за се си во право освен за болдираното... нивите нема да останат празни.. ке се сади нешто друго... нешто што ке се бара... и нема 100.000 да останат без работа... нивата не му бега, мотиката му е зад врата... што и да буцнеш ке никне...
Во право сум и ќе ти кажам зошто. Никоја култура не е доходовна како тутунот. За едно 4 члено семејство се да се ангажира се доволни 5 декари или пола хектар МАКСИМУМ. За да посееш жито и да ги извадиш истите пари ти требаат 5 хектари и обавезно трактор и механизација. Од тутун живее пола Прилеп. За градот зборувам не селата. Вршени се испитувања на климатските и почвените услови и за жал се докажало дека никоја култура не е доходовна како тутунот. Покрај тоа за него не мора да поседуваш друга механизација освен мотика, трошоците се минимални, и најчесто се користат нивите околу градот кои се блиску 2-3 километри. Додека во пелагониските села се застапени пиперките, тутунот и житото. Било кои други површини да се зголемат, ќе се создадатр вишоци кои неможат да се продадат. Можеби канабис, хахаха или пак сусам. Ама за првиот се лежи во затвор а вториот многу тешко се нижи.
И сите вие шо немате појма од земјоделство не му ја тупете многу и не си праете бајрам со умот. Тутунот не го контаминира земјиштето. Во овоштарниците и лозјата е далеку поконтаминирано, тие се прскаат со пестициди и 300 хемикалии 20 пати годишно. Тутунот се прска еднаш до два пати и тоа само ако се разболи или ако го фатат вошки. Зеленчукот се прска исто повеќе пати.
Можи да субституираш тутун со жито и без да оставаш угар, ама од декар тутун вадиш 1000 евра а од декар пченица 30 евра.
--- надополнето ---
Во јорданска пустиња прават градини од камен почва буквално ја претвораат во градината на Еден , па една почва каде се раснело тутун со години нема да може да среди во Македонија каде имаме бајаги плодна земја.
За се си има чаре, со треви разни се врши ревитализација и се гради квалитетна почва за да во рок од неколку години имаш буквално ХУМУС.
Гледај
И Израл е во пустина и извезува храна. Ама ние сме Македонија. А башка таму има многу поволна клима, само вода недостасува. Во Пелагонија климата е најлоша. Во зима е -20 во лето +40. Па не успева овошје и рано градинарство.