Зошто ти не си во право?
1.Сите овие земји имаат некаква економија што не им зависи од владата.
2.Сите тие невработени лица таму, за време изобилието биле вработени на позиции што реално не требало ниту да постојат, туку ете нек се има работа.
3.Ако споредиш со минатото, од кога се затвори пазарот во Југославија голем број на фирми пропаднаа бидејќи беа врзани исклучиво за тој пазар. Останаа Пивара (бидејќи имаше монопол на производството на пиво во мкд), Алкалоид (бидејќи имаше други пазари, како на пример Русија) и ред други фирми. Овие фирми останаа од една причина или беше форсиран монопол од политички причини, или фирмите имаа друг пазар освен Југословенскиот.
4.Кај нас, најголемиот број на фирми се крстат на некаков тендер од владата и ако дојде да владата не може да го сервисира долгот отиде и стопанството во мкд. Кој фирми ќе останат ? Пак истите оние што гледаат дека мкд не е единствен пазар. Бројките може да се штелуваат, ГДП не е основна мерка за тоа колку државата е силна, бидејќи тука влегува се, па така големи пари потрошени на спомениците, малите плати потрошени за преживување и ете добиваш некој просек, ама за кого како. Може во мкд да живеат 100 милјардери и годишно да трошат по 10 милиони Е, а останатите да едвај преживуваат и според овие бројки тоа значи дека у македонија супер се живее.
5.Наместо да се урне митот дека работа е работа само ако е државна и да почнат луѓето да се вработуваат и на приватно.
6.т.е условите на приватно да бидат далеку подобри од тие на државно и да се урне митот дека ќе лапнам некој тендер оти се знам со тој и тој и да почнат фирмите да се шират на други пазари и наместо да се увезува земјоделски производи, да почнат од кај нас да се произведуваат, ти тука ми покажуваш некои графикони што се збир, а не реален просек на ситуацијата и викаш се е супер.
7.Да супер е сега и после 10 години ќе биде супер, ама платата и тогаш ќе биде 200Е, а трошоците за живот 250Е.
1.Се читаш ли што пишуваш? Не им зависело од владата нивната економија па пола еврозона во банкрот ќе отидеше да не им се умешаше нивната влада и останатите влади во Еу Се истурија во европа државни пари да се спасуваат приватни банки и ти кажуваш бајки имале економија што не им зависела од државата Затоа пред некој ден еу прослави црн рекорд 20 милиони невработени во еврозоната а 27 милиони ви цела Еу.Освен 6-7 држави во Еу се останато , немаат никаква економија Правеа илузија дека дека се живее добро , ама тие пари беа на кредит сега кога треба да се враќаат се урна митот за тоа колку биле јаки и способни. Инаку Еу ни во наредните 10 години нема да се оправи како што треба.
2. И Југославија имаше слична приказна па виде кај заврши и они го идат тој пат.
3. Како прво Југославија не беше пазарна економија во Југославија 30% од успешните компании покриваа загуби на 70% од другите фирми. Конкурентноста на Југсолвенските компании и капациететите на нивниот менаџмент се виде после распадот на Југославија кога се сочија со пазарна економија колку вредат.
4. Тоа е мит дека најголем дел од фирмите во Македониа живеат од тендери на владата такви компании се 0,1% од сите компании со помалку од 0.05% вработени од вкупниот број на вработени. Инаку не гледам ништо спорно на јавен тендер пример во градежништо ако добие македонска градежна компанија која имала најдобра понуда. Во сите држави во светот има јавни тендери за проекти.
5. Тоа е резултат на родители што живееле во Социјализам и има даваат совети на деца кој живеат во Капитализам. Само во екс Социјалистички земји мислат дека државата трееба за се да се грижи а нив кур да ги боли.
6. Најуспешните македонски компании се тие што немаат никаква врска со владини тендери што својот профит го имаат од извоз освјување нови пазари итн. Проблемот со глупиот македонец е кога отвара компанија мисли на македонскиот пазар кој е мал. Тој не размислува за извоз и за ширење на нови пазари, и после нема пари па нема се тепаат сите за 2 милиони пазар. А имаат 6 милијарди потенцијален пазар во светот. Најпрофитабилните и најуспешни Македонски компании не живеат од тендери од влада туку продажба на свои производи во странство.
7. Ниските плати со топ работа ако отвораш бизнис, ама проблемот е што кај повеќе бараат работа октолку што отвараат работни места.Е тоа што Македонците не знаат да го искористат тој ресурс како што треба, и отвараат дуќанчиња , кафичи место фабрики кој ќе извезуваат, или фабрики кој ќе ги заменат странските производи со домашни(пример фабрика за млеко во прав нема македонија).
Ме мрзи да се објаснувам понатака додека цело време ја барате вината во државата а се амнеситрате од одоговорност, Ништо не правите. И покрај сите 20 години поминати во кризи војни рецесии ембарга. На некој Македонски компании тоа не им беше изговор да пропаднат напротив изджаа направија добри производи пробија нови пазари отворија нови работни места. Работат со профит парите ги реинвестираат во иновацции и развој. И во услови на криза го золемуваат извозот . За разлика од типичните македонски компании кој ги мрзи да размислуваат и да засукаат работи на вистински нешта а не глупости.