Ја делам со сестра ми.
Кревети, шкафови, техника.
Миљарда ситнурии на полици, книги насекаде, искачаат под кревет, од прозорец, од сите можни ќошиња.
Џабе имаме плакар и сто закачалки, алиштата емигрираат од стол на биро, евентуално здиплени на нечиј кревет.
Уметничкото дело на сестра ми - Симпсонови, нацртани и пуни прашина, сеа ми текна дека можам да ги забришам.
Полица со цедеа, ги броев еднаш, стигнав до 186, ама има и повеќе.
Влечки, топлинки, перници, марами, чанти, кактусчиња, бамбуси, ѓердани, лап топче минијатурка, црвенкасти пердиња (не се завеси, туку баш пердиња), миризливи свеќи, џамлии, кутии со палета и бои, моливи и пенкала, све е тоа инвентар во собицата ни.
Капутот што стои на закачалка инстантно ме нервира и идам да го извадам.
Најдобар дел од мојата соба е положбата во која спијам, со нозете на запад, и кога се будам имам јапонска глетка на прозорецот - само гранки и небо. Ако завалам глава подолу, за жал ќе видам и зграда ама ај, ок е.
Фали уште мачка да имаме или некој геко гуштер што ќе рипа по полици.
Си ја сакам собата.:smir: