Западните генерали предупредуваат: вооружете се и подгответе се за борба
Генералот Андре Блатман, началник на Вооружените сили на Швајцарија, тврди дека
Европа е само на чекор од граѓанска војна, пренесува „Јуроп њуз“. Блатман дури и ги советува своите земјаци
да се вооружаат иако се проценува дека 8 милиони луѓе во Швајцарија веќе поседуваат 2,3 до 4,5 милиони парчиња оружје. Есента 2015 година, Швајцарија одржа вежби под името „Kонекс 15“, чие сценарио претпоставуваше распаѓање на еврозоната и на земјите што се граничат со Швајцарија.
И актуелниот командант на шведската војска, генерал Андерс Бранстром, изјави дека „за неколку години“
може да се очекува во Европа да избие војна - против добро обучени противници. У последните неколку месеци, неколику стотини војници во Данска добиле посебна обука во случај на војна со мигрантите. На почетокот од месецов, пак, командантот на норвешката војска, Один Јоханесен, предупреди во Осло дека Европа мора да биде спремна да се бори за своите вредности.
- Европа веќе не може да очекува да живее во мир и безбедност без потреба да ги брани своите интереси и вредности - посочи Јоханесен.
Застапниците на теоријата дека ЕУ држи с` под контрола може да бидат шокирани кога ќе го прочитаат
извештајот на Европскиот парламент во кој се наведува дека јавноста треба да биде известена за „опасноста од терористички напад, употреба на хемиски, биолошки, радиолошки, и дури и нуклеарен материјал“. Потврдено е дека Исламска држава регрутира хемичари, физичари и компјутерски експерти за во ЕУ да користи оружје за масовно уништување. Според Волфганг Рудишхаузер, директор на Центарот на НАТО за оружје за масовно уништување, ИД има знаења за создавање оружја за масовно уништење и дека тие доаѓаат од сериозни експерти.
Британски „Скај њуз“ успеал да набави снимки што го потврдуваат ова. ИД веќе поседува ракети способни за соборување комерцијални авион и самоодни возила што може да се користат во нападите. Имаат кукли во човечка форма што го спречуваат кој било електронски уред да процени дали е возачот на автомобилот со експлозив зашто куклата со термостат се загрева до температура на телото. ИД, исто така, знае како да ги претвори офанзивните бомби во ракети земја-воздух. Таквата ракета би можела да собори комерцијален авион со ефикасност од 99 отсто. Друг сериозен удар на заговорниците на теоријата дека е ЕУ безбедно место за живот е сторијата на норвешки „Дагбладет“ за две терористички ќелии на ИД специјално обучени да вршат напади во Европа. Членовите на првата ќелија, која наводно брои 300 луѓе, веќе стигнале во Европа и им е речено да одат во илегала. Оваа група терористи е обучена за два вида напади, а во извештајот на Европол се вели дека тие напади ќе бидат првенствено насочени на „меки мети“, т.е. ранливи инсталации и цивили.
Дури и ако службите за безбедност успешно се инфилтрираат во исламската заедница, заканата не мора да доаѓа однадвор зашто во Германија, на пример, дејствуваат салафисти кои се обидуваат да ги регрутираат бегалците. Според пишувањата на „Билд“, за следење на еден германски џихадист 24 часа дневно се потребни најмалку 60 полицајци. Овој проблем добро го опиша Удо Улфкот, поранешен главен уредник на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, по посетата на германскиот граничен град Пасау и на австриско-словенечката граница во близина Грац.
-
На двата гранични премина слободно се пренесува оружје кон Германија и деца наменети за злоупотреби. Ова не ми го
кажаа теоретичари на заговори, туку
припадници на владините служби за безбедност на самото место. Разговарав со политичарите, градоначалниците и со претставници на безбедносните служби во областите околу чешката граница, на границата на Австрија и Германија и во близина на границата на Австрија и Словенија.
Бегалците шверцуваат оружје и дрога. Ова им е јасно на сите органи за безбедност по трасата на мигрантското цунами, но никој не се дрзнува да врши инспекција меѓу мигрантите зашто политичарите би го сметале тоа за провокација со несогледливи последици - напиша Улфкот.
Во една од своите брошури, Исламската држава наведува дека нејзините припадници кои живеат на Запад треба да се претопат во масата, а кога ќе извршат терористички напади, треба да заминат на фронт или да го завршат животот во самоубиствен напад, на тој начин минимизирајќи го ризикот од протекување информации. Во светло на новите информации за планирани терористички напади во Европа, граѓаните на Западна Европа ќе мора постепено да се навикнат на живот со ризик од ненадејна смрт во терористички напад - нешто што стана вообичаено на Блискиот Исток.
Внатрешна дестабилизација
Покрај јасните знаци за надворешна дестабилизација на ЕУ, постои и внатрешна дестабилизација и с` поинтензивна поларизација на општествените групи. На пример, француската полиција проценува дека лани, бројот на антисемитски напади во Франција се зголемил за 85 отсто во однос на 2014 година. Тука се и борбите меѓу анархистите и ПЕГИДА во Германија. Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Ралф Јегер, нагласува дека екстремните десничарски групи не жалат труд да ги освојат гласовите на пристојните граѓани кои се загрижени за развојот на ситуацијата во Германија, а се чини дека во тоа се с` поуспешни.
Предупредување од Европол
Директорот на Европол, Роб Вејнрајт, предупреди завчера дека може да се очекуваат големи терористички напади на ИД во Европа.
- Се очекува ИД или другите верски терористички групи да изведат напад некаде во Европа, а цел ќе бидат големи групи цивили - изјавил Вејнрајт за швајцарски „Ноје цирхер цајтунг“.
Според неговите зборови, Европа во моментот се соочува со најголемата терористичка закана во последните 10 години. Вејнрајт додаде дека нападите нена да ги изведуваат само групи, туку и терористи-поединци.