Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Еве каде завршуваат народните пари, власта дебело се омрсува од народот и парите правец на Карибите. Си нашле овци, ќе стрижат.

Македонија инвестира најмногу на Карибите – последните 15 месеци над 82 милиони евра!
:pos:

Ни помалку, ни повеќе на Кариби, машала.

Крајот на втор квартал се засили економијата во земјава и тоа во Јуни. Јули е просто зачудувачки. Ова се должи на временските прилики кои се поврзани со градежниот сектор. За прв пат во последниве пет години приметувам таква активност во Јули и мртва сезона во Април и Мај.

Искрено се надевам трендот да продолжи и во трет квартал, бидејќи пола година беше мртва, а ова е најсилиниот период секоја година. Ако Август, Септември и Октомври закочат пишете уште една минусна година.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
:pos:

Ни помалку, ни повеќе на Кариби, машала.
Овие пари се само на една офшор дестинација, ако ги собереш сите вакви се добиваат милијарди во последните 10 години.

Крајот на втор квартал се засили економијата во земјава и тоа во Јуни. Јули е просто зачудувачки. Ова се должи на временските прилики кои се поврзани со градежниот сектор. За прв пат во последниве пет години приметувам таква активност во Јули и мртва сезона во Април и Мај.
Може ли да добијам бројки за овие месеци (или линкови до официјалните податоци)?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Може ли да добијам бројки за овие месеци (или линкови до официјалните податоци)?
Ова погоре е мое мислење од реален сектор, од она што го гледам на терен.
Државен завод за статистика брои +2,9% прв квартал споредено со 2012 година каде беше очај. Затоа и 2013 ни делува очајна. Според мојот биланс 2013 е појака од 2012 година фактурите (бројот) од Август во 2013, во 2012 се издадени на 29 Септември. Но 2013 е послаба од 2011 каде истата фактура е издадена на 23 Мај.

Така некако личи економијата во 2013 од она на терен. Наплатата и понатаму останува со закаснување од 3 до 6 месеци. Судството решава спорови со размак на закажување на спор од една година.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Нека ја качат струјата од уште 50% колку што ја качија од 2010 до 2012 и ти гарантирам дека фактурите во целото стопанство ке бидат уште поголеми преку пренесување на трошоците за реализација и тоа ке значи дека супер ни оди !
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кога треба да се вратат 500 000 000 евра? Март 2014 :icon_lol:?

Мислевте интересно беше и возбудливо донесувањето на годинашниот буџет, чекајте сега наредниот жртви ќе има крв ќе падни, коси ќе се кубат, невиност ќе се губи :icon_lol:.

Кој ќе ги враќа тие пари море и од каде нема шанси.
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
В година треба да вратиме 177 милиони евра, а во 2015 - 443 милиони.
Идната година земјава ќе треба да врати вкупно кредити од близу 177 милиони евра, од кои 149 милиони евра се кон странски кредитори, а 28 милиони евра кон домашни. Ова може да се види од фискалната стратегија за периодот од 2014 до 2016 година, која завчера Министерството за финансии ја достави до Собранието.

Но, најголема сума за враќање земјава има во 2015 година, и тоа дури 443 милиони евра, стои во Стратегијата, како одливи од државната каса кои ќе бидат наменети за отплати на кредити. Притоа, како отплата по основ на странско задолжување е наведено дека треба да се одлеат 331 милиони евра, а кон домашни кредитори 111 милиони евра.

Во 2016 година, пак, земјава треба по основ на кредити да исплати 325 милиони евра, и тоа 223 милиони кон странство и 102 милиони евра се отплати по домашни задолжувања.

Од стратегијата се гледа и дека годинава има за отплата 256 милиони евра, и тоа 223 милиони евра кон странство и 30 милиони кон домашни кредитори.

Откако Владата ја достави до Собранието Фискалната стратегија на Македонија за периодот од 2014 до 2016, за јавноста конечно станаа достапни владините планови за менаџирање со јавните финансии. Овој документ всушност покажува каква буџетска политика планира да води Владата во следниот период од три години, колкави ќе бидат дефицитите и како ќе се движи, но и отплаќа државниот долг. Од фискалната стратегија може да се види дека минусот во државната каса Владата планира да почне да го намалува дури во 2015, и тоа да го сведе на 3,2 отсто од БДП, додека, пак, позначајно снижување е планирано дури за 2016, односно тој да дојде на ниво од 2,6 отсто. Државниот долг, пак, кој сега е на ниво околу 34 отсто од БДП, Владата планира и натаму да се зголемува, до 37,6 отсто.

Што ќе има да искоментира на овие владини намери Меѓународниот монетарен фонд, кој од поодамна сугерира постепено намалување на буџетскиот дефицит со цел да не се загрозува нивото на јавниот долг, ќе се види во наредниот период. Во својот последен извештај за Македонија објавен на 26 јуни годинава, Фондот претставува консолидирачко сценарио за земјава. Според него, за идната година ММФ смета дека дефицитот треба да се намали на 2,5 отсто од БДП и на тоа ниво да биде и во 2015, додека, пак, во периодот од 2016 до 2018 - дефицитот да се сведе на 2,2 отсто од БДП. ММФ во истиот извештај презентира и проекции за вкупниот буџетски дефицит според тековните политики, според кои од 2014 па се' до 2018 година, минусот во националната каса не треба да биде повисок од 3 проценти од БДП. Значи, и според двете сценарија, дефицитот кој го проектира ММФ за в година е понизок од оној на Владата.

Инаку, фискалната стратегија за следниот тригодишен период ММФ ја побара од нашата Влада уште во април годинава, при нивната последна посета на земјава, а таа завчера беше објавена и доставена до Собранието.

На последната прес-конференција министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека владините проекции за буџетот и за дефицитот се направени по директни разговори што ги имал со ММФ и со Светска банка. На прашањето на „Утрински“ дали владините намери се во согласност со препораките на ММФ и на ЕУ за консолидација на јавните финансии, првиот финансиер одговори: „Имав директни разговори и со ММФ и со СБ, и нема такви препораки, бидејќи се' уште не е доволно заздравена европската економија. На среден рок предвидуваме намалување на дефицитот“. Тогаш министерот објасни и дека со СБ се разговара за можно издавање гаранција за земјава да земе кредит кај странска банка, како што за покривање на дефицитот за годинава добивме заем од Дојче банк од 250 милиони евра, со гаранција од СБ.

Но, во буџетот за 2014 кој стана достапен завчера, се гледа дека за в година Владата планира во странство да се задолжи со само 86 милиони евра, додека, пак, од домашните кредитори планира да земе 162 милиони евра. Дел од експертите прашуваат зошто за 2014 Владата повеќе ќе се потпира на домашното задолжување и значи ли тоа поголема неизвесност во обезбедувањето странски заем?

Инаку, во фискалната стратегија за идната година е наведено дека

„фискалната политика во наредниот период обезбедува постепено

намалување на дефицитот и тоа од 3,5 отсто од БДП во 2013 на оптимално ниво од околу 2,6 отсто во 2016. Финансирањето на планираниот дефицит ќе се обезбедува од странски извори (поволни кредити од меѓународни финансиски институции, кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти, еврообврзници...) и домашни извори. Во однос на задолжувањето на домашниот пазар, Министерството за финансии и во наредниот период ќе продолжи со континуирано издавање на државните хартии од вредност. Посебен акцент ќе се стави на редовната застапеност на подолгорочните хартии од вредност и продолжување на рочноста на постојното портфолио, односно преку издавање две-, три-, пет-, седум- и десетгодишни државни обврзници“, се вели во фискалната стратегија.

Во поглед на државниот долг, пак, во стратегијата се нагласува дека државниот долг на Македонија на крајот на 2012 изнесува 34,1 отсто од БДП, и е на значително пониско ниво од она поставено со Мастришкиот критериум, според кој долгот на општата влада не смее да надмине 60 отсто од БДП.


Извор: Утрински Весник.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Но, најголема сума за враќање земјава има во 2015 година, и тоа дури 443 милиони евра, стои во Стратегијата, како одливи од државната каса кои ќе бидат наменети за отплати на кредити. Притоа, како отплата по основ на странско задолжување е наведено дека треба да се одлеат 331 милиони евра, а кон домашни кредитори 111 милиони евра.

Во 2016 година, пак, земјава треба по основ на кредити да исплати 325 милиони евра, и тоа 223 милиони кон странство и 102 милиони евра се отплати по домашни задолжувања.
Само за две години речиси 800 милиони евра долг ќе треба да се врати.
Затоа очекувајте повисоки сметки, бензин, комуналии, скриени даноци и давачки, да не испадне дека не сум кажал.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Само за две години речиси 800 милиони евра долг ќе треба да се врати.
Затоа очекувајте повисоки сметки, бензин, комуналии, скриени даноци и давачки, да не испадне дека не сум кажал.
Евентуално влагање во спиралата - кредит за кредит.
Исходот на спиралата сите го знаеме.
Власта ќе гледа да си купи време да си призаврши некои проекти (СК2014), некој денар плус во џеп да си пикне. А за враќање? О том, потом.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
И за во спирала треба дозвола , тоа за некои други ! Нас изгледа ке не држат на леб и вода , нема вересија .
Од бившојугословенско само "они ко се папи клањају" имаат дозвола да кркаат на рецка , остала православна багра , тешко .
Северните ни соседи бркаат кинески и арапски кредитори за да си напраат автопат , па сега видете што не чека нас .
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ајде бе ви е гајле, како вика оној во темана за иселување, само духовна верба и ќе издржиме :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom