Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Ќе те разочарам ама кај македонски примерок на политичар не постои таков израз, еве ти доказ

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/504993404/foto-spanski-skali-nova-atrakcija-na-skopskiot-plostad
Страшно ова со скалите, ако го финансира државата - буџетот.... уствари страшно и било кој тука скали да ‘‘монтира‘‘
А гореспоменатиот ќе мора да стега! Ојде во ББ - .... кој ќе му дава сега кредити? Зеленортски или Кајмански острови? Или Макао? Нема више готовине!
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Се повеќе држави во канџите на “должничката криза”

04/06/2013 // Пред 13 часа // КОЛУМНИ // Коментирај

Долговите на државите се повеќе растат, се повеќе држави се во должничка криза. Најмногу должат најбогатите земји и најмоќните национални економии. Неконтролираното трошење на малите земји води кон должничко ропство, а големите земји во провалија, од која многу тешко ќе се најде излез.

Баукот за долгот е присутен не само во Европа, туку и во светот. Нема држава која не должи. Меѓутоа, долг во разумни пропорции со доходот кој се остварува и не е така лоша економска политика. Негативно е тоа што од година во година се повеќе и повеќе држави во светот паѓаат во должничка криза. Истовремено истите неможат без нови, најчесто неповолни задолжувања, да ги подмират обврските кои стигнуваат.
Должничката криза, во која светот се подлабоко потонува, не е резултат од сега, туку се иницира децении претходно поради константното подредување на економските политики на регионалното и глобалното условување од една страна и лошо водење на државните политики од друга страна. Водечките политичари на големите светски економии и денес веруваат дека можат да трошат без ризик и во такава состојба успешно да управуваат со потрошувачката.Според мислењето на бројни економисти и признати економски куќи за државите должници во кои јавниот долг го надминува прагот на 90% од годишниот БДП, нема враќање во нормална состојба без сериозни последици. Имено, тој критичен должнички праг го имаат надминато веќе Јапонија, Англија, Франција , САД… Исто така тука треба да се има во предвид дека тука станува збор само за јавниот долг на државите ( кој се пријавува) без долговите кон корпорациите, кои се се четири до пет пати поголеми од јавниот долг.Ваквта состојба убедливо ни потврдува дека светот се вари во должнички казан без јасна визија и доволна волја на водечките држави да се дојде до разумни решенија.

Природно е да не може да се троши неограничено и неодговорно
Апсолутно неможе, како што многу држави прават, да се троши неодговорно, неограничено , неусмерено, заборавајќи дека долговите еден ден мора да се вратат. Всушност, поради тоа паѓаат во должничка криза, и се потешко ги подмируваат долговите. Долговите на голем број земји толку се зголемија и ако во догледно време не се намалат има тенденција и можност да предизикаат глобален колапс.
Вкупниот глобален долг на сите држави во светот ( кој го опфаќа јавниот долг на државите , долгот на банките и приватниот долг) во 2002 изнесуваше 80 трилиони долари а една декада подоцна во 2012 изнесува 198 трилиони долари и е три пати поголем од вредноста на светскиот БДП. Јавниот долг на државите во глобалниот долг учествува со 50 трилиони долари.

Јавниот долг на државите енормно расте

На крајот од 2010 год. јавниот долг во светската економија е 45.677.124.612.519 и изнесува 6.525 доалри на жител.Според податоците на CIA World Factbook најголеми апсолутни должници се:САД 14.710, Англија 9.836, Франција 5.633, Јапонија2.719, Италија 2.684 долари по глава на жител.
Голем дал членките на ЕУ имаат јавен долг над дозволеното ниво.Јавниот долг и буџетскиот дефицит во 2012 г. изнесува во Грција 150%-11%, Ирска 97%-37%, Англија 78%-9,8%.
Долговите на државите од поранешна Југославија

Со распадот на Југославија сите земји кои беа во нејзиниот состав изгубија голема економска основа , а пред се голем пазар. Како последица на ваквата состојба се појавува неконтролиран раст на увозот, пораст на јавната потрошувачка, зголемување на трговскиот дефицит, без раст на производството и продуктивноста. Како резултат на тоа се јавува кај овие држави и сукцесивно зголемување на задолженоста спрема странство.Поконкретно во 2011 г. сите заедно должат 120 милјарди евра, што е за 5 пати повеќе отколку во времето на распадот на Југославија.Тогаш долгот изнесувал 22 милјарди.
Според јавниот долг Србија е прва (според учеството на долгот во БДП) 51,1% од БДП.Следна е Црна Гора со 48,2%, Словенија со 47%, Хрватска 43,9%, БИХ 34% и Македонија со 32,7%.

Последици од презадолжноста

Нема ни една држава која што нема надворешен долг. Ддолговите неможат никогаш да се отплатат, ако државата сака да го анулира долгот ќе мора голем дел од парите и хартиите од вредност да повлече од оптек , што во голема мера би значело државен банкрот. Од друга страна тоа е доволна причина дека мора да се води сметка за висината на долгот. За долгот да се стабилира, одржи на исто ниво или се намали националната економија треба да оставрува трговски суфицит.
Растот на јавниот долг негативно влијае на инвестициите, акумулацијата на капиталот, ја зголемува економската зависност и го оспорува развојот. Зголемувањето на даноците со цел за сервисирање на долгот, ја намалува меѓународната конкурентност на земјата, ги намалува инвестициите, го оспорува економскиот развој и го загрозува животниот стандард на граѓаните. Влошувањето на било кој параметар кој го одредува односот на долгот спрема БДП може да предизвика должничка криза и да ги оневозможи државите да ги подмируваат своите долгови. Државните долгови и неадекватна монетарна политика секогаш се плодна почва за инфлација, кога нивоо на долгот спрема БДП енормно се зголеми.
Проблемот на задолженоста е едно од најактуелните прашања во глобалната економија, за високо задолжените држави кои се во се поголем број, но иста така и за останатите. Всушност, сите заедно се ангажирани за изнаоѓање најбезболно решение. Со сигурност може да се очекува дека САД од оваа година ќе посвети посебно внимание за проблемите на буџетскиот дефицит и јавниот долг и со своите решенија непосредно и посредно ќе влијае на другите земји да делуват по трезвено и поодговорно, што ќе претставува значаен притисок и детерминанта за нивниот и глобалниот економски развој.
Нас ни останува да видиме дали светската економија преку постоечкиот економски поредок ќе понуди концепт, рецепт, и насока, за вистински одговор за предизвикот т.н должничка криза со која се соочува светската економија денес.
М-р Влатко Пачешкоски
http://faktor.mk/archives/51001
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Инаку, вчера државата вкупно се задолжи за 61,6 милиони евра. Интересно е дека преку шестмесечни записи, Владата на првата аукција бараше 32,5 милиони евра, со камата од 3,1 отсто, но банките беа подготвени да и' дадат дури 42 милиона евра. Тоа покажува дека дури и по оваа ниска камата за банките се попримамливи државните записи отколку да ги кредитираат компаниите. На втората аукција на шестмесечни записи, пак, со камата од 3,15 отсто, државата бараше 22,7 милиони евра, а банките нудеа 30 милиони. На аукцијата, пак, на 12-месечни записи, државата и банките се најдоа со бараниот и понудениот износ, па се собраа 5,2 милиона евра, со каматна стапка од 3,6 отсто.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=915D0539D61B2E498BF4203B0E35A6B2
Папапа...камативе тонат ли тонат. 3.1% 6 месечни записи...:eek:

Иако на вчерашната аукција државата бараше да се задолжи преку шестмесечни записи по досега најниски каматни стапки од 3,1 и 3,15 отсто, домашните банки не само што ги позајмија сите барани пари туку дури нудеа и многу повеќе.
Банкиве се тепаат за државен долг...каматите се најниски дури ни СФРЈ во 60тите неможела волку ефтино да се задолжува и да е толку скап и посакуван државниот долг за купување...да не ти се верува.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=915D0539D61B2E498BF4203B0E35A6B2
Папапа...камативе тонат ли тонат. 3.1% 6 месечни записи...:eek:


Банкиве се тепаат за државен долг...каматите се најниски дури ни СФРЈ во 60тите неможела волку ефтино да се задолжува и да е толку скап и посакуван државниот долг за купување...да не ти се верува.
Абе јас и ти врска немаме грешиме, слушај ги кајганата експерите они се знаат пред банкрот сме , никој не дава кредити скапи камати се јас и ти сме на ЛСД затоа ни се читаат ефтини камати и ни нудат повеќе пари отколку што бараме:D
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.196
Поени од реакции
21.347
Па кај мојш да најш таква камата во Европа без поголем ризик? Сепак каматата е солидна ако споредиме со други Европски држави и ризикот поради краткотрајноста мала. Изгледа и банките со нивните пари нема каде да инвестираат на друго место и државните записи сепак им се исплатливи.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Абе јас и ти врска немаме грешиме, слушај ги кајганата експерите они се знаат пред банкрот сме , никој не дава кредити скапи камати се јас и ти сме на ЛСД затоа ни се читаат ефтини камати и ни нудат повеќе пари отколку што бараме:D
Абе остај тие исти експерти ако ги прашаш каде е најбезбедно да ги оставиш парите ќе ти речат во банка...за камата од 2.5% /12 месеци евра :pos: а најверојатно каматите уште ќе паѓаат. Мислам за 2 и кусур посто прифаќаш ризик за да должникот не ти ги врати парите...aј не ме зезај? А да и најак муабет банките се сигурни дека ги гарантира државата. Државата да не беше таа што е пред банкрот? И да не беа банките полни со државен долг? Викаат put your money where you mouth is. Толку ја бива нашаве самопрогласена експертска јавност и на дела и на зборови.
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 02:17 ---
Па кај мојш да најш таква камата во Европа без поголем ризик? Сепак каматата е солидна ако споредиме со други Европски држави и ризикот поради краткотрајноста мала. Изгледа и банките со нивните пари нема каде да инвестираат на друго место и државните записи сепак им се исплатливи.
Прво да си расчистиме тоа не се „нивни пари“ туку се тоа „наши пари“ се надевам дека имаш банкарска сметка или сеуште работиш само со кеш...не е битно твоја работа. Јас ќе ти кажам за мене не сметам дека МК ќе банкротира наскоро ама сметам дека 2.5% камата е неприфатливо ниска за ризикот и немам депозити. Ако толку не и верувате на државата однесувајте се така да не биде после плачка како оние во Кипар...а бе после викаат не знаевме ова она...јас ви кажав...ако оди државата банките први одат курбан. Толку...ај да без страшни приказни касно е има мали деца нема да спијат убаво.
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
За да не бидат Економските експерти на различна бранова должина од оние кои не биле доволно економски упатени, еве каде лежи проблемот во целава дискусија:
- Оние кои велат дека државата ќе банкротира, се оние кои не им се допаѓа како државата моментално ги троши парите. На тоа треба да се сведе целата дискусија, а не релативизирање од типот 'У времето на БЦ беше мнг полошо'. Ако вас експертите репер ви е времето на БЦ, и ако главна цел ви е да бидете малку подобри од неговото време само колку да се има изговор, тогаш сме го на*бале цела држава. Баталете Шпанија, Франција, Естонија, сите земји се приказна сама по себе и различно ги трошат парите.
Проблемот е што трошењето на позајмените пари може да биде многу подобро со оваа власт, затоа треба силно да се критикува, а не да ми биде лесно на душата што сум бил малце подобар од времето на БЦ.
Кој и да е на власт, секогаш треба да си силна опозиција, зашто ако се сведеме на времето на БЦ како референтна точка како не треба да се владее, тогаш не гледам подобра иднина со овие што им е лесно на душата што сме за нијанса подобри од тоа време, а во исто време сме свесни дека моментално можеме многу подобро.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Луѓе многу сериозна тема сте фатиле да разгледувате... Јас мислам и гуврнерот да го прашате нешто слично ќе има хипотетичен одговор :)
Според мене исто е како и сам да зимаш кредит(и): си велиш ај па со Господ напред....
Пари има, можности има ама колку и како земале до сега не е лесно да се пресмета.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
А партиските експерти на кајгана се радуваат на тоа што банките ги пласираат парите во државаа, која пак ги троши за непродуктивни расходи, наместо во приватниот сектор, па уште малце и огномет ќе запалите надвор.

Богов кутриот се утепа од барање на начини да се зголеми финансирањето на компаниите, а тука експертиве се радуваат на финансирање на државата, какво незнаење...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Богов кутриот се утепа од барање на начини да се зголеми финансирањето на компаниите, а тука експертиве се радуваат на финансирање на државата, какво незнаење...
А бе седи се познава по него, коса ќе му порасне од маки :icon_lol:.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Ne Makedonija...nie narodot ke go vrakame:(
Dodeka ima ovci,ke ima i volna:facepalm:
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
^ Овците даваат млеко,месо,волна и се разбире гласови на избори.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Ne Makedonija...nie narodot ke go vrakame:(
Dodeka ima ovci,ke ima i volna:facepalm:
Владата денеска се задолжи за повеќе од 138 милиони евра.
Сепак, се очекуваше дека ова задолжување ќе забави поради новиот кредит од 250 милиони евра што го зема Македонија со подршка на Светска Банка.
Заклучно со првиот квартал, салдото на задолжувања на Владата преку државни хартии од вредност надмина 906 милиони евра. Со денешното задолжување државата ќе ги финасира тековните буџетски трошења.
Податоците покажаа дека само за три месеци Владата потроши повеќе од 50 % од дозволениот буџетски дефицит................

http://centarnews.net/mk/index.php/vesti/makedonija/item/11323-владата-денеска-се-задолжи-за-повеќе-од-138-милиони-евра
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.090
Поени од реакции
2.393
Владата денеска се задолжи за повеќе од 138 милиони евра.
Сепак, се очекуваше дека ова задолжување ќе забави поради новиот кредит од 250 милиони евра што го зема Македонија со подршка на Светска Банка.
Заклучно со првиот квартал, салдото на задолжувања на Владата преку државни хартии од вредност надмина 906 милиони евра. Со денешното задолжување државата ќе ги финасира тековните буџетски трошења.
Податоците покажаа дека само за три месеци Владата потроши повеќе од 50 % од дозволениот буџетски дефицит................

http://centarnews.net/mk/index.php/vesti/makedonija/item/11323-владата-денеска-се-задолжи-за-повеќе-од-138-милиони-евра
Од пред месец дена е стара оваа вест....инаку во наредните месеци ќе очекуваме со исто темпо да продолжи да се задолжува пастирот на домашнио пазар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom