Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Братче и 2 денари да дужиш, ако немаш од што да ги вратиш, си во поголема каша отколку тој што зел кредит од 100.000 Е на 10 години со 30% камата, а има редовна плата од 2000Е.
Зошто не си во право

Македонија највисок буџетски дефицит имаа оваа година и лани од 3,5% пред тоа дури беше и помал. Ај да ја видиме состојбата во Еу дали можат да си ги покриваат расходите како ти што викаш . Или идат во п.м. Ај да видиме извор европска комисија да не искочи дека Лион си ги измислува графиконите. И види кај се наоѓаат Бугарија,Луксембург и Естонија на тој графикон ти што го цитираш а каде на овој. Штета што ја нема и Македонија на графиконот, но според вредностите ќе се наоѓаше кај Луксембур и Бугарија.

--- надополнето: 1 јуни 2013 во 22:30 ---
Еве уштедна гратис табела за таа златна Еу во која мед и млеко тече. Која нема проблеми со јавен долг и буџетски дефицити.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
LION дали ги разбираш работите што ги постираш? Или што е јавен долг, а потоа што е годишен дефицит кој мора да се покрие. Во овој случај и 1.5% да го намалиш дефицитот нема од каде да го покриеш оти си задужен до гуша. Само качување на даноци помага за да ги одржат партиските глувци што работат државна работа клатат врата и земаат плата. СЕГА ДОЈДЕ ВРЕМЕ СИТЕ ДА ПЛАТАТ!
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Ќе ги врати .... ако не ние тогаш и нашите внуци ќе му плаќаат споменици на грујо
 
Член од
13 мај 2013
Мислења
150
Поени од реакции
38
Владата на чело со Грујо се тепаат да влеземе во европска унија затоа што само тогаш немора да ги вратат долговите, а не тоа дека ќе имаме нешто ќар. Така да таа е целата вистина.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
LION дали ги разбираш работите што ги постираш? Или што е јавен долг, а потоа што е годишен дефицит кој мора да се покрие. Во овој случај и 1.5% да го намалиш дефицитот нема од каде да го покриеш оти си задужен до гуша. Само качување на даноци помага за да ги одржат партиските глувци што работат државна работа клатат врата и земаат плата. СЕГА ДОЈДЕ ВРЕМЕ СИТЕ ДА ПЛАТАТ!
Во 2001 МК имаше 49% долг/БДП и камата од 10% на 10 годишна обврзници сега има долг од 34%/БДП и камата од 4.5% на 10 годишна обврзница. Инаку да те прашам ако толку веруваат луѓето дека МК ќе банкротира наскоро зошто толку растат депозити? Банките имаат големи сретства инвестирано во благајнички записи на РМ. Стварно не ми се јасни... Јас лично со моите познавања дури и да продолжи овој тренд на задолжување МК нема да има проблем и сериозен ризик за банкрот ни за 20 години. Без проблем може да сервисираат 2.5-3.5% дефицид со овие каматни стапки и раст од во просек 2-3%. Проблем е ако е слаб растот да дефицитот расте диспропорционално. Каматните стапки во однос на инфлацијата се добар индикатор за ризик а и кредитниот рејтинг. На кратокрок и среденрок тешко да има МК проблем со долгот. Според мене целиот муабет е политичка кампања на опозицијата без некоја сериозна економска логика. Треба да се следи долг/бдп дефицит каматни стапки раст и инфлација и може да се определи па и рејтинг кредитен не е лошо. Според ниеден од овие параметри не е во ризик Банкрот РМ барем не наскоро.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
1.LION дали ги разбираш работите што ги постираш? 2.Или што е јавен долг, а потоа што е годишен дефицит кој мора да се покрие 3.. Во овој случај и 1.5% да го намалиш дефицитот нема од каде да го покриеш оти си задужен до гуша. 4.Само качување на даноци помага за да ги одржат партиските глувци што работат државна работа клатат врата и земаат плата. СЕГА ДОЈДЕ ВРЕМЕ СИТЕ ДА ПЛАТАТ!
1. Не ги разбирам онака ги сонував графиконите па ги закачив.
2. Не знам чекам да ме научиш.
3. Трескаш глупости Македонија не е задолжена до гуша ни по еден параметер нивото на јавен долг е мал околу 34% ,Македонија нема високи буџетски дефицит па да мора да зголемува јавниот долг , Македонија ги сервисира своите долгови подобро од 70% од челенките на еврозната друго во Македонија ни сега ни последните години немала висок буџетски дефицит а има повисоки стапки на раст на Бдп во однос на еврозната , а кај членките во еврозоната освен големи буџетски дефицити , имаш и и зголемени јавни долгови заради високите буџетски дефицити и речиси никаквиот раст на Бдп во еврозоната не е исто буџетски дефицит од 4% на економија што има стапки на раст секоја година и економија која секоја година има буџетски дефицит од 4% а има 0% раст на БДП последните години . Во Еу се зголеми многу невработенота последните 4-5 години. Во Македонија остана иста дури и малку се намали. Инаку во последниот месеци имаше и суфицит во буџетот во Македонија, а индустриското производство почнува полека да заздравува. Не верувам дека Македонија во наредните 5 години да има проблеми со измирување на своите обврски. Зошто очигледно не ги пратиш добро состојбите на Балканот и Еу чим тврдиш дека Македонија има поголеми шанси да има проблеми со враќање на долгови во однос на Балканот и членките на еврозоната.
4. Мојот став од одамна е дека треба пола јавна админитрација да се отпушти и 30% од агенциите да се укинат и сум против било какво зголемување на пензии или плати на администрација. Инаку не верувам дека во следниот период во Македонија ќе се покачат даноците. Македонија е земја во европа со најнизок ДДВ. За разлика од многу балкански држави каде што и над 20% е ддв и е зголемен за неколку процентни поени последните 2 години Многу земји на балканот и еу ги зголемија даноците но не и Македонија.. Макроекономската состојба ни од далеку не е толку лоша колку што се обидуваш да ја прикажеш.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Во 2001 МК имаше 49% долг/БДП и камата од 10% на 10 годишна обврзници сега има долг од 34%/БДП и камата од 4.5% на 10 годишна обврзница. Инаку да те прашам ако толку веруваат луѓето дека МК ќе банкротира наскоро зошто толку растат депозити? Банките имаат големи сретства инвестирано во благајнички записи на РМ. Стварно не ми се јасни... Јас лично со моите познавања дури и да продолжи овој тренд на задолжување МК нема да има проблем и сериозен ризик за банкрот ни за 20 години. Без проблем може да сервисираат 2.5-3.5% дефицид со овие каматни стапки и раст од во просек 2-3%. Проблем е ако е слаб растот да дефицитот расте диспропорционално. Каматните стапки во однос на инфлацијата се добар индикатор за ризик а и кредитниот рејтинг. На кратокрок и среденрок тешко да има МК проблем со долгот. Според мене целиот муабет е политичка кампања на опозицијата без некоја сериозна економска логика. Треба да се следи долг/бдп дефицит каматни стапки раст и инфлација и може да се определи па и рејтинг кредитен не е лошо. Според ниеден од овие параметри не е во ризик Банкрот РМ барем не наскоро.
Гледам добро си поткован со знаење дај објасни ми на мене не ми се познати некои работи.
Дај објасни ми како Шпанија на 40-50% проценти долг издиша побара помош од ЕУ ако не и дадеа 100 и нешто милијарди евра помош одеше во банкрот банкарскиот сектор.
Друга држава како што е Јапонија има 200 % долг и нема гајле денес читам во наредните неколку години ќе издвоеле 40 милијарди долари за помош на Африка.

За депозитите кога растат во банките има два случаи земјата да растура на економски план или економијата да е умрена па фирмите и граѓаните наместо да вложуваат во бизнис тие ги чуваат парите во банка.
Но фирмите и граѓаните ако не знаат што со парите гледаме кај нас државата многу добро знае што со парите.
Друго зошто СиП ни го намалија кредитниот рејтинг.

И сега ние сме како Шпанија или како Јапонија и што тоа покажува задолженоста како што гледам во светот најнезадолжени држави се земјите што немаат ни вода за пиење централно Афричките републики.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
1. Не ги разбирам онака ги сонував графиконите па ги закачив.
2. Не знам чекам да ме научиш.
3. Трескаш глупости Македонија не е задолжена до гуша ни по еден параметер нивото на јавен долг е мал околу 34% ,Македонија нема високи буџетски дефицит па да мора да зголемува јавниот долг , Македонија ги сервисира своите долгови подобро од 70% од челенките на еврозната друго во Македонија ни сега ни последните години немала висок буџетски дефицит а има повисоки стапки на раст на Бдп во однос на еврозната , а кај членките во еврозоната освен големи буџетски дефицити , имаш и и зголемени јавни долгови заради високите буџетски дефицити и речиси никаквиот раст на Бдп во еврозоната не е исто буџетски дефицит од 4% на економија што има стапки на раст секоја година и економија која секоја година има буџетски дефицит од 4% а има 0% раст на БДП последните години .
МК имаше голем дефицит во 2008-2009-2010 од таму е тој долг плус и лош раст. Ако некој требал да се буни тоа е тогаш. Сега дефицитот е понизок но ако има раст тој треба да оди и уште пониско. Ризик е нискиот раст...да се оди сега со буџетски кастрења на онака релативно и да се отплаќа долг не е паметно. Имаше пример во Грција што значат буџетски кастрења рецесија и дефлација. Гадна комбинација... треба да се намалува буџетот пополека и дефицитот посебно кога ќе забрза економијата а има знаци на опоравување додуше скромни ама ги има.
Знам дека многу луѓе научени од своето домашно искуство викаат дека треба да се штеди кога има криза. Но некој мора да троши инаку целата економија ќе пропаден во подлабока рецесија како пад на побарувачката. Идејата е државата да троши кога е криза а да штеди кога е експанзија. Смислата е да се колку толку измазни бизнис циклусот. Но треба внимателно за да не се направат големи долгови...зошто политички е многу популарно трошењето од штедењето. Се надевам дека оваа политичка клима на инсистирање на штедење ќе биде и за време на експанзија кога е повеќе потребна од сега. Во основа е фино тоа што се инсистира на штедење ама е погрешен тајмингот а не идејата.
--- надополнето: 2 јуни 2013 во 01:27 ---
Гледам добро си поткован со знаење дај објасни ми на мене не ми се познати некои работи.
Дај објасни ми како Шпанија на 40-50% проценти долг издиша побара помош од ЕУ ако не и дадеа 100 и нешто милијарди евра помош одеше во банкрот банкарскиот сектор.
Друга држава како што е Јапонија има 200 % долг и нема гајле денес читам во наредните неколку години ќе издвоеле 40 милијарди долари за помош на Африка.

За депозитите кога растат во банките има два случаи земјата да растура на економски план или економијата да е умрена па фирмите и граѓаните наместо да вложуваат во бизнис тие ги чуваат парите во банка.
Но фирмите и граѓаните ако не знаат што со парите гледаме кај нас државата многу добро знае што со парите.
Друго зошто СиП ни го намалија кредитниот рејтинг.

И сега ние сме како Шпанија и Јапонија сме и што тоа покажува задолженоста како што гледам во светот најнезадолжени држави се земјите што немаат ни вода за пиење централно Афричките републики.
Ќе ти објаснам проблемот со Шпанија е огромниот дефицит и длабоката рецесија друг проблем е што имаа голем меур во недвижности и банките пострадаа многу и неможеа да го платат спасот на банките поради меур во недвижности во одредени моменти камата на шпански 10 годишни рипна до 7%. Друг проблем со Шпанија е што е воглано надворешен долг што значи не е осетлив на домашна инфлација...а ниска инфлација и дефлација го прави долгот атрактивна инвестиција.
Додека со Јапонија е ситуација следна камата на долгот им е само 1% поради силната дефлација во Јапонија и поради тоа што долгот е домашен. На јапонците им се исплати да чуваат домашен долг зошто добиваат на куповна моќ поради дефлацијата. Се разбира нискиот камата е и до квалитето на должникот и политичкиот ризик. Јапонија е доста стабилна земја...значи има и психологија на поседувачите на долгот Јапонците и веруваат на државата многу (премногу дури) плус имаат и дефлација дома така да не ги продаваат долговите. За мене чудно ама има доста заебанции во Јапонија сега одат на уште поголеми задолжувања и пробуваат да ја рипнат инфлацијата и ја девалвираа доста валутата...така да нема да биде чудо да ја читаме Јапонија во весници наскоро. Идат доста камиказе.
Камата на денари во евра во МК е 2.5% на годишно ниво за 2.5% некој ризикува банкрот? Толку брз и скор? Или инвеститорите неразбираат дека банките ќе бидат први на удар при банкрот или едно зборуваат а друго прават...во секој случај чудно.
Нормално е тапа земји да се незадолжени кога има голем ризик од своеволен банкрот девалвација на валута државен удар итн. Ризикот е голем затоа и каматите се големи и тешко може некој под тие услови да зема голем долг. Инаку рејтингот на МК е ББ или ББ- зависи од агенцијата тие 3те главни. Што не е баш многу јак апсолутно но е еден од најдобрите досега што ги имала МК. ББ е среден кредите рејтинг на скалата. Почна МК со Х па Ц па ЦЦ нагоре...бил и побербат. ББ е на Турција Русија Црна гора итн...Инаку да треба малку да се намали кредитниот рејтинг 2008-2010 чинеа доста плус и криза 2012 и тоа е...
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
МК имаше голем дефицит во 2008-2009-2010 од таму е тој долг плус и лош раст. Ако некој требал да се буни тоа е тогаш.
Грешка си тие години Македонија имаште под 3% буџетски дефицит сите тие години(2008-2009-2010). А побарав на интернет дека 2010 сме ја завршиле со буџетски дефицит од 2,5%. Или си ги заборавил бројките или малку си се збунил.:) Инаку во друга прилика ќе ти одоговорам за штедењето односно кратењето и оставање повеќе пари на граѓаните и компаниите ,преку намалкување на јавна администрација и укинување агенции. Интересна дебата ќе биде
П.С Ти си Австриска школа мора да подржиш отпуштање на јавна адмиснитрација и намалување на бројот ан агенции и сл работи:)
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Може да се зборува за неефикасни вложувања, дека подобро би било во енергетика или инфраструктура отколку во споменици згради, жичари, стадиони, театри - во туризам.... тоа е прашање на политика те вкус..
Е баш оваа точка неможеш туку така да ја пројдеш... на вкус :)
Едно е да вложиш, друго е да трошиш.
--- надополнето: 2 јуни 2013 во 02:46 ---
Еве уштедна гратис табела за таа златна Еу во која мед и млеко тече. Која нема проблеми со јавен долг и буџетски дефицити.

Ако цела Европа должи пари, на кого тоа ги должи?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
Одлично...
а сега без политизирање....
што се потрагични нашите 34,1 во 2013 во однос на 38,5 во 2005-та....?
или по табелата на The Economist...
Франција 91,5%(2013) ..... 64% (2005)
Шпанија 76% (2013).........47% (2005)
Италија 171% (2013)......100% (2005)
Хрватска 65,3%(2013...... 44,5% (2005)
може да се заклучи дека светски тренд е задолжувањето!?
Може да се зборува за неефикасни вложувања, дека подобро би било во енергетика или инфраструктура отколку во споменици згради, жичари, стадиони, театри - во туризам.... тоа е прашање на политика те вкус.. ама дека нешто кај нас драматично расне (а во светот не) не сум многу убеден.
И уште еднаш, каде беа 2003-4-5-6 кога јавниот долг беше повисок од 40% сега загрижените новинари од Нова, Окно, Скај, Плус инфо... и тн. И тогаш беа активни новинари! Ама изгледа не им пречеше многу!?
А да е многу 34,1, многу е се сложувам! Секогаш може помалку!
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 20:02 ---


Да, само што заборави Гошев да каже кои се тоа земји што банкротирале со 20% долг!?
Прво викаш не политизирај а потоа прашуваш кај биле Нова, Окно...

Го релативизираш најважното прашање а тоа е каде се инвестира, и уште безгрижно кажуваш дека тоа е прашање на политика т.е. вкус. Понамошна дискусија е апсурдна.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Ако ВМРО за дополнителни 25% и овааа година ја качат струјата како и минитатите тогаш наредната година ГДП ке порасне(тоа го викам јас здрав раст на ГДП за да се фалат со реклами дека тргнала економијата , наместо да расте од индустриско производство),со тоа ке се намали фиктивно деноминаторот(долгот) оти е % од ГДП.

Ако Владата собира од даноци,царини пример 2 милирди евра а троши 2.5 тие 500 милиони се птешко ке ги собира за да покрие, бидејки веќе има долг од 3 милиарди акумулирано, а приходите што ги собира секоја година ќе паѓаат бидејќи ГДП не расте реално туку е производ на инфлација и прави штета на тие од кои таа собира даноци и други приходи.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Прво викаш не политизирај а потоа прашуваш кај биле Нова, Окно...

Го релативизираш најважното прашање а тоа е каде се инвестира, и уште безгрижно кажуваш дека тоа е прашање на политика т.е. вкус. Понамошна дискусија е апсурдна.
Не ме анализирај мене... нешто за бројките те анализата на ‘‘The Economist‘‘ да кажеше и за светските трендови, ако неможеш нели да кажеш зошто ние би биле исклучок од истите...
Веројатно ја свати апсурдноста во убедувањето дека сега е нешто подраматично од порано!? Нема ‘‘грижно‘‘ или безгрижно... се е прашање на вкус или на (политичка) перцепција... она што за тебе е нешто ‘‘мноооогу загрижувачки‘‘ зошто за друг (дури и неутрален - деполитизиран) да биде, ако бројките се или исти или помали те. не се така драматични како што се прават!?
Реков, дека не е во ред толкаво задолжување и кажав зошто..... ама дека е до толку драматично!? Аме ајде.... ништо повеќе отколку што било!
Ги критикувам Нова Окно и останатите... од истите причини! Дека сега кога тие лајат ,не е НЕШТО подраматично со задолжувањата, од времињата кога било (по нив) исто така ЗАГРИЖУВАЧКИ, а истите молчеле!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Зошто не си во право

Македонија највисок буџетски дефицит имаа оваа година и лани од 3,5% пред тоа дури беше и помал. Ај да ја видиме состојбата во Еу дали можат да си ги покриваат расходите како ти што викаш . Или идат во п.м. Ај да видиме извор европска комисија да не искочи дека Лион си ги измислува графиконите. И види кај се наоѓаат Бугарија,Луксембург и Естонија на тој графикон ти што го цитираш а каде на овој. Штета што ја нема и Македонија на графиконот, но според вредностите ќе се наоѓаше кај Луксембур и Бугарија.

--- надополнето: 1 јуни 2013 во 22:30 ---
Еве уштедна гратис табела за таа златна Еу во која мед и млеко тече. Која нема проблеми со јавен долг и буџетски дефицити.
Зошто ти не си во право?
Сите овие земји имаат некаква економија што не им зависи од владата. Сите тие невработени лица таму, за време изобилието биле вработени на позиции што реално не требало ниту да постојат, туку ете нек се има работа.
Ако споредиш со минатото, од кога се затвори пазарот во Југославија голем број на фирми пропаднаа бидејќи беа врзани исклучиво за тој пазар. Останаа Пивара (бидејќи имаше монопол на производството на пиво во мкд), Алкалоид (бидејќи имаше други пазари, како на пример Русија) и ред други фирми. Овие фирми останаа од една причина или беше форсиран монопол од политички причини, или фирмите имаа друг пазар освен Југословенскиот. Кај нас, најголемиот број на фирми се крстат на некаков тендер од владата и ако дојде да владата не може да го сервисира долгот отиде и стопанството во мкд. Кој фирми ќе останат ? Пак истите оние што гледаат дека мкд не е единствен пазар. Бројките може да се штелуваат, ГДП не е основна мерка за тоа колку државата е силна, бидејќи тука влегува се, па така големи пари потрошени на спомениците, малите плати потрошени за преживување и ете добиваш некој просек, ама за кого како. Може во мкд да живеат 100 милјардери и годишно да трошат по 10 милиони Е, а останатите да едвај преживуваат и според овие бројки тоа значи дека у македонија супер се живее.
Наместо да се урне митот дека работа е работа само ако е државна и да почнат луѓето да се вработуваат и на приватно т.е условите на приватно да бидат далеку подобри од тие на државно и да се урне митот дека ќе лапнам некој тендер оти се знам со тој и тој и да почнат фирмите да се шират на други пазари и наместо да се увезува земјоделски производи, да почнат од кај нас да се произведуваат, ти тука ми покажуваш некои графикони што се збир, а не реален просек на ситуацијата и викаш се е супер. Да супер е сега и после 10 години ќе биде супер, ама платата и тогаш ќе биде 200Е, а трошоците за живот 250Е.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Е баш оваа точка неможеш туку така да ја пројдеш... на вкус :)
Едно е да вложиш, друго е да трошиш.
--- надополнето: 2 јуни 2013 во 02:46 ---

Ама како ќе ги убедиш ‘‘помаранџиве‘‘ дека тоа што го прават е ‘‘само‘‘ трошење?
Тие ќе те убедуваат тебе или останатите кои мислат дека само трошат....во спротивното - дека тие всушност вложуваат во градежништво, туризам.... затоа реков дека е прашање на политичка перцепција (вкус).... На крајот од краишта ако не ти се допаѓа тебе или на народов политиката (на вложување или трошење) на актуелниве... бујрум на избори сменете ги! Многу е лесно! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom