па не реков дека треба да донесуваме предвремени заклучоци за личноста , него со самото тоа што ќе кажува за нешто што било може ќе научиш за него како мисли и како постапува во некоја одредена ситуација , што му се допаѓа а што не , незнам за тебе но за мене тоа е добро и ми помага да го разберам и подобро да го сфатам и запознаам партнеротFortunE напиша:Какви искуства ако сподели ти ќе научиш нешто повеќе за него? Со тоа што ќе ти каже со каква личност била порано ти ќе донесеш заклучок каква личност е твојот партнер? Што ако се погодило да не им оди, да не можат да најдат заеднички јазик? Тоа значи дека твојот партнер не е добар? Или па кутриот партнер (жртва) налетувал само на никакви личности?
Затоа прашав што е тоа што ќе научиш друго и повеќе за него?
Учете ги партнерите според односот кон вас, а не кон бившите партнери. И не донесувајте пред време заклучоци за партнерот според тоа какви партнери имал во минатото.
Кажав и претходно на темава, не ги „оцрнувајте“ бившите пред сегашниот партнер. Немојте да мисли дека еден ден и за него така ќе зборувате, затоа што никој не сака погрешен впечаток да добиваат луѓето само поради вашите незадоволства од врската која не ја бивало, во која можеби и вие имате доза вина.
Мене партнерот ако ми кажува колку бил повреден во минатото од некоја личност, секако дека нема да си помислам дека не го бива за врска. Заклучоци донесувам само и само од однесувањето со мене. ме интересира само моето однесување кон него, а не како се однесувала некоја друга.
Најдобро да не се „отпакуваат“ сите незадоволства. Неговото минато е негово, вашето е ваше.
сега не се сите исти така да ....