Моралната супериорност на атеизмот

Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Да: јас сеуште читам верска литература, што за тебе е претешко за разбирање...Ич не се секирај, има и полесна литература, наменета за соодветното „пучанство„.
На крајов да ја заокружиме дискусијава. Јас апсолутно се сложувам дека во религиските текстови и тоа како има морално исправни пораки (тука ги земам предвид сите религии, бидејќи она мојот бог е поарен од твојот бог нема смисла). Покрај тоа има и морално сомнителни упатства како што посочува и оригиналниот пост на темава.

На крајот ќе потенцирам дека човекот е комплексно битие па така ја оставам можноста дека може да постои и човек кој не е верник (од икс причини) но да има исправни морални начела. Се надевам дека барем околу ова ќе можеме да се сложиме.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

Кн болтот: наведи барем 3 од тие морални начела.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Да не убива, да не лаже и да не краде.
Прочитај ги: седмата, деветтата и и осмата Божја Заповед...Не кажуваш ништо ново, а што веќе не е познато.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Прочитај ги: седмата, деветтата и и осмата Божја Заповед...Не кажуваш ништо ново, а што веќе не е познато.
Ново е сето ова да го правиш само затоа што ти си решил дека така е правилно, а не затоа што некој ти заповедал.
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Прочитај ги: седмата, деветтата и и осмата Божја Заповед...Не кажуваш ништо ново, а што веќе не е познато.
Точно, а сега одговори ми на прашањето дали се сложуваш дека може да постои човек кој не е верник а да живее морално исправен живот?

Ново е сето ова да го правиш само затоа што ти си решил дека така е правилно, а не затоа што некој ти заповедал.
Тоакму тоа, поентата на целата моја дискусија е дека овие кодекси на однесување се јасни сами по себе на секое човечко суштество без да има потреба некој или нешто да ги наметнува.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Тоакму тоа, поентата на целата моја дискусија е дека овие кодекси на однесување се јасни сами по себе на секое човечко суштество без да има потреба некој или нешто да ги наметнува.
Тоа што кај мене го "активира алармот" во случајот кај религиите е што токму ова е она кое се обидуваат истите да го елиминираат. Пример и модел за сите три монотеистички религии е човек кој без збор и двоумење прифаќа да го убие сопствениот син единец без никаква причина, само поради тоа што семоќен авторитет му нередил да го стори тоа.....
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Точно, а сега одговори ми на прашањето дали се сложуваш дека може да постои човек кој не е верник а да живее морално исправен живот?
Не е сложувам.
Еве зашто.
Оние неколку (само неколку, не и сите) морални начела, се само обична пасивност, позната и како „негативна исповест„, со стилот „јас сум добар, ама не правам „ова„ и „она„. Не кажа ниту едно актнивно морално начело, кое значи и чинење добро (дело).
Плус, да се биде атеист а истовремено да се живее морално, е бесцелност и бесмислица, кои неизбежно завршуваат со смртта, небитно колку се квалитетни „атеистичките„ морални начела.
Да се биде верник и да се живее по морално-етички начела, има своја овозветовна смисла и оносветовна цел, која за атеистите е неприфатлива па дури и непозната.[DOUBLEPOST=1418513118][/DOUBLEPOST]
Ново е сето ова да го правиш само затоа што ти си решил дека така е правилно, а не затоа што некој ти заповедал.
Сум можел да решам и поинауку, ама сум се опредеил токму за „тоа„ а не за „поинаку„.
 
Овосветовната добросостојба мене ми е доволна за овој свет. Задоволен сум што го признаваш и мојот пасивен морал. А за оносветските начела и принципи ти закажувам состанок да ги дискутираме на оној свет. Во меѓувреме светов ќе биде подобар со повеќе луѓе со „пасивен морал“ како мене отколку оние се „екстремно активен морал“ кои немаат толеранција кон моралистите од било која друга религија.

Патем свесен си дека постојат повеќе монотеистички религии (политеистички да не ги ни спомуваме) и дека секоја од нив тврди дека само таа поседува морална супериорност над сите останати и дека само припадниците на таа религија ќе одат во нивната верзија на рајот.

Така да ај прво договорете се религиите меѓу себе кој е во право, а кој во криво, па на крај може да се доразбереме со нас кои не чекаме од бога росица туку напротив активно се трудиме овој свет да биде поднослив за живеење за сите битија. Пред тоа религиите имаа цела вечност да ги остварат своите морални начела па сите знаеме од историјата колку ефикасни биле во спроведувањето на истите.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Nikade ne sum sretnal deka ateistite se po difolt i moralno superjorni,pa poveketo ljuge se ateisti pa sepak tonime vo nemoral kako nikogas do sega.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Овосветовната добросостојба мене ми е доволна за овој свет..
Се сомневам дека ти е доволна: нема атеист кој нејќе „уште и уште„ од овој Свет.[DOUBLEPOST=1418586950][/DOUBLEPOST]
Задоволен сум што го признаваш и мојот пасивен морал.
...а тоа не значи дека кажав нешто пофално за пасивноста.[DOUBLEPOST=1418586985][/DOUBLEPOST]
А за оносветските начела и принципи ти закажувам состанок да ги дискутираме на оној свет.
...а таму ќе биде доцна за муабетење...[DOUBLEPOST=1418587040][/DOUBLEPOST]
Патем свесен си дека постојат повеќе монотеистички религии (политеистички да не ги ни спомуваме) и дека секоја од нив тврди дека само таа поседува морална супериорност над сите останати и дека само припадниците на таа религија ќе одат во нивната верзија на рајот.
Мојот избор е направен, а другите религии, колку и да се, не се во мојот интерес.[DOUBLEPOST=1418587111][/DOUBLEPOST]
Така да ај прво договорете се религиите меѓу себе кој е во право, а кој во криво,
Во право е само Бог.
Религиите меѓусебно нема што да се договараат, туку си тераат по свое: не е можно да се сите истовремено во право.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Се сомневам дека ти е доволна: нема атеист кој нејќе „уште и уште„ од овој Свет.[DOUBLEPOST=1418586950][/DOUBLEPOST]

...а тоа не значи дека кажав нешто пофално за пасивноста.[DOUBLEPOST=1418586985][/DOUBLEPOST]

...а таму ќе биде доцна за муабетење...[DOUBLEPOST=1418587040][/DOUBLEPOST]

Мојот избор е направен, а другите религии, колку и да се, не се во мојот интерес.[DOUBLEPOST=1418587111][/DOUBLEPOST]

Во право е само Бог.
Религиите меѓусебно нема што да се договараат, туку си тераат по свое: не е можно да се сите истовремено во право.
Не само атеистите,туку и поповите не можеш да ги сопреш во нивната алчност и материјализам(дури сте и еден чекор понапред).А за другово,првин дај си критика на својата религија,а потоа и на другите.Без автокритика,духовно не можеш да напредуваш.Срцето отврднува,сетилата отапуваат,а харизмата и еланот ги нема како на почетокот кога си поверувал.Потребно е освежување,инаку постануваш клеветник.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не само атеистите,туку и поповите не можеш да ги сопреш во нивната алчност и материјализам.
...велат само оние, кои не можат да ја смислат Црквата па и свештенството во неа.[DOUBLEPOST=1418592430][/DOUBLEPOST]
А за другово,првин дај си критика на својата религија,
...а ти почни со критика на самиот себе. Тешко, а?...:sneaky:[DOUBLEPOST=1418592466][/DOUBLEPOST]
Срцето отврднува,сетилата отапуваат,а харизмата и еланот ги нема како на почетокот кога си поверувал
Ова од твое искуство или „набадаш„ фантазии?
 
W

wicked_1

Гостин
Пренапатен народ од религијата сме имале ние овдека бре, алал ви вера на тие шо избегале од инквизицијата и нашле место на мир да споделат овдека некој збор за теророт шо им се дешава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom