Моралната супериорност на атеизмот

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.458
Поени од реакции
81.901
Моралната супериорност на атеизмот, Апотекарската уредност на дивите депонии, Уметничкиот квалитет на тв програмата на Сител, Мирољубливоста на Муслиманите, ....
- све се тоа теми вредни за дискусија.
 
S

staycalm

Гостин
1. Занчи, син ти би го учела да биде вруќ брат, а ќерка ти лезбејка.
2.Истото важи и за вас мажите. Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа,
Заради тоа човек ќе ги напушти својот татко и својата мајка и ќе се здружи со својата жена, па тие двајца ќе станат едно тело.“
Затоа, ќе ви повторам уште еднаш: секој маж нека си ја сака сопругата, онака како што се сака себеси, а жената нека го почитува својот сопруг.
(извадоци од ефесјаните гл 5)
Кога атеист вака ќе ја сака жена си - пиши.
3.Кога пишував дека атеистите се верници во наука будала ме праеа твоите сличномисленици.
Како тоа православието забранува доктори???си чула за св.Козма и Дамјан?
4.Бог Иисус Христос не учи да ги сакаме оние што не мразат. Замисли.
5.Речи им го ова на твоите родители, и ќе ја увидиш безсмисленоста. Ако вака мислеа мајка ти и татко ти немаше сега да ги читаме овие твои ’’мудрости’’.
6.Види точка 4.
7.Војни со атеистички позадини колку сакаш.Основата на секоја војна е егоизмот.
8.Во православието рајот е соединување со творецот и битисување во неговата љубов.
9.Ти како атеистКА непризнаваш Бог, како сакаш да ти даде тоа што го бараш?
10.Точка 9 + и религиозните го живеат но не по начин како што ти го сметаш за правилен. Ти како го цениш животот на другите, со разбирања дека верниците се ’’затуцани’’?
:facepalm:[DOUBLEPOST=1417874027][/DOUBLEPOST]
Multiple Personality Disorder, уште еден од супериорните морални вредности на атеизмот.
Pro Femmina е всушност машко - NikolaMKD91. Си лапна банче од форумот.
Не гледам причина зошто да се вмеша атеизмот во твојов пост.
Без разлика дали си мислел озбилно или не, Multiple Personality Disorder нема смисла да се спомне поврзан со атеизам.
Друго, како заклучи дека pro feminna e nikolamkd91? Според IP адреса или ?
 
Последно уредено од модератор:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.458
Поени од реакции
81.901
Не гледам причина зошто да се вмеша атеизмот во твојов пост.
Без разлика дали си мислел озбилно или не, Multiple Personality Disorder нема смисла да се спомне поврзан со атеизам.
Така е. И ја се зачудив тоа. Атеистите не можат да имаат мултипл персоналити дисордер.
 
S

staycalm

Гостин
Така е. И ја се зачудив тоа. Атеистите не можат да имаат мултипл персоналити дисордер.
Јас никаде такво нешто не кажав, јас искоментирав затоа што тој имаше пишано дека таа болест е една од моралните вредности на атеизмот ;)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Вистината е дека моралот не го прави твоето верување, уште помалку богот.
Кој го „прави„ моралот?[DOUBLEPOST=1417876949][/DOUBLEPOST]
2. Тоа е друга вистина за која ти зборуваш и нема врска со темава.
Која е „првата„ вистина?[DOUBLEPOST=1417876986][/DOUBLEPOST]
Друго прашање што ти не ја знаеш ни таа вистина
Зборувај за себе: а вистината е веќе објавена.[DOUBLEPOST=1417877020][/DOUBLEPOST]
3. Види точка 1.
Видов: не кажуваш ништо.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
1. Кој го „прави„ моралот?[DOUBLEPOST=1417876949][/DOUBLEPOST]

2.Која е „првата„ вистина?[DOUBLEPOST=1417876986][/DOUBLEPOST]

3. Зборувај за себе: а вистината е веќе објавена.[DOUBLEPOST=1417877020][/DOUBLEPOST]

4.Видов: не кажуваш ништо.
1. Човекот
2. Вистината е таа дека нема врска со боговите и верувањето.
3. Зборувај ти за себе, тоа е друга тема. Таква “вистина“ каква ти посакуваш не е никому објавена, најмалку тебе ти е објавена.
4. Да ти преведам? Црквата лаже дека со верување се стекнува морал.

