Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
Се отвори музејот македонска борба - искрено му порачувам на секој да го посети, сум бил во многу музеи и дoма и надвор но овој е е еден од најсолидните до сега - ме остави без зборови.
бидејки Историја е доста читана - предлози што би можело да се подобри
а кој бил нека пишеи опише како поминал, бидејки фотографирање е забрането
Прошетката низ минатото започнува со влез низ масивна дрвена врата лево од главниот влез. Најпрво ве пречекува восочната фигура на Дедо Иљо Малешевски. Темно е и студено. Првиот впечаток дека ѕидовите се сосема црни и депресивни веднаш исчезнува. Зад темните површини има големи ѕидни фотографии што се делумно осветлени и ~ даваат длабочина на просторијата
Толпа луѓе трпеливо чекаат ред да влезат во новиот Музеј на македонската борба за државност и самостојност, крај брегот на реката Вардар во центарот на Скопје. Едни чекаат, полни со очекувања од новата музејска поставка за историјата на Македонија во изминатите неколку века. Други излегуваат со чудни изрази на лицата. Некои возбудени, други сталожени. Репортерската екипа на „Дневник“ нетрпеливо чекаше да види што ги предизвикува овие реакции.
Масивната кована врата полека се отвора. Среде огромното фоаје е витрината во која претседателот Ѓорге Иванов пред неколку дена ја положи Декларацијата за независност на Република Македонија. Девет црвени столба кружно подредени ја држат високата купола изработена со витражно стакло. Преовладува сина боја, која со црвени, бели и портокалови стакленца формира убава розета.
Добредојде ни посака Бранислав Светозаревиќ, директорот на новиот Музеј. Вели дека не е дозволено фотографирање, ниту снимање на поставката. Засега, ексклузивитетот да ја видат и доживеат поставката им припаѓа на граѓаните на Македонија и на сите заинтересирани посетители. Но „Дневник“ доби ексклузивна можност да им ја раскаже поставката на читателите.
Уште во фоајето на Музејот се забележуваат големите платна на кои е насликана историјата на Македонија. Сликите се во големи формати и изгледаат импресивно. На мермерниот под, пак, се гледа стилизирано сонце со зраци на бесконечност. Директорот Светозаревиќ ни го објаснува сето ова:
- Тоа е симбол на желбата и на непокорот на македонскиот народ!
Амбиентална поставка
Десно од главниот влез се наоѓа голема конференциска сала и една помала, намената за предавања за студенти. Целиот простор во фоајето е искористен да се постават што повеќе масовни сцени што прикажуваат делови од македонската историја. Секое дело е објаснето на легенди изгравирани на месингани плочки.
- Ќе ги менуваме оти многу тешко се читаат. Убави се, но треба да служат и на намената - појаснува Светозаревиќ.
Сепак, обиколката с` уште не започнала. Прошетката низ минатото започнува со влез низ масивна дрвена врата, лево од главниот влез. Таму ве пречекува восочната фигура на Дедо Иљо Малешевски. Темно е и студено. Првиот впечаток дека ѕидовите се сосема црни полека се менува. Зад темните површини има големи ѕидни фотографии што се делумно осветлени и ~ даваат длабочина на просторијата. Во витрините се изложени документи, оружје (боздогани, кубури, пушки кременки, бојни секири). Тука се и фигурите на Румена и Сирма Војвода, Толе Паша. Среде просторијата има и неколку дрвја и препарирано јагне како цица од својата мајка. На ѕидовите висат големи слики на кои е претставено тоа време.
Вакви амбиенти се претставени низ сите 13 одделенија на Музејот. Од ајдутството и вооружениот отпор против османлиското владеење во Македонија, преку реформите во Османлиското Царство, востанијата, политичката и културно-просветната дејност, с` до македонската револуционерна организација од 1893 до 1903 година. Следуваат Илинденското востание, Македонија за време на младотурскиот режим, Балканските војни, Првата и Втората светска војна и Народноослободителната борба. Посебен дел е одвоен за жртвите на комунистичкиот режим.
Модерна опрема за набљудување
Музејот има околу 6.000 квадратни метри, а поставката се простира на
2.000 квадрати. Музејот засега има 12 вработени, од кои седуммина се водичи. Сите се дипломирани историчари и одлично зборуваат англиски јазик. Секој од нив е задолжен за група од пет до десет посетители. Една тура низ поставката трае од 50 до 55 минути.
- Приказната на Музејот може многу да се надополнува и да се раскажува. Завршува во холот, од каде што почнува. Посетителите се симнуваат по скалите во Музејот и доаѓаат пред витрината на холот каде што централно е изложена декларацијата за независност. Тоа е крајната цел на сета оваа борба и на приказната во Музејот - објаснува првиот човек на целиот комплекс.
Поради специфичните експонати, температурата во Музејот мора да биде меѓу 17 и 20 Целзиусови степени. Таа не смее да надмине 25 степени, ниту да се спушти под 5 степени. Има посебен систем за регулирање на температурата, влажноста на воздухот и на проветрувањето. Има системи за набљудување, камери, системи за следење и други безбедносни заштити.
Стотици граѓани го посетиле музејот викендов. Пристигнале и првите странци - Холанѓани, Шкоти и Германци.
- Сите тие беа воодушевени. Најмалку очекувале дека на Балканот може да има ваков музеј кој во поглед на технолошкиот и концепциски пристап е во рамки на најголемите светски музеи - вели Светозаревиќ.
Потресни сцени, феноменални портрети и етничка застапеност
Во Музејот амбиентално се претставени и неколку потресни сцени. Една од нив е бесењето на војводата Александар Турунџев. На бесилката виси неговото тело, а околу него веќе се насобрале десетици гаврани. До бесилката е поставена голема камбана.
Препознатливи се и фигурите на преродбениците Крсте Петков Мисирков и на Григор Прличев, а во истата просторија е сместен и Наим Фрашери, кој во истиот период дејствува и има влијание врз Албанците во западниот дел на Македонија.
Во Музејот е претставена и восочната фигура на Ванчо Михајлов, во моментот додека дава наредби за убиство, а тука се извршителите Мара Бунева и Величко Георгиев-Керин (Владо Черноземски). Поставката завршува со младински работни акции од едната, и работни акции на Голи Оток од другата страна. Претставени се фигурите на Петар Пирузе-Мајски, Брашнаров и Венко Марковски, а спроти нив фигурата на Александар Ранковиќ како симболика дека некој ги надгледува.
- Прикажано е с`. И херојството и предавството. Ако не ја прикажеме и таа страна од нашата историја, треба да објасниме зошто Македонија не е до Индија. Сме имале многу порази и трагедии, тоа е дел од нашата историја и ние мора да се соочиме со тоа - дециден е директорот Светозаревиќ.