Музички клуб: KRANKŠVESTER V (2021) на Krankšvester до 21.04.2022

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.273
Le Phare (The Lighthouse)

Кој го слушал Јан Тирсен знае отприлика што да очекува. Меланхолични хармоники, виолини и пијано.
Убав албум, Тирсен те внесува во атмосферата негова, зачинета со звуци што асоцираат на името на албумот.
Повеќето песни ми се добри и допираат, ама како најдобри би ги одвоил Monochrome и La Noyée.
Не знам што друго да пишувам, го сакам Јан Тирсен, се надевам што повеќе ќе го ислушаат... Би му дал 8/10


Musicians
Yann Tiersen - violins, accordion, piano, mandolins, guitar, typewriter, small and big saucepans, cooking pot, tam-tam, banjo, harpsichord, oud, acoustic guitar, 12 stringed guitar, toy piano, vibraphone, cello, melodica, chimes, bowed mandolins, bicycles, bontempi, vocals
:D
 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Оваа особено изведба на песнава од албумот мене ми е партали. Ретко го имам ова видено во живо кај некои изведувачи. Мислам дека првпат кога ја видов на јутјуб буквално потсвршив.

 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.080
Поени од реакции
21.982
Го ислушав албумов додека разгледував слики од една пријателка што ја немам видено долго време (буквално од пред короната) и конечно после 3 цели години се договоривме reunited да направиме на Свети Патрик. Тој ден ни беше и првиот ден кога се запознавме. Така што мнозинството француски песни ми легна како кец на десетка од аспект на возење филм и потсетување на многу спомени. Се сетив и дека таа има дипломирано француски јазик и книжевност и дека ја обожава Франција. Секако тука и голема тежина на албумов додаваат и двете песни од филмот Амели.
Сигурно да бев во некој срање фазон албумов ќе ми звучеше многу патетично за мој вкус и ќе го ислушав чисто ради реда. Скоро и да не приметив кога го пуштив а кога завршија сите 12 композиции додека бев изгубен во фотографиите. Моја оцена е 8/10 доколку го слушам во вакво расположение, но со оглед на тоа дека скоро и да не памтам кога последен пат вака сум се чуствувал сигурно би го оценил 4/10 чисто заради врвниот музички перформанс отколку за тематскиот и изборот на мелодии и ритми. Под импресии сум јебига.

п.с.Бидејќи во доцни саати го слушав албумов , малку фалеше да почнев да се допирам. Се зезам. Не се зезам.

Инаку оваа ми е омилена песна. Многу се чуствува некој ирски мелос.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.531
Поени од реакции
34.796
Како автор на неколку саундтракови на успешни европски филмови (Амели, Збогум, Ленин!), Јан Тирсен сепак спаѓа во редот на оние малку покомерцијални автори кога е во прашање современата музика.
Она што го нуди Тирсен е едно интересно музичко патување и искуство, испреплетено од виолина до електрична гитара, вклучувајќи инструменти како што се пијаното, хармониката. Една музичка моќ со широк спектар на влијанија кои вклучуваат рок, класична музика и театар.

Дефинитивно албум кој се слуша во еден здив. Пријатен за уво и магично музичко патување низ француските ноти. 8/10

 
Последно уредено:

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Ве потсетувам дека до утре е последен ден за преслушуање на албумот.
Потоа одиме со друг предлог.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.080
Поени од реакции
21.982
Дечки, албумот навистина вреди да се слушне(y)
Не е муабетот само албумот, туку ако играме сите да играме сите по правилата без разлика на квалитетот на албумот. Јас на пример не играм во филмскиот клуб зошто макс 10 филма гледам годишно а и оваа бројка не е гаранција, но ако за нешто се нафаќаме барем да го истераме до крај.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
@wot @TrendS @FilipMKD007 @dobramuzika @Zlatikevichius @Bolsson @Word$haker

Да ве потсетам ако сте во можност. Добредојдени се и сите останати кои сакаат да се приклучат во клубов.
Ајде влагајте, ќе ви биде забавно ко финалето на Декстер од 8-ма сезона, или од Гејм оф Тронс :D
 
D

dobramuzika

Гостин
Srekja mi stasa notifikacija deka @Erich Zann me oznachil vo temava pa kje go fatam posledniot voz za preslushuvanje na albumot, na rabota sum i taman imam vreme vo ovie posledni dva saati od rabotnoto vreme da go preslusham albumot, so zborovi ne me biva mnogu pa zatoa kje se potrudam najiskreno da go ocenam albumot i kje postiram omilena pesna.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
И јас ја имам честа да го слушнам албумот благодарејќи на нотификацијата, не ми стигнале новите мислења тука, па поради твојот таг видов, ти благодарам. И мене најмногу ми се допадна песната Monochrome има некоја музичка градација низ целата песна, некоја притаена меланхолија, тага дури и кога ритамот е весел, ми се допаѓаат такви песнички. Исто во целиот албум имаше некои попатни звуци на крајот на песните, како вртења на тркало на точак или пак доаѓање на воз, тоа ми се допадна бидејќи некако дава нова димензија на песните, те пушта во еден филм и одеднаш те спојува со некој друг филм, како будилник (но не во негативна смисла). Би му дал некоја 6ка, добар квалитетен звук, но не баш по мој вкус.
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.089
Поени од реакции
807
Пред да ја изнесам критикава, да навестам дека јас не сум љубител на Yann Tiersen, па затоа молам некој фан да не си зема ептен при срце :)

За мене албумот беше здодевен.
Започнува некако агресивно, со монотони песни со повторувачки звуци.
Јас сум љубител на виолина, пијано, инструментали итн., меѓутоа конкретно тука сето тоа сега играше со моите нерви.
Ќе ви признам дека првите 5-6 песни ги преслушав само по 1 минута и одев на наредна.

Единствено ми се допадна La Chute, беше доволно меланхолична за мој вкус а во исто време не беше досадна или лигава.
Остатокот, Not for me :)
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2015
Мислења
517
Поени од реакции
5.062
Го преслушав албумот и се обидов да си доловам некоја претстава. Можеби невозможно е целосно да се разбере поентата на целиот албум поради недостатокот на текст.
Нејсе, еве една кратка, плитка рецензија од мене.

Францускиот бретонец Јан Тирсен со овој музички албум се обидува да создаде или пак опише една долга човечка приказна, спојувајќи ги келтските традиционални звуци со француската шансона, обвиени под плаштот на мистеријата. Притоа давајќи му на слушателот сам да си замисли што се случува во истиот.

1. Le Quartier (Соседството)
Токму ова веднаш започнува да се забележува уште со првите звуци. Слушајќи, надоаѓа чувство дека се наоѓаш на некоја селска игранка, со што започнува да заигрува имагинацијата.

2. La Rupture (Кршење)
Драматичните звуци од виолините во оваа композиција најавуваат дека дошло до некоја неубава промена во животот на пејачката (понатаму пејач).

3. Monochrome (Монохроматски)
Како и самиот наслов, музиката е здодевна, проследена со хармоника за да даде малку живост на текстот што се пее. Пејачот го опишува својот невозбудлив живот. Стапица во која западнал поради некои минати грешки. И веќе е изморен и целосно предаден и оддаден на што и да му фрли животот в лице.

4. La Dispute (Спорот)
Композицијата по долгиот неповрзан почеток, се претвора во една пријатна балада отсвирена на клавир. Те носи кон мислата дека се наоѓаш во некоја стара мрачна соба од раниот 20-ти век. Во средината на истата се наоѓа музичарот свирејќи за спорот, што го има во својот ум.

5. L'Arrivée sur l'île (Пристигнувањето на островот)
Една кратка полетна композиција, во која наѕираат надежта и оптимизмот за поубави времиња.

6. La Noyée (Удавениот)
Низ текот на композицијата се слушаат криците што ги испушта бродската палуба, и итноста од ненадејната ситуација во која композиторот се нашол.

7. Le Fromveur (Фромвурскиот премин)
Надоврзувајќи се со претходната композиција, повторно имаме музика полна со итност. Ита бродот некаде.

8. L' Homme aux Bras Ballants (Човекот со висечките раце)
Композицијата е создадена за краткометражниот аниминар филм со истоимениот наслов. Човекот користејќи ги своите долги раце, се воздигнува до небото, и ја набљудува месечината.

9. Sur le Fil (На жицата)
Композиторот сакал да ни го претстави животот на жицата, со прекумерното стружење по гудачките инструменти. Како да сака да каже дека се наоѓа на работ од бездната?

10. La Crise (Кризата)
Според тонот на композицијата, неизбежно е надоаѓањето на тешки времиња. На кризата.

11. Les Jours Heureux (Среќни денови)
Една од повеселите композиции во низата балади.

12. Les Bras de Mer (Рацете на морето)
Можеби најдобрата композиција на овој албум. Исполнета со богати детали. Пејачот пее за рацете на морето кои ја нагризуваат земјата, и конечно ја разделуваат.

13. La Chute (Падот)
Мрачна и тензична композиција за еден тажен пад и крај на човекот.

14. L' Effondrement (Колапсот)
Човекот се буди од сонот. Седнува да пие кафе, и размислува дали старите денови ќе се вратат назад, и што во тој случај?

Албумов издаден во 1998 година, постојано ми даваше некоја претстава како да гледам нем филм од 1910/1920-те.
Иако доста интересно и необично за слушање, во најголем дел композициите беа прекратки за да се впие се што тие може да дадат. Како да остануваа недоречени и загушени во својата меланхонија, одејќи кон тоа што побргу да заврши целиот албум.

Ова е дело за љубители на сериозна музика, кои ќе се аналитички настроени при неговото слушање.

Од мене албумот има 6.5/10 ѕвезди.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Дечки одиме со нов предлог денес и тоа од @Darklady. На Јан Тирсен му помина „модата".
Предлог на Дарк, е Rock ko Fol - босански рок бенд од 2009 година. Составен од Динко Салихбашиќ (вокал), Алмир Црновиќ (бас) и Елвис Катиќ (тапани). Живеат и работат во Америка. Се декларираат како рок бенд, кој во своите изведби покрај рок музика, свират и народни преработки во рок стил.

ygh0frqp6f8va2p1opih-1.jpg
Нивниот албум „Sabah Zorom“ е издаден 2017 година, содржи 16 авторски песни. Што значи наредните 8 дена го слушаме овој албум и го коментираме како и претходно.

Препорака од Darklady е овој албум да се слуша без предрасуди.
Уживајте.
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.080
Поени од реакции
21.982
На почетокот јако почнаа . Особено Sabah zorom, Moj Ahmete, Baksuz maksuz, Trazim, Gospoda u foteljama имаат некој шмек на песните од Kultur Shock. После фатија некој Саша Ковачевич, Дино Мерлин , Џенан Лончаревич, Хари Мата Хари патетики ( Safija, Sivo, Zelim da kazem , Zena ko san, Dunja). Од Hej da mi je и Kad umire ko voli свртеа на севдалинки што е многу подобро од поп-рок лигавењето во вториот дел. Brad Pitt tip им е нешто у фазон на Бјело Дугме, Prijedor nije daleko и Nijemi glas се нешто поп-рок балади. Волгавно интересен микс е албумов и краток осврт на бошњачката музика од 19 до 21 век. Има класични севдалинки, поп-рок од југословенската школа, модерниве миксови на поп со севдалинки па се до неколкуте хард рок песни кои личат дека се создадени под големо влијание на Kultur Shock и Ван Гог.
Секако дека првиот тематски дел што го наведов ги содржи моите најубави композиции : Sabah zorom интересна љубовна песна и интересен микс на рок со севдалинка, Moj Ahmete слична на предходната, Baksuz maksuz интересен микс на хармоника и хард рок со елементи на панк рок само со помека дисторзија. Има и моменти од песните на Ван Гог со солоа со све . Trazim апла остава впечаток како да е кавер од некоја песна на Ван Гог. Gospoda u foteljama е најпанкерската од сите од мелодија до текст само како што реков помека е дисторзијата и тапанот е прилично тивок за типичен панк рок.
Се на се сумирано 7/10. Да ги забаталеле тоа поп рок лигавењата и 50-50 да им бил албумот од калсични севдалинки и хард рок/панк рок со севдалинки лесно ќе добиеја 9/10. 10/10 ќе немаа зошто многу оставаат впечаток на други бендови ( Ван Гог, Бiјело Дугме и Kultur shock ).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom