.

The Trouble With Andre


Some people say he has a deathwish,
Trouble is he tends to agree.
Let's not ask too many questions.
It's nothing to do with you or me.
He remembers a time when even going home was sweet,
Now he can't feel the ground under his feet.

Moonchild

Birds can fly, and fish can swim,
But on this planet where do I fit in?
I could be in trouble or just imagining;
Sometimes I feel like an alien.

Hello (Turn Your Radio On)

And as I stumbled through last night's drunken debris,
The paperboy screamed out the headlines in the street.
Another war, and now the pound is looking weak.
And tell me, have you read about the latest freak?
We're bingo numbers, and our names are obsolete.
Why do I feel bitter when I should be feeling sweet?

Life is a strange thing.
Just when you think
You've learned how to use it,
It's gone.


Стиховите од последната строфа се можеби најтажните што ги имам слушнато во песна.
Толку иронично опишано, но сепак толку вистинито.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Hormonally Yours

Генерално ме бендиса, убаво, забавно и лесно алтернативно попче, на некои местенца со рок и електро звукче во позадина.
Се сложувам со Болсон, вокалите и севкупно како звучи албумот се супер.
Не ги имам запамтено ко име па да ги знам ако ги пише или каже некој, ама Stay кога ја слушнав одма ја познав, веројатно по таа се познати, често пати сум ја начекувал на вх1 класикс.
А како песна што би ја издвоил е Let Me Entertain You, малку ме потсеќаше на хитовите од Happy Mondays... исто и Stay и Hello


Севкупно 7,5 од 10


А набрзинка и за предлогот на Дарклејди, го преслушав пред некој ден и Sabah Zorom ама со маки искрено. Не ми се погоди мислам ниедна песна, некои се слушаа, некои едвај чекав да завршат.
5,5 од 10
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Oдиме со нов предлог на Ska Maniac. KRANKŠVESTER V (2021) на Krankšvester кој албум го имате на јутјуб со клик на линкот.



https://hr.wikipedia.org/wiki/Krankšvester
Според годиниве што се наведени се прилично нов или прилично доцна прославен бенд. Албумите им се сериозни од аспект на рап хипхоп жанр но кај текстовите се воглавно саркастични и со скриени пораки. Имаат и неколку експерименти со други жанрови.

Рок на слушање до 21.04.2022.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom