Значи јас многу повеќе го сакам тој специфичен хумор, не оној американски типичен за Friends, некој од глумците оди па ќе се сопне и сета публика паѓа од смеење. Тоа мене не ми е смешно.
Не знам зошто велите дека шегите во Монти Пајтон се тешки за сфаќање, т.е. дека филмот е смешен само на паметни. Пример:
Во The meaning of life, професорот кога им демонстрира на учениците за секс, смешно е, ама не толку за да се изгазиш од смеење. И што има во таа сцена тешко за разбирање?
Во The life of Bryan, повторно не треба да си многу паметен за да сфатиш што е смешното кога војниците ќе го тераат Брајан да пишува "графити" против нив, заради неговите грешки во правописот. И повторно, се насмевнав, ама не се изгазив од смеење. Каде е тука тоа "треба да си препаметен за да сфатиш што е смешно"?
И трет пример, пак во The meaning of life, сцената кога тој богатиот и кажува на жена му дека се измислени кондоми, не е тешко да се сфати зошто е смешно, и по трет пат, се насмевнав скромно, но не паднав од столица од смеење.