Министерот Тодоров ги фати на спиење сестрите и лекарот во штипската болница!

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
А се ова ми личи ко измислена прикаска за на телевизија. Ради малку публицитет као еве работиме ги фативме живи....
А, па обично актерите ги плаќаат, овие ги казнија...
иако според мене, мала им е казната, и треба уште мнооооогу работа за да дојдеме до статус ,,прифатливо,,.
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Откако внимателно ги прочитав вашите мислења, можам да заклучам генерално, дека не ја разбирате (целосната) важност на јавното здравство.
Можам до тој екстрем да одам што ќе речам дека Советскиот Сојуз ги држеше во страв капиталистичките земји, цели 70 години, (меѓу другото) поради бесплатното здравство. Но, бесплатното здравство во права смисла на зборот - за СИТЕ граѓани, во СИТЕ клиники, на ЦЕЛАТА територија на С.С. (извор: Устав С.С, 1977-А.42)
(слично и Куба)
Да не дојде момент кога ќе ви притребаат доктори, па да ви останат само албанските што имаат диплома од сомнителни универзитети или кадар од трет ред, па тогаш да имаме проблем. Дека, ние (средната и ниската класа) имаме проблем со здравството. За останатите веќе има приватни клиники.
Им даваат минијатурни плати, со кои, навистина не знам како ќе преживее човек и уште со камери, документирано издејствуваа казни и.. на граѓаните тоа им се допаѓа ?
Навистина не можам да разберам.

Да поедноставам: ги доведуваш во состојба да не можат да издржат, а кога ќе дојде да не можат да издржат (а знаеш дека ќе дојде) покажуваш колку си строг и силен.
Зошто не им дадеш високи плати, како што доликува; зошто не се средат болниците (како и кадарно, така и апаратурно) ? Едноставно, дај им подобри услови; не само подобри, дај им скоро совршени услови, тие се ДОКТОРИ, исклучително важен дел од општеството !
Подоцна и само подоцна, доколку не се придржуваат до правилата (а нема да има такви), тогаш воведувај режим и контрола. А не обратно. Друго.. во кое својство тој оценува за работата на докторите? Оценувањето оди скалесто, т.е. само тие над тебе можат да те оценат (правилно).
Тој исто така си играше и со образованието, го уништија (т.е. се обидуваат) и тоа што го имаме, преку вирусот Bologna, сега и во здравството нешто слично.. што е следно ?

Огромно *НЕ* за ова од мене.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
^Ова.

Здравството и образованието станаа најмизерни а се најбитни гранки. Професори и доктори зимаат помалце плата од возачи, срамота. Па уште и казни пошо спиеле на дежурство :tapp: А они со фондот што си играат курот и што нема доволно опрема и набавуваат од пичке си материне кој да ги разбуди.

А и незнам што е со генерално игнорантното мислење дека докторот е некој надчовек па не смее да згреши, па ти стои тебе таму на располагање за све, па ја праев операција пред една недела на прстот на раката кај можам сеа да стануем да мочам. Па бабати со триста операции умрела на 90 години, ти ибам докторот.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
^ До некаде и се согласувам со вас двајцата, доктори треба повеќе плата да земаат, ако веќе земале помалку од шофер ...Ама да дреми на работно време , секако дека следи казна-санкција....
Тоа што ги проверил добро било , казна си е казна,мора да ги почитува правилата на РАБОТНО ВРЕМЕ НЕ СЕ СПИЈА,дома нека си легни нека отспија.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.684
Поени од реакции
7.353
Ноќниот витез-Никола Тодоров :pos:
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Лекарската фела на штрек, младиот министер работи ноќе и дење, преполн со енергија цврсто е решен да воведе ред и дисциплина во здравствениот сектор...
Ова ко извадено од некој стрип или филм со суперхерој. :cool:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.222
Се незаменливи. Од каде ќе донесеш лекари, од Индија?
така ти си мислиш, никој не е незаменил.
и да ако треба и од индија ако си ја работат работата за која се платени. ако се доволнои добри за по белиот свет, за тука супер ке бидат. но не е поентата да се инаетиме. треба да ги жалиме дека ги казнија, дека спијат на работа , неодговорни се, си тераат приватни бизниси, за пациентот ако не им даде под рака уво не ги боли. со чесни исклучоци, тоа на доктор ви личи. да ти ќари на маката.
не му било на министерот тоа работа, а што му е ако не болницата.
џабе се сите реформи, закони и незнам што , ако таму каде што треба не се спроведуваат.
а и главен е , треба од некој да побара дозвола за да оди во контрола за да види ресорот како му работи.
се сеќавате за лековите пред некоја година друг министер кога беше. оди жената бара лек од позитивна листа, аптекарката вели нема, одма после министерот врви оп имало. на врата се опчекаја. и не требало конторла,море како си имаат залежано
секој ден треба над глава да им седи за да се фатат за работа.
и за крај ако не им чини , сметаат дека им се мали платите или незнам таму јас што, никој со сила не ги тера. затоа и отказ постои.
некој рече шоферите повеќе плата земаат, па нека земат и нека возат ако сметаат дека повеќе им се исплаќа, па нека пробаат да заспијат на волан. барем за шофер факултет не треба, само ц и е.
а не вака ни те љубим, ни те другом дајем.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.222
море стварно не им иди умот еј. ццццц
и ете што се жалевте и во скопје направија контрола онака апансас.
хаос жив. абе тука треба глави да летаат, не им иди умот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.489
Поени од реакции
18.517
Ова почнува да ми се бендисува, ако ништо друго има барем има акција... како реалити шоу.
 
G

galaxy

Гостин
Ама нинакви мерки не се преземаат. За џабе шета по болници. Само за сликање и за пополнување на вестите.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.222
Ама нинакви мерки не се преземаат. За џабе шета по болници. Само за сликање и за пополнување на вестите.
а бе и јас што го гледам будала се труди нешто. абе седиси таму во кабинетот и ич кур да не ти чуе. секако пак ке биди крив.
кај сме учени ние на подобро, вака треба за нас.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
а бе и јас што го гледам будала се труди нешто. абе седиси таму во кабинетот и ич кур да не ти чуе. секако пак ке биди крив.
кај сме учени ние на подобро, вака треба за нас.
Така треба за нас, т.е за вас, кои се палите на нашминкана пропаганда, одел по болници, не седел у кабинет, да оди, 15 минути на камера, после којзнае каде оди цел ден, важно не е на работа тој ден.

Како не работи нас( народот ) ПР тимот на владата, беспрекорно, многу години по ред и уште многу години ќе продолжи.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: H8R
G

galaxy

Гостин
а бе и јас што го гледам будала се труди нешто. абе седиси таму во кабинетот и ич кур да не ти чуе. секако пак ке биди крив.
кај сме учени ние на подобро, вака треба за нас.
Ако му е целта да добие информации за работата на лекарите, не е воопшто тајна, сите знаат како е.
Ако му е целта да влее страв кај лекарите, има други начини, и на овој начин не му успева.
Ако целта му е разговор со лекарите, има други начини отколку да прави „тајни“ инслекции со 10 камери.
Ако му е целта рекламирање, успева, со целата свита камери кои ги влече по него.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.475
Поени од реакции
24.222
Така треба за нас, т.е за вас, кои се палите на нашминкана пропаганда, одел по болници, не седел у кабинет, да оди, 15 минути на камера, после којзнае каде оди цел ден, важно не е на работа тој ден.

Како не работи нас( народот ) ПР тимот на владата, беспрекорно, многу години по ред и уште многу години ќе продолжи.
на ова незнам што да ти искоментирам освем господ да чува и да брани.
народот рекол на човек сосила можеш да му земеш само, да му дадеш неможиш, дајму ке го фрли.
ако седел оти седел во кабинет, ако одел по болници оти одел а не работел. ако казнува оти казнува, ако не казнува оти не казнува.
ако се појави на тв одма ете пропагнада, ако го нема видиго се крија како пичка.
не ке да е до министерот проблемот, си имате некоја друга мака вие. до 12 часот сами се мразите, после 12 и сами и сите други ги мразите :facepalm:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
на ова незнам што да ти искоментирам освем господ да чува и да брани.
народот рекол на човек сосила можеш да му земеш само, да му дадеш неможиш, дајму ке го фрли.
ако седел оти седел во кабинет, ако одел по болници оти одел а не работел. ако казнува оти казнува, ако не казнува оти не казнува.
ако се појави на тв одма ете пропагнада, ако го нема видиго се крија како пичка.
не ке да е до министерот проблемот, си имате некоја друга мака вие. до 12 часот сами се мразите, после 12 и сами и сите други ги мразите :facepalm:
Така е, до нас е, а кој тоа НИЕ; оти јас пак за ВАС можам исто така многу епитети да кажам. Ако, верувајте вие дека иновативниот министер се ќе среди, многу ги плаши директорите, којзнае позади камери каков муабет си прават.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom