Музичка лектира

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Отварачона темата навел како да иде темата. Ама модератор се умеша како он да ја отворил темата и сега Ирис го бране.
Нека ги избрише сите мислења и нека си ја преименува темата и таман ќе биде.
Пиши дека се однесува на неговиот живот, ја чувал сестра му, проблеми со семејството (некое интро зошто ја напишал песната/ песните) било што и зошто сметаш дека е лектира. Дај не го тупи и ти сега. :)
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Пиши дека се однесува на неговиот живот, ја чувал сестра му, проблеми со семејството (некое интро зошто ја напишал песната/ песните) било што и зошто сметаш дека е лектира. Дај не го тупи и ти сега. :)
Немам паметнијег посла.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.460
Поени од реакции
2.472
Aphex Twin
- Еден од најкреативните електронски музичари пост 90та , неговите албуми се интересен бленд на амбиентална музика и техно , мислам и глупо е да го категоризирам afx си е сам свој жанр , прилично експериментален и револуционерен во неговата сфера , секој што е фан на електронска музика мора да го слушне некогаш.

Иако мислам дека сите албуми му се top-notch ќе ги издвојам овие:



Можеби не толку револуционерна по критички стандарди , но за мене омилена неговата Analord компилација на acid techno.







Boards of Canada
- Слично како afx , само додадете еден тон носталгија за време што не сте го живееле , и хип хоп ритми. Исто така култни како afx.

Ќе издвојам нивни 2 албуми како класици.




И подепресивниот брат на Music Has The Right To Children
Geogaddi


 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Ваква тема не може да помине без Боб Дилан. Музички генијалец, еден од најголемите текстописци на сите времиња, добитник на куп награди, меѓу кои 11 Греми, Оскар за оригинална филмска песна и Нобелова награда за литература.


Исто така, иако јас на пример не го слушам многу, мора да го спомнеме и „кралот“ Елвис. Преголемо влијание има човекот на историјата на музиката, еден од најголемите изведувачи. Неспорно е колкав голем печат има оставено општо на поп културата.

 
C

CoolIris

Гостин
Billy Joel - човекот што раскажува приказни преку своите песни

Се сеќавам уште како малечка често знаев да влезам во спалната и да отворам наткасната, а таму волшепство за мојата маленкост. Касети убаво распоредени по азбучен ред. И така, една по една, секој ден слушав нешто ново. А првиот избор секогаш беше Били Џоел. Да, татко ми и Били Џоел, се најголлемите виновници за мојот префинет музички вкус денес.

Инаку, човеков пати од биполарно растројство, но отсекогаш имал одлична смисла за хумор, нешто слично како Phill Collins. Мене ми е многу забавен и интересен како појава. Класично образован музичар, кој што се нашол во рок опкружување и одлично се снашол во истото.

Посебно драга ми е Piano Man - една од песните кои ги слушам кога сум во лошо расположение.



Leningrad - песната е напишана од Џоел, за руски кловн Виктор Разинов, кој што го сретнал за време на неговата турнеја низ Советскиот Сојуз во 1987 година. Преку песната се прикажани културните разлики и сличности меѓу Америка и Советскиот Сојуз.

Автоматски споено мислење:

И не знам како можев да ја заборавам, she's always a woman to me! Песнава секогаш си ја пуштам кога сакам да се потсетам на зборовите кои ми ги кажуваше татко ми како дете, додека ја слушав истата.
"Секогаш остани доследна на твоите чувства. Така палава, нежна и насмеана." Никогаш и не ја сфаќав поената на повторувањето на овие реченици додека течеше песната.


 
Последно уредено од модератор:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Од Сан Франциско во 60те убрзуваме едно 30ина години и се селиме во Европа поточно во поствоениот Берлин каде едни млади до душа и не баш млади момчиња, по потекло од Источниот дел на дотогаш поделената Германија се обединуваат и почнуваат да свират нешто со тоа гитарите и е тешко баш да се одреди конкретен жанр. Другарите почнуваат еден вид на нов-бран на музика, измешани стилови на рок, хард-рок и метал. Името на групата е Rammstein што во превод значи нешто као wrecking ball, Rammstein со едно m е американска воена база во областа Рамштајн близу Кајзерслаутерн која во 1988ма година доживува несреќа каде загинуваат 80на луѓе. Креативните дружиња на чело со Тил Линдеман ги користат овие два термини и во 1994та година го регистрираат бендот под името RAMMSTEIN.
Во 95та искача нивниот прв албум Herzeleid каде ја има нивната прва песна која го носи името Рамштајн.


