Значи во последно време имам желба да си купам пончо.
Мене ми изгледа многу кул (јест да малце хипстерски), лабаво, многу соодветно за опуштена атмосфера и е практично во секојдневието каде многу луѓе се стегаат (работа, факс, школо).
Од друга страна, изгледа премногу чудно, дури и можеби малце геј за хомофобите. Многу малце луѓе го носат и иако ми е гајле другите што мислат чудно малце ќе ми биде да се појавам со такво нешто во јавност.
Сега да ве прашам за мислење. Пончо за машки Да или Не, ако да во кои ситуации и како ќе биде прифатено?