Ти како бивш атеист сакаш да ми кажеш дека си бил аморален? Дека Си крадел, лажел, блудничел, содомијашел, убивал? Што од тоа си бил? А сега откако стана верник не си? Тоа ли ми кажуваш?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
1. Човекот
2. Вистината е таа дека нема врска со боговите и верувањето.
3. Зборувај ти за себе, тоа е друга тема. Таква “вистина“ каква ти посакуваш не е никому објавена, најмалку тебе ти е објавена.
4. Да ти преведам? Црквата лаже дека со верување се стекнува морал.

Ти како бивш атеист сакаш да ми кажеш дека си бил аморален? Дека Си крадел, лажел, блудничел, содомијашел, убивал? Што од тоа си бил? А сега откако стана верник не си? Тоа ли ми кажуваш?
1. Како (човекот го прави моралот)?
2. Со што има врска вистината?
3. Објавена е до родот човечки, што значи и до мене.
4. Ха-ха! А кога Црквата кажала дека со верување се стекнува морал? Живо ме занима кога и каде е тоа запишано...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пак ја тупиш,ти реков дека моралот е огромен поим,но по дефиниција е размислување со кое се одделува доброто од злото.Ти сеа докторат напиши овде.. ќе се објаснуваме за секоја сфера посебно..
Моралот во огромна мера влијае на субјективната човечка перцепција за тоа што е добро а што зло. Најдобар пример ти се дебиливе од исламска држава, тие сопствените морални норми ги земаат како апсолутно мерило за добро и зло, па поради тоа немаат проблем да убијат некого поради "неморал". И сето тоа тие го сметаат за добро...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
1. Како (човекот го прави моралот)?
2. Со што има врска вистината?
3. Објавена е до родот човечки, што значи и до мене.
4. Ха-ха! А кога Црквата кажала дека со верување се стекнува морал? Живо ме занима кога и каде е тоа запишано...
3. Toa e твое верување дека е некому објавено. Останува да веруваш дека е. Ниту знаеш дали и кому е објавено. И тоа нема врска со темава. Не оди офтопик.

Одговори на следното прашање и сами ќе ти се одговорат дугите 3 точки. Не мораш мене да ми ги одговориш, одговори си ги себе си.
Ти како бивш атеист сакаш да ми кажеш дека си бил аморален? Дека Си крадел, лажел, блудничел, содомијашел, убивал? Што од тоа си бил? А сега откако стана верник не си? Тоа ли ми кажуваш?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
[quote="Атеист, post: 6988921, member: 37380" одговори си ги себе си.[/quote]

На поставениот пост, сам на себе си одговори си, за да видиш кој е атеистичкиот морал...
 
Член од
23 март 2009
Мислења
719
Поени од реакции
553
До атеистиве,немора да ми кажуваат дека се атеисти и да ми пишуваат точки со кои мислат дека се попаметни од другите верници.
Верувајте или не верувајте ,на кого му е гајле?
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Темата можеше да носи наслов атеистичка етика. Меѓутоа вака повеќе одговара на елаборирањето зошто атеизмот е морално супериорен. Додека атеист(к)ите се соочени со одговарање на прашањето како може да бидат морални без реалигиозност и бог , јас направив листа од 10 причини што се нерелигиозни и морално супериорни од религиозните фундаменталисти. Листата не е конечна може и вие да ја дополнувате, но поентата е да ја покажеме нашата атеистичка морална супериорност кон религијата, верата и бог.

1.Никаков бог не ми кажува да ја мразам геј популација, ниту јас имам лично причина да ги мразам. Всушност ако хомосексуалците се љубат и сакаат да склопуваат бракови тоа значи повеќе права за нив и повеќе демократски капацитет за опшеството. Зошто би ја забраниле љубовта заоснована на ист пол?

2.Никаков бог не ми кажува дека жените се инфериорни спрема мажите и кон нас треба да се однесуваат кон предмет и да не објективизираат , стереотипизираат. Јас како родена атеистка сум еднаква со мажите.

3. Никаков бог мене не ми кажува да се молам наместо да побарам соодветна медицинска помош кога сум болна. Јас верувам во медицина и наука. Верувам дека жената има право да одлучи што ќе прави со нејзиното тело. Ова иде отаде слоганот жените се еднакви затоа што верувам дека е глупо некој брадест старец на небото кој никогаш нема да го запознаам да одлучува што јас смеам или не смеам да правам со моето сопствено тело.

4. Никаков бог не ме учи да ги мразам луѓето кои веруваат во друг бог или го обожуваат истиот бог на различен начин.

5.Ниту еден бог не ме учи дека морам да бидам плодна и да се размножувам затоа што тоа ми е обврска кон верата и да ми забранува да имам секс од задоволство при тоа учејќи ме дека само сексот помеѓу венчани маж и жена е во ред и да ми цензурира какво било сексуално задоволство надвор од бракот.

6.Ниту еден бог не ме учи да го мразам различниот од мене . Јас ја имам слобода да го гледам секого како еднаков со мене, само во различно пакување. Нема потреба од расизам.

7. Никаков бог на мене или на било кој атеист од почетокот на човечката историја не ни кажал да се започне војна и крвопролевање врз трета земја само затоа што тамошното население верува во "погрешен бог". Како нерелигиозна личност немам потреба да подржувам војни што биле правдани со некое наводно древно пророштво.

8.Ниту еден бог мене не ми ветува девици и рајски задгробен живот така што не морам да врзувам бомба околу појасот и да се разнесувм на јавни места убивајќи невини луѓе.

9.Ниту еден бог не ми дал отворени ветувања што никогаш нема да се остварат како на пр. армагедон или вечен рај.

10.Никаков и ниту еден бог не ми ветил вечен живот , така што разбирам дека живото е битен и јас сум битна овде и сега. Го живеам животот најдобро што можам и го ценам животот на другите од истите причини.

Продолжете додадете свои причини ...
Иако сметам дека наведениве причини во ОП се малку тенденциозни кон т.е. против религиските недостатоци, додека мојот став е дека нема потреба до толку да се занимаваме со религиозните догми, сепак ќе го додадам следново кое се однесува на религиските "предности":

Најголема морална предност на атеизмот е дека човекот превзема целосна одговорност за своите постапки.

Конкретно: не ми е потребен Бог да ми каже дека убиство, крадење, неморал и.т.н. се погрешни.... способен сум тоа самиот да го сфатам и да се исконтролирам. Не поради тоа што некој си таму бог ќе ме казни за тоа, туку едноставно зашто таквите дејствија не резултираат со позитивен исход.

Затоа сметам дека е морално супериорна личност таа која самата решава да не стори злочин за разлика од таа која таквата одлука ја базира врз надворешен извор на упатство.
 
Член од
23 март 2009
Мислења
719
Поени од реакции
553
А моралната супериорност на атеизмот.....е тоа е веќе лична работа нема врска со атеизмот
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Конкретно: не ми е потребен Бог да ми каже дека убиство, крадење, неморал и.т.н. се погрешни....
„Држи вода„: ако совеста те спречува да не чиниш зло, тогаш е О.К.
А од кај ти дошла совеста? Самата никнала?[DOUBLEPOST=1417982838][/DOUBLEPOST]
Не поради тоа што некој си таму бог ќе ме казни за тоа, туку едноставно зашто таквите дејствија не резултираат со позитивен исход.
.
Лошите дејства, логично, немаат добри последици. Ако не чиниш зло, тогаш што треба да чиниш? „Добро„? Чие „добро„, какво „добро„? Дали е тоа некое атеистичко „добро„?
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.462
Поени од реакции
30.756
,,,,moral kaj ateistite,,,dajte vi se molam,,vo samiot naslov kaj ateistite postoi bukva/zbor/*a* shto oznachuva *ne*,,,apropo to a i amoralot e premisa za a_teistite,,,
,,,bidejki e kraj na godinata pa izbirame se i seshto ovoa bi bilo forumska gaf rubrika na godinata,,:popce:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom