Моралната супериорност на атеизмот

Член од
8 јуни 2015
Мислења
176
Поени од реакции
59
Ете, прво не се повикуваат по дифолт со навреди, омаложувања и заговори :).

Друго, моралот и етиката се независни и интернализирани. Кај вас религиозните е обратно.
Прашањето не е дали моралот и етиката се интернализирани, него по што вие се осеќате посупериорни од религиозните., а ти на тоа не даваш одговор.
Религиозен по дифолт е посупериорен, затоа што универзалните, Божји закони не му дозволуваат да се понаша на друг начин.
Пушти ме ти мене, јас сум врз тие закони, сум ги надминал и нив.

Него кај тебе е друго проблемот.....вие сте лути на религиозните, едноставно затоа што вас црквата нема никогаш да ве „признае“, а еве и ке ти објаснам зашто.
Ти и таквите како тебе го прекршувате еден од најважните закони на универзумот(Божји) , а тоа е законот за тројството, или по мое, законот за 3.
Без тој закон не може да опстане човештвото....
 

antikmakedon

КАЈГАНА
Член од
24 декември 2015
Мислења
16
Поени од реакции
13
Темата можеше да носи наслов атеистичка етика. Меѓутоа вака повеќе одговара на елаборирањето зошто атеизмот е морално супериорен.
.[/quotе]

За да напишам нешто на оваа тема ме заинтригира твојата голема мисла : “ Меѓутоа вака повеќе одговара на елаборирањето зошто атеизмот е морално супериорен''. Така ти мислиш или податокот си го превзел од некој релевантен извор. Јас лично религијата ја гледам како наследство но и со изграден ,едноставен и јасен став по моралноста. Многу дебели книги и научни трудови од повеќеслоен жанр за поимот морал, поматени умови говорат за морал .
Може ли моралот на цивилазицијата денес да се спореди со моралните вредности од пред еден век. Со растење на бројот на атеисти во ист сооднос опаѓа моралот. Со други зборови, моралот денес е во криза Религиозните ги знаат десетте божји заповеди. Нив треба секој човек да ги знае и да ги практикува:

1.Јас сум господ твој, да немаш други богови освен Мене
2. Не прави идол,ниту каква слика,од она што е горе на небото, и што е долу на земјата - да не иом се поклонуваш , ниту служиш
3. Не го изговарај напразно името на Господ, твојот Бог
4.Памти го денот за одмор за да го празнуваш. Шест дена работи и заврши ги во нив своите работи а седмиот ден е одмор на Господа,твојот бог.
5. Почитувај ги татка си и мајка си, за да ти биде добро и долго да поживееш на земјата
6. Не убивај
7. Не врши прељуба
8. Не кради
9. Не сведочи лажно против својот ближен
10.Не пожелувај нешто е туѓо

И добра христијанска и морална мисла: Возљуби го својот ближен како себеси...

Проблемот на моралноста а од таму и на цивилазицијските морални вредности денес е поради прекршувањето на овие основни постулати. Човек не мора да биде религиозен за да се повинува на овие закони на моралноста. Бог треба да биде во секој човек,можеби не како религија, туку као начин на живеење. Атеистите, во христианската религија антихристи имаат морална криза и не е точно дека атеизмот е морално посупериорен од моралот на религиозните.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom