- Член од
- 23 април 2011
- Мислења
- 135
- Поени од реакции
- 246
Периодов направивме голем чекор напред во нашите спортски активности и остварувања, сега сакам да направиме уште нешто големо, и да направиме уште еден чекор напред кон обединувањето на нашето заедничко мислење.
Секојдневно се соочуваме со поскапување на цената на горивата за пола денар, денар, денар ипол, и така без никакви превземени против мерки стигнавме до цена од скоро 80 денари за литар бензин и 46 ден. плин. А општата економска состојба во оваа држава сеуште тапка во место.
Доколку продолжиме со исто темпо до крајов на годинава ќе имаме цени кои ќе достигнуваат 100 денари по литар гориво, и ќе бидеме принудени да се возиме со веспи за да успееме да заштедиме.
Наша должност е да ги превземеме сите можни мерки против овој црн корумпиран бизнис кој на наш грб масивно се полни со пари и не се ни интересира со општата состојба на народот.
Би сакал сите членови на форумов, кои се свесни за состојбата со цената на горивата да ни помогнат со тоа што ќе земат активно учество и ќе допридонесат кон успешно остварување на овој протест, а веројатно и наредните кои ќе следуваат.
Веќе креирав настан на фејсбук, линк: https://www.facebook.com/events/224795357607279/Па би било добро доколку секој од вас одвои време да земе учество, или да го промовира истиот поканувајќи ги своите пријатели.
Редно време е горивата да станат актуелна тема и интерес на владата на Република Македонија и со тоа конечно да бидат превземени мерки и одредена законска регулатива.
Протестот ќе се одржува на 5ти Февруари и ќе се одвива по примерот на возачите од Полска, со тоа што брзината на возење на 5ти Февруари ќе ја ограничиме на 30 километри на час.
Во меѓувреме оставете го вашето мислење околу истиов настан и вашите предлози за поуспешна промоција и масовно учество !