Мирен протест против цената на горивата!

Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
14 ден Данок на Додаена Вредност
+
25 ден Акциза
+
Давачката за задолжителна резерва 1 денар
= 40 денари од 79 денари за литар бензин 95
Продавачот на горивото зема помалку одколку што зима државата,преку даноци акцизи измислени давачки.
И како само некој се дрзнува да каже дека државата неможела да влијае на цената на горивата,кога повеќе од половина пари ги зема токму таа ?
Некој спомна се качувала цената на суровата нафта,да но и кога паѓаше овде поскапуваа бензините и дизелот.
Си измислуваа секакви изговори за да се покачи цената, доларот паѓал мора да се покачат цените на бензините,доларот расне мора да се покачат бензините..............
 
P

Princ

Гостин
Абе не е проблем државата да се откаже од целиот свој "профит", односно од 40те нејзини денари за литар бензин 95, ама проблемот е во тоа што ние сме државата. Значи 40 денари од литар бензин не (би требало барем да) одат во џебот на Стојко или Петко, туку (би требало барем да) се вложуваат во улици и патишта, во инфраструктура. Така да протестираме за поефтина цена на горивото на сметка на почестото менување амортизери.

 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Регулаторната ја толерира Окта со највисока рафинериска цена во Европа! Зошто?
Според табелава само 5 држави плаќаат понизок бензин (БМБ-95) од нашиот. Другите или иста цена (+- 5 евроценти) или повисока. Дизелот е еден од најниските во Европа, поточно само две држави имаат пониска цена на дизел (Русија и Украина, многу разбирливо) што и не е така лошо ако се земе во предвид дека ние немаме ни наша рафинерија.
Ако го споредиш и квалитетот на горивата...Што ние возиме према грците и германците...кај нас ѓубре квалитет...цената светска :)
Значи по твојава логика ако некој германски автомобил го увеземе кај нас...тогаш бидејќи сме сиромашни да треба да ни го даат за упола цена....државата да ни ја плати пола кола....оти нели срамота би било да е иста цената на автомобилот во Германија и кај нас:facepalm:
Некои држави се имаат откажано од големите профити од давачките за да се намали цената за потрошувачката и најбитно за стопанството.
Шо мислиш ти ако се скратат тие даноци,колку ќе поефтини горивото....50%???......може да биде евентуално 5-7денари поефтино повеќе од тоа ни на сон.
50% од државниот профит се 20 денари. Кој се бави со транспорт нека каже дали се или не се малку 15-20 денари. И за земјоделието ова важи и за сите дејности во реалниот сектор, за храната...не само за услугите или за нас како приватни лица.
Ова ми се детски работи. Цената на нафтата расте на светскиот пазар и уште ќе расте тоа се најавите. Македонија нема нафта. Единствена смисла гледам да протестираме пред амбасадата на Либан, Иран, Ирак или Венецуела ама пошто немаме такви амбасади во Скопје...
цената рекоа се движи околу 100 долари. Доларот колку и да е качен сигурно не е 1/3 над она што бил кога возевме поефтин бензин...а тогаш нафата беше и 150 долари и повеќе.
Нека ја дадат формулата еднаш, сами ќе пресметаме..вака се мислам дека рестото оди за големите акционери во фирмите кои бизнисуваат со горива и уште повеќе за буџетот. Или регулаторна нека се помачи да стави графикон на цена на нафта, цена на долар и цена на горивата кај нас за едно 10 години па самите да видиме дали и колку е оправдано. Еве графикон за цена на нафта и за долар за 10 години
http://www.xe.com/currencycharts/?from=USD&to=MKD&view=10Y
http://futures.tradingcharts.com/chart/CO/M
Протестот ќе се одржува на 5ти Февруари и ќе се одвива по примерот на возачите од Полска, со тоа што брзината на возење на 5ти Февруари ќе ја ограничиме на 30 километри на час.​
Има врска што 5 февруари е недела? Нема многу да се забележи гужва и споро возење (само ќе се зголеми потрошувачката на гориво, поголем профит за нафтените фирми и буџетот)...џаст аскинг.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.058
Поени од реакции
15.027
Со такво размислување ништо нема да постигниш ни во опшествово ни во својот живот.
Многу збориш ама малку кажуваш. Убиј ме ако мислам дека имаш поента и цел во животот.
со facebook или kajgana протест ќе си го исполниш животот. Свати дека некои работи не се решаваат со протестов. Владата диктира цена на горива? Македонија е производител на нафта па ќе креира цени? Владата може да има удел во цените, но се додека и одговара. а ти со тоа што ќе појдиш во бензиска и ќе купуваш мастики и ќе бараш да ти плукне капка бензин е твоја работа. Ти ќе губиш време
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Највисока рафинериска цена, Окта. Највисока цена на струја на балканот, сега пошто се прикули и топлификација во нај со три први места избиваме на највисоко место на Олимпијада без квалификации. У све сме нај само у она што треба не сме. ...липа наша :notworthy:
 