Рамштајн е еден од ретките бендови кои немаат никакви измени во составот од нивното основање до ден денес каде сеуште активно работат и свират. Лани го издадоа нивниот последен албум - Рамштајн или албум без наслов ама широко е познат како Deutschland по истоимената песна што се наоѓа внатре.

Рамштајн како бенд е познат по агресивниот стил на музика којшто варира помеѓу индустриски рок, хард рок и хеви метал. Опасно добри им се живите настапи на концерти исполнети со многу пиротехника, маркантни костими и неартикулирано понашање на Линдеман (овој со залижаната коса нагоре) и Докторот, клавијатурист и лик што носи цвикерчиња на сликава. На сцена носи све и свашта, некад ништо.



Тил Линдеман е квалификуван пиротехничар поради што тој највеќе користи оган и пиротехника на нивните настапи, често знае да се заигра со пламенофрлач, со петарди и бомби при што доаѓа и до мини инциденти. Рамштајн се дефинитивно најдобрите лајв изведувачи и трошат ненормални пари на костимографија и сценографија. Секако ова не треба да им го минимизира итекако квалитетниот музички стил и настап. Рамштајн се едни од најдобрите ако не и најдобар (рок) бенд во Европа.
Нема да досаѓам многу, ќе спомнам дека имаат 7 албуми, повеќето песни на германски јазик ама имаат и неколку нумери на руски, шпански и француски јазик. Контроверзен бенд ама тука не навлагам многу пошто ме мрзи.

Во продолжение оди Engel во живо од Медисон сквер гарден во Њујорк. До пред некое време го имаше цел концерт, сеа глеам го нема.



мојата омилена Reise, Reise



и едно видео да видите како изгледаат подготовките за еден концерт на Рамштајн

 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Од Германија патуваме повторно за Америка. Френк Синатра, малку контроверзна личност, со многу подеми и падови во својата кариера, напаѓан од општеството затоа што активно не би вклучен во втората светска војна (правел пари додека луѓето умирале), бил поврзуван со мафијата (наводно платил да го прикажат како нервозен со цел да не биде мобилизиран за WWII, од она што го знаеме од ФБИ). Од друга страна пак многу награди и тоа еден Оскар за споредна машка улога и 13 Греми награди.
"Мојот начин" (My way) е круна на неговата кариера. Оваа песна е многу популарна за време на погребите затоа што е осврнување на животот. Зборува за начинот на кој го постигнал успехот и што сѐ пребродел. За подемот и падот и за љубовта и тагата. Но ова не е тажна песна (како што мислат многумина), ова е песна за гордоста и величењето на животот.

 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Кога сме кај новиот бран, во претходната емисија зборевме за германскиот - Рамштајн, сега одиме малце јужно од Берлин, малце поблиску за нас, во бившата држава некаде 15тина години пред Рамштајн. Новиот бран во Југославија, 80те години. Лимуново Дрво, Шарло Акробати - година дена трае ова трио панкери, Душан Којиќ- Која ја формира Дисциплина Кичме а Милан Младеновиќ заедно со својот другар од Лимуново Дрво Драгомир Михајловиќ - Гаги ја формираат тогашната Катарина II. На групата набрзо и се придружува младата и преталентирана пијанистка Маргита Стефановиќ - Маги и басистот Бојан Печар. На местото на бубњар во комбинација влага Ивица Вдовиќ - Вд, екс член на Шарло Акробата. Ова е последната постава на групата Катарина II. И прва на сега веќе култната new wave, пост-пан, рок група Екатарина Велика или скратено ЕКВ.



Низ групата продефилирале многу тапанари, јас ќе го спомнам само актерот, добропознатиот Срѓан Тодоровиќ - Жика кој настапува во бендот на два албума `Љубав` и `Само пар година за нас`.
По него најголем стаж како тапанар има Марко Миливојевиќ кој останува до распадот на групата.

Од самото нејзино основање низ групата кружи некоја темна аура, често нарекувани наркомани особено со појавата на херионот во тогашниот период. Трагична е судбината на сите членови од бендот. Ивица Вдовиќ - Вд е првиот регистриран ХИВ-позитивен случај во Југославија, починува од СИДА на 31 годишна возраст во 92ра.


Вд и Маги

Постојани членови на групата се Милан Младеновиќ - вокал и гитара, Маргита Стефановиќ - Маги - клавијатура, Бојан Печар - бас гитара. ЕКВ има издадено 7 студиски албуми и се смета за една од најголемите и највлијателните рок групи во Југославија кои успешно настапувале на сцената 12 години од 82ра до 94та кога конечно се распаѓаат.



Милан Младеновиќ е главниот текстописец и пејач на бендот, култна улога во југословенската музика, има снимено 2 албуми со Шарло Акробата, 7 со ЕКВ и 1 соло наречен Angels Breath кој го снимил во Бразил во 94та. Таа година се враќа во Белград и започнува подготовка за реактивирање на бендот и снимање нов албум. Меѓутоа Милан Младеновиќ открива дека има рак на панкреас при што починува само неколку месеци подоцна, на 36 години во 1994та година и тука бендот престанува со работа.

Маргита Стефановиќ - Маги една од најмаркантните и најталентираните музичарки во Југославија, со ЕКВ издава 7 албуми но позната е и по соработки со многу групи. По смртта на Милан во 94та Маги продолжува со самостојна работа некаде до 96та година кога почнуваат нејзините сериозни проблеми со хероин при што останува буквално без ништо живеејќи на улица. Последните години од нејзиниот живот ги поминува во центар за бездомници. Починува од СИДА на 43 годишна возраст во 2002ра година.

Бојан Печар има 2 албума со група ВИА Талас и 5 со ЕКВ, во 90та година се сели во Лондон, иако го нема на последните 2 албума на ЕКВ тој останува во соработка со нив до нивниот крај. Во 1998ма на 38 годишна возраст починува од срцев удар.


Концерт во Нови Сад 89та


Интервју со Маги


Документарец Као да је било некад


Настап во Сарајево 91ва на концертот на YUTEL za Mir, изведба на `Zabranjujem и Zemlja`.


unplugged концерт за Канал 103 Скопје
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Александар Вуксановиќ од Београд порано ко средношколец бил познат како тешко рокериште, носел дугачка коса, слушал рок музика, личел комбинирано на Боно Вокс, Младен Бодалец (Прљаво Казалиште) и Фернандо Коуто (за ова подоцна). Имал слух за музика, добар вокал, знаел да свири клавијатури и така се запознал со Снежана Мишковиќ и влегол во составот на нејзината рок група Викторија - Дај не питај.(ако стиснеш на Викторија ќе ја видиш сликата од групата, тој со цвикерите глеј го а ако стиснеш на дај не питај ќе ја чуеш песната) Поради се почести проблеми со дрога на дотичната госпоѓа и нејзиниот дечко, Вуксановиќ ја напушта групата и иде у соло кариера. И сеа сите ќе помислат дека ќе биде нешто ко Ерик Клептон или Брус Спрингстин што се у Британија и Америка или Жељко Бебек у Југославија или Миладин Шобиќ у Србија, што сакам да кажам, дека ќе праи јака рокерска соло кариера.

Ама не, мислам да, он има доста јака соло кариера ама далеку од рокерска. Заедно со својот синтисајзер настапува во локалниот сплав наречен Лукас, тука праи јаки журки и таков лик не може да остане незабележан од српскиот андерграунд кои го зимаат под свое и така Александар станува домаќин на сплавот односно се грижи за добрата атмосфера и добива грб од ајде да ги наречам мафијашите. Им свири на нив де, а они го опсипуваат со пари, алкохол и дрога. Ко талентиран музичар и добар лајф изведувач нели го забележуваат и студијата бла бла, снима албуми, едно друго и станува најголемиот и најпопуларниот турбо фолк изведувач на Балканот.

Поради тоа што окапал у сплавот Лукас, тоа му останало и дел од името, пошто Александар е големо име и има скратеници, кај нас е Аце, у Србија е Аца.

Аца Лукас, милион грчки песни препеани на српски, милион албуми, милион концерти, милион евра искоцкани, милион линии ишмркани, милион литри алкохол испиени.
Нема многу да должам и да замарам со неговата дискографија, пошто човек што се нема начукано и журкано на негови настапи и песни за мене не е човек. И нема сеа на нив ја да им кажувам кои песни да ги слушаат и што да праат на јутуб. Сите песни од Аца Лукас.



Е сеа, погоре реков дека ќе остаам нешто подоцна, пошто темава не е многу активна ќе го искористам истиов пост да ги спомнам и останатите личачи (топ збор) на Фернандо Коуто, пошто од сите нив само он не е музичар, нека личат на него. Коуто е фудбалер иначе, има играно за Порто, Барса, Лацио и репрезентацијата на Португалија, у главном копач со одлична кариера позади него.



Еве го, сеа ми текна дека и Нино може да влезе во комбинација со овие. И он е музичар, истотака прејак турбофолкер, нека стои и он.
Нино Решиќ, роден ко Амир у Босна, после се сели у Србија и го менува своето име у Нино. Доста успешен пејач за времето додека твори, починал во 2007ма.



Одиме понатаму.
Младен Бодалец, фронтмен и наследник на Даворин Боговиќ во југословенско/хрватскиот панк рок состав Прљаво Казалиште. Надвор од музиката е адвокат. Казалиште заедно со него имаат снимено над 10 албуми, многу концерти и настапи и високо место на сите ранг листи на југословенски а подоцна и хрватски или ајде да ги наречеме балкански рок бендови.



И за крај големиот Боно Вокс, доста оспоруван и вреѓан лик пошто не знаел да пее (сехехекако), ирец, рокер, хуманитарец, основач и член на рок бендот U2. Истотака има и неколку филмски остварувања ко актер. Носи глупи и смешни ванаби Елтон Џон шарени цвикери пошто има глаукома, односно проблем со очите, не поднесува светлина, прашина и слични глупости.



Е сега тука ќе постирам 2 цитати по кои може да се види Боновата величина. Првата изјава е од Мајкл Скот менаџер во една мала компанија која се занимава со продажба на хартија во Скрентон, Пенсилванија.
Michael: People I respect, heroes of mine would be Bob Hope, um, Abraham Lincoln, definitely. Bono, uh and probably God would be the fourth one and I just think all those people really, uh, helped the world in so many ways that it's, um, it's really beyond words. It's really incalculable.

Втората е од Двајт Курт Шрут, вработен во истата компанија, најлојален и најдобар продавач на хартија.
Dwight: I am not a hero. I am a mere defender of the office. You know who's a real hero? Hiro from "Heroes." That's a hero. Also Bono.

:ајнапиво:
 
C

CoolIris

Гостин
Whitesnake - еден од моите омилени бендови

whitesnake1984.jpg

David Coverdale, тогашен поранешен член на Deep Purple е човекот кој што ја формира групата во 1977 година. Членови на групата: Јon Lord, Ian Paice, Cozy Powell, Neil Murray, Bernie Marsden, Micky Moody, John Sykes, Adrian Vandenberg, Vivian Campbell, Tommy Aldridge и Steve Vai.

Се наоѓаат во топ 100 најдобри хард рок бендови на сите времиња, а рангирани се на 85 тото место.

Убедливо најслушаната песна, која верувам дека нема човек кој не ја знае е
"Here i go again"

Но, Whitesnake се многу повеќе од песната "Here i go again". Тука се и "Looking for love", "Ain't no love in the heart of the city", "Fool for your loving", "Still of the night".

Малку е да се каже дека ги обожавам. Бев и на концертот 2015 година во Скопје.



Омилен член ми е David Coverdale - најдобар глас што некогаш сум го слушнала :rolleyes:.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не знам како Led Zeppelin до сега не се најде на ниту една листа (по промена на правилата). Британски бенд, формиран 1968 година од страна на Џими Пејџ (гитара) и Роберт Плант (вокал), а подоцна се приклучуваат и Џон Пол Џоунс (бас и клавијатура) и Џон Бонам (тапани). По смртта на Бонам овој бенд се растура. Кој би рекол дека тапанар најлесно се менува, како што правеле други бендови? Станува збор и специфичниот стил на чукање, но и за енергијата која ја внесува во бендот. Класичен пример за тоа е неговото соло на Moby Dick. Дефинитивно еден од најдобрите тапанари во историјата.
Тие се дел од Куќата на славните на Рокенролот од 1995 година. Дефинитивно нивна најпопуларна песна е Stairway to Heaven, но нема да ја постирам затоа што не ми е во топ 5. :D

5. Едно од нивните најубави интра. :love:


4.

3.

2.

Ова видео е од 2000 и некоја, а на тапани е синот на Џон Бонам. Во друга прилика ќе пишувам зошто оваа песна ми е #1.
1.

пи.ес. Не можам да ставам слики, ниту од нивните заштитни симболи, ниту од логото. :(
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
The Doors

преземање.png

Американски рок бенд формиран 1965 година во Л.А. По смртта на Џим (1971) во Париз, бендот издава уште 3 албуми. Влегуваат во р'н'р куќата на славните во 1993 година.

Членови: Џим Морисон (вокал), Реј Манзарек (клавијатура), Роби Кригер (гитара) и Џон Денсмор (тапани).

Албуми: The Doors, L.A. Woman, Strange Days, Morrison Hotel, Waiting for the Sun и The soft parade.

Дел од нивните песни: Roadhouse blues; Tell all the People; Love her madly; Hello, I love you; The crystal ship; Alabama song; Love me two times; L.A. Woman; Take it as it comes; Touсh me, Back door man...

Топ 5:
5.
3.
2.
1.

Во 1991 е снимен и филм за животот на Џим.

Има многу книги поврзани со смртта на Џим, но има и биографии. Дел од нив (како Break on through) се достапни на српски јазик.

4.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.108
Поени од реакции
10.411
Michael Jackson

b2a4c24349c44efe0b6f640ba5e17905.jpg

Навистина има цел роман да се напише кога станува збор за еден од најталентираните музичари во светот. За тоа говори неговата врвна кариера и интернационалните успеси. Ќе се обидам да чкртнам неколку реченици, затоа што кога би почнала да пишувам малку повеќе сигурно би изнапишала неколку страници.

cdd3057ee8e8ebc623ea468feee7f20e.jpg

Почнал да се занимава со музика благодарение на татко му, на само 5-годишна возраст како главен пејач во групата Jackson 5, составена од членови на неговото семејство. Тој покажал извонреден опсег и длабочина за толку млад изведувач и ја импресионирал публиката со неговата способност да пренесе сложени емоции. Набргу потоа започнува и соло кариера, а неговите успеси вртоглаво растат. Станува еден од најпродаваните американски пејачи, текстописци и танчери, па за многу кратко време го добива и називот "крал на поп музиката".



Трилер, шестиот соло-албум на Џексон објавен во 1982 година е најпродаваниот албум во историјата. Албумот останал на топ-листите 80 недели, држејќи го првото место 37 недели.



Покрај своите невидени комерцијални достигнувања, Трилер собрал и 12 номинации за Греми, а притоа забележал осум победи. Победите ни ја покажуваат разновидната природа на неговата работа. За неговиот талент за пишување текстови, тој заработил и Греми награда (најдобра ритам и блуз песна) за "Billie Jean". Тој исто така бил почестен и за сингловите "Трилер" (најдобра машка поп-вокална изведба,) и "Beat It" (најдобра машка рок-вокална изведба).



Во подоцнежните години, Џексон беше и мета на обвинувања за сексуално малтретирање и злоупотреба на деца, иако не постојат докази кои го прават виновен.

И не, не си направил пластична операција за осветлување на кожата, туку имал витилиго. :D

Умира на 25 јуни, 2009 година заради акутна интоксикација со пропофол и бензодиазепини.

П.С. скроз случајно се погоди ете и денешниот датум да се совпаѓа со датумот на неговата смрт. Не ми беше планирано.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.627
Поени од реакции
7.201
Michael Jackson

Прегледај го приврзокот 299659

Навистина има цел роман да се напише кога станува збор за еден од најталентираните музичари во светот. За тоа говори неговата врвна кариера и интернационалните успеси. Ќе се обидам да чкртнам неколку реченици, затоа што кога би почнала да пишувам малку повеќе сигурно би изнапишала неколку страници.

Прегледај го приврзокот 299660

Почнал да се занимава со музика благодарение на татко му, на само 5-годишна возраст како главен пејач во групата Jackson 5, составена од членови на неговото семејство. Тој покажал извонреден опсег и длабочина за толку млад изведувач и ја импресионирал публиката со неговата способност да пренесе сложени емоции. Набргу потоа започнува и соло кариера, а неговите успеси вртоглаво растат. Станува еден од најпродаваните американски пејачи, текстописци и танчери, па за многу кратко време го добива и називот "крал на поп музиката".



Трилер, шестиот соло-албум на Џексон објавен во 1982 година е најпродаваниот албум во историјата. Албумот останал на топ-листите 80 недели, држејќи го првото место 37 недели.



Покрај своите невидени комерцијални достигнувања, Трилер собрал и 12 номинации за Греми, а притоа забележал осум победи. Победите ни ја покажуваат разновидната природа на неговата работа. За неговиот талент за пишување текстови, тој заработил и Греми награда (најдобра ритам и блуз песна) за "Billie Jean". Тој исто така бил почестен и за сингловите "Трилер" (најдобра машка поп-вокална изведба,) и "Beat It" (најдобра машка рок-вокална изведба).



Во подоцнежните години, Џексон беше и мета на обвинувања за сексуално малтретирање и злоупотреба на деца, иако не постојат докази кои го прават виновен.

И не, не си направил пластична операција за осветлување на кожата, туку имал витилиго. :D

Умира на 25 јуни, 2009 година заради акутна интоксикација со пропофол и бензодиазепини.

П.С. скроз случајно се погоди ете и денешниот датум да се совпаѓа со датумот на неговата смрт. Не ми беше планирано.
Постојат докази и самите се јавија децата кои беа злоуботребувани дека е педовил и геј.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom