Накратко, постојат три состојби во кои може да егзистира едно човечко суштество во однос на умот. На ниво на умот, под него и над него. На ниво на умот функционираат ~ 99% од луѓето, рестото е под и по некој ќе се најде што е над. Во првите две човекот е успан, во третата состојба човечкото суштество е буден.....како Буда
Како влегува моралот тука во комбинација.....
~ 99% од луѓето се наоѓаат во состојба на лажен морал....хипокризија, неможејки да се справат со читот што го прават они прераснале во мајстори во лажење на себе си.
Тие скоро 1% неможејќи да се лажат повеќе, потпомогнато од нивната искреност станале луди, односно паднале под нивото на умот.
Така сите оние искрени ќе станат луди а оние бараби ќе станат хипократи(хипокрити) како и да е.
Моралот наметнува надворешно адаптирање односно константно усогласување со колективни норми и правила, додека за возврат се случува внатрешно потиснување на сопствените(што и да значи тоа....цела наука е тоа за да се дојде до нив) принципи, желби и т.н.
Од таа гледна точка, како што пишав во темата за Телема не можеш никого да научиш ништо, односно тоа ќе биде лажно учење, во случајов лажен морал.
Постои состојба во која што човечкото суштество се наоѓа и од него извира моралот....сите свети книги, сите норми и правила ги донеле на светов тие луѓе....каква црна еволуција.