Мирен протест против цената на горивата!

Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Периодов направивме голем чекор напред во нашите спортски активности и остварувања, сега сакам да направиме уште нешто големо, и да направиме уште еден чекор напред кон обединувањето на нашето заедничко мислење.

Секојдневно се соочуваме со поскапување на цената на горивата за пола денар, денар, денар ипол, и така без никакви превземени против мерки стигнавме до цена од скоро 80 денари за литар бензин и 46 ден. плин. А општата економска состојба во оваа држава сеуште тапка во место.

Доколку продолжиме со исто темпо до крајов на годинава ќе имаме цени кои ќе достигнуваат 100 денари по литар гориво, и ќе бидеме принудени да се возиме со веспи за да успееме да заштедиме.

Наша должност е да ги превземеме сите можни мерки против овој црн корумпиран бизнис кој на наш грб масивно се полни со пари и не се ни интересира со општата состојба на народот.

Би сакал сите членови на форумов, кои се свесни за состојбата со цената на горивата да ни помогнат со тоа што ќе земат активно учество и ќе допридонесат кон успешно остварување на овој протест, а веројатно и наредните кои ќе следуваат.

Веќе креирав настан на фејсбук, линк: https://www.facebook.com/events/224795357607279/Па би било добро доколку секој од вас одвои време да земе учество, или да го промовира истиот поканувајќи ги своите пријатели.
Редно време е горивата да станат актуелна тема и интерес на владата на Република Македонија и со тоа конечно да бидат превземени мерки и одредена законска регулатива.

Протестот ќе се одржува на 5ти Февруари и ќе се одвива по примерот на возачите од Полска, со тоа што брзината на возење на 5ти Февруари ќе ја ограничиме на 30 километри на час.

Во меѓувреме оставете го вашето мислење околу истиов настан и вашите предлози за поуспешна промоција и масовно учество !
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Редно беше. Иако немам сопствен автомобил, тоа не значи ништо.Растат продуктитете заради скапото гориво, пред се заради трошоците за транспорт. :cuc:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Го поддржувам настанот. Еве како се протестира:
http://kajgana.com/kako-protestiraat-poljacite-protiv-skapiot-benzin

Највеќе со 30км/ч. возење низ центарот на Скопје. Ова е од договорите во Полска:

„Се собираме на паркинзите ширум Полска. Поаѓаме на пумпите во групи. Земаме гориво за симболичен еден злот (22 евроценти), одиме да платиме, а пред тоа ќе ги ѕирнеме весниците и ќе изедеме сендвич. Потоа се враќање, ставаме повторно гориво за еден злот и се така одново".

Можеме нешто слично на нив :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Работата е шо никого нема да го заболи ако ние протестираме.
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Благодариме за поддршката.
Во секој случај ова е наш заеднички интерес. Сите ги следиме вестите и кога ќе дојде делот каде што известуваат колку поскапуваат горивата веднаш ја чуствуваме онаа туѓа рака како ни влегува во џеб и брцка да извади што ќе најде. Наоѓа едвај ситни пари, а ние ќутиме и чекаме да излезе таа рака за да можеме да пикнеме некој денар повторно. И се така се вртиме во круг и не одиме никаде. Имаш памет, имаш образование, имаш идеја, ама немаш пари за инвестиција.
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 23:00 ---
Работата е шо никого нема да го заболи ако ние протестираме.
Така сите бизнисмени кои стојата зад ова сакат да мислиш. Дека ако протестираш нема да постигнеш ништо! Верувај дека не е така пријателе, затоа што ова работиме во рамките на демократски систем, каде нашето мислење ја гради нашата околина. Но бидејќи многумина од нас се плашат да го кажат своето мислење, нема никаков придонес кон опшеството во кое живееме. Многу е важно сите да гледаат оптимистички кон ваквите настани. Имаме цел за која ќе се бориме се додека не се оствари. Ако не направиме ништо, тогаш 100% сме изгубиле.
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 23:03 ---
Еве прочитајте и ќе ви стане кристално јасно зошто ги трпиме ваквите услови:
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=589E8FB66505D64694EBC01FE198CB22&arc=1
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас ве подржувам. Само освен горивото нека се спомене и струјата, парното и радиодифузната такса на смрт телевизија.
 
М

Мартин`

Гостин
Мислам дека треба малку поголема организација/подготвка за ова, без поголема медиумска покриеност мислам ништо нема да испадне од идејава.
Само преку фејсбук не е доволно, испрати по еден мејл до нашиве медиуми ако има шанси да објават.

Инаку нормално подршка за протестов (y)
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
Можеби нема да направиме ништо, а можеби целосно ќе го смениме принципот за регулирање на цената на горивата. Ако не превзмеме ништо тогаш 100% нема да направиме ништо. Поканете ги сите ваши пријатели, споделете со сите. Јас ќе пратам маил до сите наши медиуми, но пред да го направам тоа потребно е да собереме поголем број учесници за медиумите да ја сфатат сериозноста на овој настан.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
А која е поентата на оваа идеја? Не дека не сакам цената на горивата да биде ниска но барелот на светските берзи е 100 Долари и поќе а Еврото према Доларот 1-1,30. Сакам да кажам, не е до владата што цената е висока. Да, таа може да ублажи на пример со кратејне на даноци итн. но сепак цената ќе биде висока. Во цела Европа цената е висока значи проблемот е глобален, во врска со секаков вид на енергија а не специфичен Македонски проблем.

И не, не ја бранам владата, немам врска со неја но сакав да кажам дека има други фактори кој ја прават цената висока и секако да прашам која е целта на протестот (изразен во денари на пример).
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Работата е шо никого нема да го заболи ако ние протестираме.
-и те како ќе го заболи да се договориме во фебруари?
не возиме коли,не одиме на бензиски,целосен бојкот
ама да издржиме цел месец,околу бензинските без коли
само по сокче и грицки и оро и непуштај пристап па нека
осетат малку.СЕ додека полниме гориво ќе го качуваат.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.058
Поени од реакции
15.027
да земиме велосипеди и да си играме некое предградие на Пекинг.
не гледам поента во креирање настана на fb и сите 'да присуствуваме'. Што ќе постигниш ако појдиш на бензиска и го зезаш батката?
Еве прочитајте и ќе ви стане кристално јасно зошто ги трпиме ваквите услови:
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=589E8FB66505D64694EBC01FE198CB22&arc=1
убиј ме ако најдов врска со протест за енергенс
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
Работата е шо никого нема да го заболи ако ние протестираме.
Абе да протестираме како во Египет, Тунис, Чиле, Бахреин, Јемен, Волстрит, па да видиш дали тогаш нема да го сватат нашиот револт...
 
Член од
23 април 2011
Мислења
135
Поени од реакции
246
да земиме велосипеди и да си играме некое предградие на Пекинг.
не гледам поента во креирање настана на fb и сите 'да присуствуваме'. Што ќе постигниш ако појдиш на бензиска и го зезаш батката?

убиј ме ако најдов врска со протест за енергенс
Со такво размислување ништо нема да постигниш ни во опшествово ни во својот живот.
Многу збориш ама малку кажуваш. Убиј ме ако мислам дека имаш поента и цел во животот.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Кога и каде ама радикално.Со мирен протест ништо ама баш ништо не се постигнува
 

Kajgana Shop

На врв Bottom