Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Тоа што го наведуваш како доказ за објективен морал, веќе ти објаснив зошто не ти држи вода. Ти велиш дека суштината е да знаеш дека нешто е зло или лошо доколку го правиш. Еве да го земеме ,,најобјективниот'' пример од сите - убиството. Сите знаат дека е лошо да убиеш некого, значи според вас тоа е еден од темелите на кои се заснова универзалноста на моралот, така?2. Втората страна не негира дека постојат променливи друштвени конвенции но под морал ја подразбира самата способност на човекот да процени што е етично а што не е. А како доказ дека таква способност постои и е со апсолутно важење го наведува фактот дека во секое време и на секое место постоеле морално свесни поединци кои независно од постојните друштвени конвенции знаеле да проценат што е објективно морално а што не е. И покрај постојните факти првата страна го негира постоењето на оваа способност.
Тогаш во што е контрааргументот? Во истите тие ,,конвенции" како што ти ги нарекуваш. Во исламско општество, доволно е некој да биде хомосексуалец или да се откаже од исламот и веќе убиството не е погрешно, лошо, зло. Ќе биде егзекутиран и сите ќе го сметаат тоа убиство за праведно а не за погрешно и зло. Апсолутните нешта не зависат од никакви конвенции, ако зависат, не се апсолутни.