Министерот Тодоров ги фати на спиење сестрите и лекарот во штипската болница!

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.259
Поени од реакции
9.035
Нема никакво прашина дигање туку публицитет дигање како што спомна човекот погоре. Што не оди вака да направи на скопските клиники во семејните кланови што од четрс друга се влечат по клиники? Или па што не имаше вакво нешто кога девојчето со куршум заскитан на НГ дремеше за да ја прими некој, Наташа мислам се викаше? Или па имињата кои беа замешани во случајот беа премногу звучни?

Па уште гледам некои и го оправдуваат и величаат келешов, ми се блуе. Селективно работење колку да се залаже народов дека нешто се прави.

И да, пробајте специјализирајте и дежурајте во исто време. Се кладам пола од тука ќе избегаат после два дена а тука се бунат зашо спиел лекарот. Не ми се верува да бил гинеколог овој, специјализант оставен на дежурање. Али пилиштаров па нашол да покажуе сила кај што може, кај што не може оро игра.
Во право си! Освен политички марктинг и задоволување на малограѓанската суета, друго и не видовме.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Незнам колку сте запознаени ....на пример во администрацијата...сега сите се ко наплашени глувци....ако треба и песничка ќе испеат на шалтер...само за да не се пожали некој кај надредените.
Па редно е да почнат да негативните работи од државната работа да се покажуваат, за да сфатат луѓето дека ни државно не е тоа што беше и да почнат да бараат работа.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Малце има одговорни доктори шо седат дома и немаат пријатели за да се пикнат на работа и да ги покажат своите способности
--- надополнето: Nov 17, 2011 3:51 AM ---

Значи прајме муабет за правила на работно место а не кој колку знае......за така можат и дома да си спијат...и дежурство поимот е да седи цела ноќ буден.....иначе ќе беа познати под поимот некако....,,Разбуди го докторот'' или не знам шо
ќе ти реплицирав нешо паметно али глеам везе немаш (а и опозиции спомнуеш) so I won't even bother.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Ако секој доктор има своја соба и кревет во собата, тоа е за да се одмори. Дежурството е 24 саати, некогаш и подолго ако има случај. АКо на 23тиот саат дојде итен случај за операција, собраќајка и слично, не може никој жив да седи буден и концентриран и да среди се како што треба. Ако има можност да се одмори, треба да се одмори.
За сестрите не важи та, бидејќи дежурствата им се 12 саати. За пушењето не можам ни да коментирам колку е гнасно.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.476
Поени од реакции
24.223
сакате вие здравство салам или сакате се со врски и пријатели.
што ако имаат факултет или се доктори. да им се клањаме ???
синдром на бог имаат, мафија се што ??
ај да видам дали така и во приватна клиника ке прават. ке спијат , ке пушат ке се одмараат. таму не можело а ?
тука мала им е платата па затоа не биле толку мотивирани. бреј.
па нека си дадат отказ, ако нив им е мала на други ке им е таман.
после ке се чудиме хигиената на нула, бебињата ги заменуваат како сликички, пациентите како муви им умираат ради негрижа, а тука ке ги оправдуаме , ке ги штитиме како бели мечки да се.загрозен вид. море мајката.
и што ако бил во штип, утре можеби ке помини во скопје или битола. ако поминеше во скопје ке речеа само таму врви, што не помини во некој друг град. стравот лозје чува.
за да се направи омлет , треба да се скрши некое јајце, само проблемот е што во случајот повеќето јајца се сматци. смрдат и треба да се остранат за да не засмрди цел омлет.
нека спашка уште неколку за пример, па да видиме дали другите ке си се опуштаат како досега, како на татка да е болницата па ке прават што сакаат, јас учев факултет и никој не ми може ништо.
таа дипломата само за во вц ке им служи после.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Слепо црево. Само 5-6 сати беа поминати од операцијата и ми беше страв да станвам.
Јас се оперирав во градска пред едно 15 години, ама мене ми помогнаа да станам. Визитата ми рече дека сум морал да се движам, па иако свиткан ко кифла, ме кренаа и ми помогнаа да се прошетам низ собата. Зошто е тоа така не знам.

..додека лежев во болница,велерта 1 саат се утепав викајки по сестрата,да ми даде инекција против болки,она дојде дури у 6 сабајлето.
Е истото и мене ми се деси, само што после операцијата тие ми рекоа да ми стават инекција, а јас не сакав, оти изгледа уште делуваше анестезијата, па не осеќав болка. После 3 саата почнав да викам ко луд. Откако ги испоразбудив сите во собата, едно дете отиде и ја викна сестрата која дежураше заспана и не успеа да ја разбуди ни моето викање. Ми стави некоја инекција од 3мг, а сабајле гледам на картонот пишала 5мг.
Којзнае што ми имаше ставено, чим поспана пишала 5мг.

Инаку на темата, дали смее да спие дежурен доктор или не незнам, ама знам за контролорите на лет. Тие смеат и принудени се да одмараат, меѓутоа секогаш имаат замена. Еден кога одмара, друг работи и обратно. Така што никогаш не е оставена контролата сама на себе, а не ни смее оти може да испадне некој принудно да мора да слета на аеродромот.

Ова од друга страна е слично со дежурство на доктор. Што правиме кога случајно ќе дојде некој застрелан или од сообраќајка, додека се расони докторот пациентот отиде...

Не ми е логично да им е дозволено да спијат на дежурство. Едноставно не ми е.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.911
Поени од реакции
11.671
Доста не умираа, редно време е да почнат да работат или марш на улица.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Министерот Тодоров ги фати на спиење сестрите и лекарот во штипската болница!

Опуштеност до невидени рамки, две медицински сестри се казнети, а шест се прераспределени – реагираше министерот откако ги фати дежурниот лекар на штипскиот клинички центар и сестрите како спијат.

Разбуди се докторе од зимскиот сон - министерот Тодоров во доцните вечерни часови ги будеше лекарите. Министерот не го фаќало сон, со отворени очи решил да види како лекарите ги лекуваат болните во штипската клиничка болница за време на ноќните дежурства, ги затекнал како спијат и сестрите и дежурниот лекар. Имате жена за породување,време е да станете, на работа не се спие – го искара или тивко го разбуди Тодоров заспаниот гинеколог.

Опуштеност до невидени рамки, две медицински сестри се казнети, а шест се прераспределени – реагираше министерот.

Тодоров ги казни дежурните спијачи ,покрај заспаните затекнал и медицински сестри како пушат цигари во простори каде е строго забранет. Непријатната глетка го разлути министерот,револтиран веднаш одлучил да ги казни вработените.Но ова не е прв пат, како што дознаваме Тодоров ги проверувал вработените на дежурство и на скопска хирургија. Министерот не застанува тука,без најава ќе ги посетува скопските клиники кои од вработените си оди од работа пред да заврши работното време. Лекарската фела на штрек, младиот министер работи ноќе и дење,преполн со енергија цврсто е решен да воведе ред и дисциплина во здравствениот сектор.

Конечно се најде некој барем малку од малку да воведе ред
Ги фатил на спиење и дежурниот доктор и сестрите, ама само сестрите добиле казна?Интересно...
А и казниве некако им се минимални.
А за тие шо викаа дека нормално било лекарите да спијат за време на дежурство нека се замислат во ситуација да се итен случај во 4 сабајле, а дежурната екипа да ги предадат на другата смена во 8.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ја мислам ништо нека не прави ни да шета ни да оди ни ништо.Нека си остави се така нека спијат,нека се сликаат со болни пациенти а нас нека ни смета тоа.
Некој земал да среди нешто пробува ред да доведе, ваков бил таков бил ради публицитет било гвујо е крив се нечини.Подобро Димов нека дојде барем ќе го гледаме како купува на швалерките огрлици.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Ako smeat doktori,sestri da spijat na dezurstvo,togas i brza pomos treba da ima pauza za rucek.
Daj ne zezajte,niv toa im e rabotno vreme,treba da se budni i celosno pri svest. Za vreme na toa nivno dezurstvo moze da donesat pacient so sekakvi,bolki,povredi,sto sekoja zagubena sekunda bi mozela da znaci i gubenje na negoviot zivot.
 
I

Iblis

Гостин
А за тие шо викаа дека нормално било лекарите да спијат за време на дежурство нека се замислат во ситуација да се итен случај во 4 сабајле, а дежурната екипа да ги предадат на другата смена во 8.
Не ми е логично да им е дозволено да спијат на дежурство. Едноставно не ми е.
Нормална и вообичаена пракса е да спијат на држурство докторите кога немаат активен пациент, понекогаш дежурствата им траат и помеѓу 24 и 36 саати, расонувањето е лесно трае до 5 минути и скоро секогаш има повеќе (бар двајца) лекари кои се дежурни(ретко кога на исто одделение,ама и не прави разлика многу тоа ) и истите се менуваат.Со тоа секогаш има буден лекар во болницата.
За пример:
Замислете од една страна анестезиолог кој не спиел 35 саати да биде викнат на итна операција и од друга страна ист таков доктор кој има отспиено пар саати(макар и да е нерасонет). Што би одбрале?
--- надополнето: Nov 17, 2011 12:35 PM ---
Ako smeat doktori,sestri da spijat na dezurstvo,togas i brza pomos treba da ima pauza za rucek.
Daj ne zezajte,niv toa im e rabotno vreme,treba da se budni i celosno pri svest. Za vreme na toa nivno dezurstvo moze da donesat pacient so sekakvi,bolki,povredi,sto sekoja zagubena sekunda bi mozela da znaci i gubenje na negoviot zivot.
Порочитај погоре што имам напишано и воочи ја контрадикцијата, сепак и тоа се луѓе и се ограничени од човечките способности и неспособности.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Од една страна сите барате професионален и квалитетен кадар, а од друга ги браните што спиеле.. неможам да сватам..ондак и ноќен чувар може да спие кога нема крадци што к*р
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.885
Поени од реакции
12.420
Директни преноси од сечење лента при менување сијалица на семафор, снимка од инспекција на министерот при контрола на чучавците...

Која е улогата на Министерот и Владата и прашање е зошто повикал екипи новинари и сниматели...? Мислам дека нема што да понудат кон подобро па со вакви потези пробуваат нешто...ветер.
Проблем е што министрите или директорите на државните установи се занимаваат со работи за кои не се ни стручни ни пак им е работа...но во ваква држава се е можно.

Следно очекувам министерот за локална од кровот на противпожарна персонално да го надгледува собирањето на лисјата, министерот за труд лично да ги лови непријавените по пиљарите...
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Нормална и вообичаена пракса е да спијат на држурство докторите кога немаат активен пациент, понекогаш дежурствата им траат и помеѓу 24 и 36 саати, расонувањето е лесно трае до 5 минути и скоро секогаш има повеќе (бар двајца) лекари кои се дежурни(ретко кога на исто одделение,ама и не прави разлика многу тоа ) и истите се менуваат.Со тоа секогаш има буден лекар во болницата.
За пример:
Замислете од една страна анестезиолог кој не спиел 35 саати да биде викнат на итна операција и од друга страна ист таков доктор кој има отспиено пар саати(макар и да е нерасонет). Што би одбрале?
Доколку има двајца лекари во исто време дежурни, пеки. Прифатливо е едниот да спие додека другиот е буден, ама да е сам тие 5 минути што ги збориш живот значат, не зезај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom