Министерот Димовски се сретна со тутунарите, остануваат најавите за протести.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Алооооооооо влада чита некој овде, кур чита. Педесет дена поминаа, луѓе што ги познавам пари од предадениот тутун немаат земено....
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Алооооооооо влада чита некој овде, кур чита. Педесет дена поминаа, луѓе што ги познавам пари од предадениот тутун немаат земено....
Денес имаше едно соопштение од социјала.Достоинство протестира оти каснеле со парите на воените инвалиди,27 дена и као слушнале дека нема ни да има месецов.И наеднаш соопштение од Социјала:Ноторна лага и тотална невистина дека нема пари за воените инвалиди. Парите ќе бидат пуштени за два дена :pos:
 
T

Tetro

Гостин
Заврши откупот на тутун во струмичко
Струмица, 15. март 2011 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива

Заврши откупот на тутунот од ланската реколта во струмичкиот регион, иако законскиот откупен рок истекува за четири дена.



Според првичните информации, просечната откупна цена достигна до 150, а во одделни откупни организации и до 180 денари за килограм тутун.

- По незадоволството на тутунарите на стартот од откупната сезона, пред се, поради нереалната проценка и класирање на родот од страна на откупните организации, и по интервенциите на Владата, на Министерството за земјоделствово, шумарство и водостопанство и на надлежните инспекции, откупот на тутунот во Струмичко во текот на овој и претходниот месец се одвиваше регуларно и без никакви проблеми. Како резултат на засилените инспекциски контроли, беше воспоставен ред во откупот и тутунарите го предаваа својот род според однапред утврден распоред, изјави Станчо Андонов од Здружението „Јака“ во Струмица.

Се проценува дека минатогодишната реколта на тутунот изнесува над три милиони килограми, или за 15 проценти повеќе за разлика од претходната сезона.

Во струмичкиот регион откуп вршеа „Струмица табак“,„Сокотаб“ од Битола и „Галија табак“ од Делчево.(Крај)


http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=9D4F26E07DB7C64082F771F3D50B0B52
 
T

Tetro

Гостин
Откупните пунктови затворени

четврток, 17 март 2011, 19:18


Откупните пунктови во Прилепско беа затворени и покрај најавите дека денеска земјоделците ќе можат да го предаваат тутунот. Со солзи во очи (видео) раскажуваат и покрај постигнатиот договор 3 тона тутун им останал неоткупен.

Наспроти поплаките од земјоделците, првите луѓе на сојузот на тутунари тврдат дека сите откупни пунктови биле отворни, а откупот течел нормално. До нив не стигнале жалби за недоследности за штета на земјоделците.

Муса Ибраимоски, член на сојузот на претседатели на тутунарски здруженија
Министерот за земјоделство Димовски тврди дека тутунот ќе се откупува се додека не се предаде целата преостаната количина во земјава. 340 тони тутун во амбарите стои како неоткупен.

===============================

Тутунарите од Долнени се жалат зашто, како што тврдат, трпат големи штети поради ниските откупни цени и доцниот откуп со многу мала динамика.
Тутунот велат калира, мувлосува, се суши, а нивните загуби се зголемуваат.

„Проблемот е прво со ниска откупна цена. Во однос на лани сигурно најмалку по едно евро од килограм помалку зедовме. Пример јас лани го
Проблемот е прво со ниска откупна цена. Во однос на лани сигурно најмалку по едно евро од килограм помалку зедовме. Пример јас лани го дадов се кец, тоа беше 208 денари.


дадов се кец, тоа беше 208 денари. Годинава 120 денари, 80 помалку од лани. Откупот лани беше пред Нова година. Имавме пример 800 бали тутун, имав над 3.000 килограми, годинава исто толку балиња ако имам, немам 2.500 килограми, значи калира, се исуши. Е, сега друго е прашање што се мувлосува“, објаснува броејќи ги штетите Исмаил Џанковиќ од долненското село Житоше.

И Хакија Идризовиќ од Локвени се соочува со истата мака. Вели штетите се бројат во илјади евра, зашто откупувачите вршеле откуп со многу мала динамика од едвај 2 до 3 тона дневно, што значи откуп на тутунот од само еден производител дневно.

„Виновна е Владата, ние сме должни да го изработиме, а тие се должни да го откупат и да ни најдат купувач“, вели Идризовиќ.

Револтиран на годинешната откупна кампања е и неговиот соселанец Рифат Лакота.


Архивска фотографија

„Те уценуваат со цена, со класа, катастрофа. Јас имам 60 години. Досега не памтам ваков откуп на тутунот да бил како годинава. Дојде време да се сади тутунот, уште овој не е предаден. Што да му се прави на овој тутун, тој е готов. Не, не да не прашува човек, ниту може да кажам, ѓубриво, едно, друго... нема штетата е голема“, вели Лакота.

Во Независниот синдикат на земјоделците ја обвинуваат Владата дека манипулира со откупните фирми.

„Овие договори кои што ги имаме ние како производители на тутун е класична манипулација и договор со Владата. Значи тие договараат една работа, а ние за овој договор за кој што би можеле да поддаме тужба за да ни се исплати тутунот и отштетата да ни се исплати, ние немаме пари за да
Овие договори кои што ги имаме ние како производители на тутун е класична манипулација и договор со Владата. Значи тие договараат една работа, а ние за овој договор за кој што би можеле да поддаме тужба за да ни се исплати тутунот и отштетата да ни се исплати.


платиме на судовите“, вели Ристе Бањеглав, претседател на Иницијативниот одбор на Независниот синдикат на земјоделци и сточари на Македонија.

Поради сите овие проблеми на тутунарите, Независниот синдикат бара да добијат гаранции за исплата на премија за секој килограм тутун без оглед дали е предаден пред или по истекот на законскиот рок.


Протести на тутунарите пред Собранието на 18 јануари 2011

„Бараме средба со министерот да ни каже дали ќе има едно евро субвенција за сите тутунари и за овие што сега треба да го предадат тутунот. Нема да се потпишуваат никакви договори, со ниту едно откупно претпријатие се додека не не викне на маса, нас Независниот синдикат и сите отупни претпријатија, да се крене цената на тутунот. Оти гледаме дека до кај дојде нафтата, до кај дојде скапијата. Ние бараме да се укинат, да бидат само 4 класи“, вели Моника Велеска од Независниот синдикат, во кој што членуваат над 25.000 земјоделци од сите градови во државата.

Инаку, ланската реколта беше тешка околу 25.000 тони. Прв пат годинава се случи по завршување на законскиот рок за откуп 15-ти март да не биде преземена целата реколта. Владата одлучи затоа да го пролонгира рокот додека не се преземат и последните килограми тутун.

http://www.time.mk/read/09ffe8369f/4d5cac829d/index.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom