Мојата соба е мој свет во кој одвреме навреме мајка ми се обидува да воведе ред.
Значи. Немам брат и сестра. Да, од размазените сум. Собата ми е прилично пространа и тоа е најубавото нешто во врска со неа. Ѕидовите ми се сини, завесите темно виолетови (дури и мрачни), тепихот сино-виолетов. Другото не ми е во тон.
Од една страна, доста девојачка ми е собата. Со многу плишани животни, етикети од облека, каталози од бутици, сувенирчиња од ваму-таму, некои срцесто-романтични сликички и свеќи. Од друга страна, имам големо биро и плус уште една маса каде задолжително се расфрлани еден куп книги, обетки, еве моментално празно чинивче од пудинг и две чаши, две опаковки од чоколадо, неколку помади, чешли, кабли и така натака, што значи дека не ми е баш толку девојачка собата

И два стола, еден за седење, друг за фрлање облека на него

Ок, средувам кога ми доаѓаат гости или кога одложувам да седнам да учам... Имам еден телевизор шугав што само неколку наши телевизии (од кои два пати а1) фаќа, еден клавир што се` послабо го дружам и еден компјутер што не може да се одмори од мене...
Си ја сакам собата. Баш е јас. Не може повеќе да личи на мене.