?

..........

Гостин
Работник оди кај директорот:
- Директоре, ќе ми ја покачите ли платата, три големи фирми се интересираат за мене.
- Кои се тие три големи фирми? - зачудено прашува директорот.
- Топлификација, Електростопансто и Телеком.
 
T

Tetro

Гостин
Хех....на толкави наоѓалишта со нафта,нафтени платформи и сл....и со толкава извозна моќ...во Македонија да протестираме за поскапување на горивата....пу јазк.:facepalm::facepalm::facepalm:

Да протестираат Хрватска и Албанија....да разберам....ама ние....што немаме своја нафта ни за една туба да наполниме....тогаш со кое право ќе менуваме цени на горива,кога ни се НАЈНИСКИ ВО ЕВРОПА :pos:
Велат: кога си со краток вид, се простувало.

 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Џабе везење е ова. Најискрено, откако туку така помина протестот против полициско насилство, откако само еднаш успеавме да се собереме 5000 души, не верувам во протести.

Ќе се залепат Шител одма со нивните контра-без мозок-протестанти и ќе се лигават како гладни кучиња на телевизија и ќе викаат како е се тоа од комуњари смислено.

Треба бомба една... троа поголема... и се да отиде у курац, оти вака аир нема да видиме.

Инаку, ако веќе се прави протестот, ја би со точаци и пред бензиска и му даваш шише од пола литро или чоканче и му викаш наточи ми...и сите на сред улици со точаци, мрдање нема, полека се вози. Ем нема да се арчи и од така веќе скапото гориво, ем повеќе нервоза ќе се ствара.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
да земиме велосипеди и да си играме некое предградие на Пекинг.
не гледам поента во креирање настана на fb и сите 'да присуствуваме'. Што ќе постигниш ако појдиш на бензиска и го зезаш батката?

убиј ме ако најдов врска со протест за енергенс
Eх море дете... За жалење си стварно.
Бидејќи цел народ се со твоето размислување затоа не ојме напред.
Оф леле рамнодушност македонска.... а бе од главата си страдаме!
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Дискусијава е доказ дека народов е овца .
Совет кон дечкото кој сака нешто да промени пакуј куферите док е време . Не дека е богзнае шо поарно ама барем знаеш дека со народот кој живееш не е вака сервилен и го правда педофилот кој ги работи без мерка .
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.058
Поени од реакции
15.027
Eх море дете... За жалење си стварно.
Бидејќи цел народ се со твоето размислување затоа не ојме напред.
Оф леле рамнодушност македонска.... а бе од главата си страдаме!
не туку заради некои кои се јаки на зборови а слаби на дела а не со мојата рамнодушност.
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Дискусијава е доказ дека народов е овца .
Совет кон дечкото кој сака нешто да промени пакуј куферите док е време . Не дека е богзнае шо поарно ама барем знаеш дека со народот кој живееш не е вака сервилен и го правда педофилот кој ги работи без мерка .
Не е за бегање работава брате, затоа што не си стоиме цврсто на земјава сите сакаат да не ебат.
Затоа што не покажавме заби никому, сите мислат дека сме само зајци и во секоја прилика вртат пушка накај нас. А ние во душа волци, само некако ни ја нема глутницата. Јас ќе се обидам, ако успеам за мило и драго и нешто поголемо ќе направиме. Побарав помош од сите затоа што се работи за заеднички интерес. Зошто на крај никој нема да има избор, ќе си остане пуста земја, државичка со стари луѓе, оние кои немале потреба да се иселат.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Абе не е проблем државата да се откаже од целиот свој "профит", односно од 40те нејзини денари за литар бензин 95, ама проблемот е во тоа што ние сме државата. Значи 40 денари од литар бензин не (би требало барем да) одат во џебот на Стојко или Петко, туку (би требало барем да) се вложуваат во улици и патишта, во инфраструктура. Така да протестираме за поефтина цена на горивото на сметка на почестото менување амортизери.

А сега што се асални улициве,абе нема една дупка по нив милина да ти е да возиш,човек да се плаши да не заспие од што се рамни.
На регистрација плаќаш на фондот за патишта, плакаш ддв , плакаш акциза на тутун,кафе,алкохол и секаква увезена стока,патарини плаќаш, купуваш гуми пресметана патна такса.
Знаеш што е работата,што тие пари одат секаде само не каде што треба.
А и од што се квалчитетни горивава да седнеш и да плачеш, па кај го има тоа бе 51% од цената за еден литар гориво да дадеш на државата ?
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Да одговорам на прашањето поставено погоре, зошто се одржува во Недела на 5ти Февруари.

Пред се ова е во заеднички интерес на сите граѓани во Македонија. Но не е во заеднички интерес да ја попречиме нормалната работа на граѓаните и да ги спречиме во извршување на нивните строги обврски кон работната позиција. Затоа протестот ќе се одвива во Недела, каде што сообраќајот сепак ќе биде блокиран, но нема да се нанесе штета врз граѓаните.
А во Недела има сообраќај и протестот во никој случај нема да помине незабележан.
Моментално се преговара со CarClub за дополнителна организација и вклучување на сите членови на клубот.

Имаме цел, имаме интерес и имаме прогрес. Секоја помош при промовирањето е добредојдена.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Регулаторната ја толерира Окта со највисока рафинериска цена во Европа! Зошто?
Ако го споредиш и квалитетот на горивата...Што ние возиме према грците и германците...кај нас ѓубре квалитет...цената светска :)
Некои држави се имаат откажано од големите профити од давачките за да се намали цената за потрошувачката и најбитно за стопанството.
50% од државниот профит се 20 денари. Кој се бави со транспорт нека каже дали се или не се малку 15-20 денари. И за земјоделието ова важи и за сите дејности во реалниот сектор, за храната...не само за услугите или за нас како приватни лица.
цената рекоа се движи околу 100 долари. Доларот колку и да е качен сигурно не е 1/3 над она што бил кога возевме поефтин бензин...а тогаш нафата беше и 150 долари и повеќе.
Нека ја дадат формулата еднаш, сами ќе пресметаме..вака се мислам дека рестото оди за големите акционери во фирмите кои бизнисуваат со горива и уште повеќе за буџетот. Или регулаторна нека се помачи да стави графикон на цена на нафта, цена на долар и цена на горивата кај нас за едно 10 години па самите да видиме дали и колку е оправдано. Еве графикон за цена на нафта и за долар за 10 години
http://www.xe.com/currencycharts/?from=USD&to=MKD&view=10Y
http://futures.tradingcharts.com/chart/CO/M
Има врска што 5 февруари е недела? Нема многу да се забележи гужва и споро возење (само ќе се зголеми потрошувачката на гориво, поголем профит за нафтените фирми и буџетот)...џаст аскинг.
Вакво нешто сакав цело време. Бројки. Еве како се формира цената на горивата. http://www.erc.org.mk/Uploads/ND-C 16 01 2012 - ODLUKA ZA CENI NA ND so obrazlozenie.pdf Акцизата што ја зема државата е 21,862 денари за литар бензин и 12,476 за литар дизел. Може да се бара да се намали на 15 за бензин и 6-7 денари на дизел. Може да се протестира и кај бензиските пумпи за да не ја бираат секогаш највисоката можна маржа, на пример, наместо со сегашните 3,2 денари на литар да одат со добивката од 2,3 денари за литар. Така би се добила 7-8 денари пониска цена на литар гориво. Тоа е максимумот што може да се извлече.

Ама дечково што ја отвори темата, очигледно нема поим како и зошто се формира цената на горивата. Веројатно е револтиран затоа што му е прескапо горивото за излегување во град. Такви протести никогаш нема да ја сменат цената на горивата. Само лесно ќе ги оквалификуваат за партиски и тука ќе заврши се. Доколку сакаме протестите да успеат, во тие протести мора да бидат вклучени транспортните фирми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom